Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
последен збор
Време е на оваа тема да го дадеме последниот збор.Секој да се искаже и да ја закључиме. Јас пак ќе ќажам,незнам кој го ова измисли,и мислам во најмалку за тоа не сме ние виновни или причинители.Никогаш за мене,а тоа и Пумата и други го кажаа: Дебар,Кратово,Берово и др.не биле провинција.Јас до земјотресот ни на накрај памет не ми паднало,да прашам некого од каде е,па ни во препополниот воз кога не носеше далеку од овој град.Потоа нити сум го употребил тој израз,ниту сум чул од некого да го каже.Вие отсекогаш сте биле за нас од таму,од каде сте. Но ова сега е нешто ново,
сега ова ќе го правиме „Метропола“ се другото е нешто друго а не е така.
Секое место си има име и си е за себе центар,а тоа што некој места останаа празни е крива миграцијата и потребата за подобар живот.
Отидете на „капија“ на некоја мала фабрика и побарајте некој работник:
-ми треба провинцијалецот.(нема ништо да добиете)(ќе ве прашат од каде)Прашајте:викно го Галичанчето,Башиноселецот,Кратовчанецот и слично и ќе го добиете и без име да кажувате,ако се двајца и двајцата ќе ги викнат.
Значи не сте провинцијалци,туку:Беровчани,Стружани,Паланчани и сл.

Има нешто друго што не го спомна никој,а очекував, има и еден друг термин-назив за места што се во околина на некое место и се вика периферија.
Значи ПЕРИФЕРИЈА има и Скопје и Кратово и Башино село.
За Скопје тоа би било: Ѓорче-Сарај-Волково, од западната страна,
или Стајковци,- Смилковци -Радишани од севернета страна
а од источната: Трубарево,Илинден па и Арачиново до некаде.
Во Башино село на периферија се: отпадите,сервисите и бензинската.

последен збор
Нема провинцијалци ( еве и во Скопје ако сакате)
туку:Прилепчани,Паланчани ,Велешани и т,н, и тоа 75%
Како што и во Велес не се сите велешани.Има од Сопот,Слп,Согле и др.
но по однесувањето можеби има луѓе кој сосем заслужено и заслужуват
и друг назив и тука сме едномисленици, сите и во право.
 
F

fantomX

Гостин
Машала темава, се развива побрзо и од самото Скопје.

Што сме сакале ние, Скопје економски да пропаѓа за Битола да имала жители? - највпечатлив коментар беше тоа за мене. Баш така, Скопје можел да пропаѓа економски. :pos:

За Прилеп тврдам, а не би ме чудело и за Битола, дека е во топ 5 па и топ 3 општини во државава со најмал природен прираст и со најмногу исселени луѓе. Немам побарано дали Статистика води таква евиденција, немам ни време сега да барам, ама во теков на летово ќе биди и тоа.

Република Скопје (Македонија).
Со блага тенденција накај Република Скопје (Дијаспора).
После комшиите јужни ни биле криви.

Јебига, таков систем, ако е некаков систем ова воопшто.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Дента кога прв пат стапнав во Скопје.
„татко ми рече да го причекам тука додека се врати.Чекам јас и гледам се наоколу.Се џарам се сакам да видам.Куќи,куќи,што да ви расправам,онакви
големи како што ми кажуваа в село. Вниманието ми го привлече еден подгрбавен човек,облечен со бела блуза и потпашан со бела скутина,што тераше количка и викаше:„ Ајде сладолед,.........купете сладолед,.......................Ладна ледена боза,....Ладна лимонада, се за нешто ладно вика,а надвор горештина,припек и спарина.А народ како мравки,како во кошаре од пчели врие.
Во сета врева како само неговиот глас да се слушаше. Почнаа луѓето да му приоѓаат,а тој нешто понатаму од мене застанат,точи ли точи,де од едната страна на количката де од другата,ладни пијалаци за луѓето.
Му приоѓаат деца како мене му бараат сладолед.Тој отвара еден капак и од некаков всаден во количката сад,заваќа со некаква лајца,жолтеникава и црвеникава млечна смеса и ја става во некакви вишеци со слична боја и им подава на децата.
Тие ,кое стопаре,кое динар чинеа дај му на сладоледџијата,земи ја тутурутката и лакомо почни смесата од садот да ја лижат,и да се насладуваат.Го гледам јас се ова и се исчудувам: мајката што сладитија моше да биде она што толку детиштана ненаситно го лапаат,ова треба да е поубаво од тие пусти чоколади што не стасав да ги видам и пробам.
...Додека така се исчудувам и гледам татко ми навраќа,колку да ми се јави, Оти пак ќе одел за кратко до некаде.
„ Тате ,му велам,дај ми сто паре, сакам да купам сладолед“.
Татко ми без збор ваѓа полдинар,ми го дава и заминува.
Кога немаше никој крај количката му се допирам на сладоледџијата,му го давам парето и побарувам да ми даде од тоа што децата лижеа.Чичкото зема една помала тутурка и ми ја наполни ко стог тутурката со жолтеникава смеса.Јас го земам сладоледот,застанувам пред количката за да може сладоледџијата убаво да го назира моето присаство,за да не помисли дека сум од оние изопачени деца што знаат добрината со пакост да ја вратат.И почнувам претпазливо од околу да гп лижам сладоледот.Го лижам и се сладам на сладотијата негова,ем благо ем ладно во садот. Терам внимателно со лижењето одозгора кон удоле,бавно.Стасувам до работ на тутурката и надоле ко саќе сакам да го исцедам медот.Меѓутоа не може се.Под прстите сеќавам почна да се расквасува и смекнува фишечето,дека со негова цврстина не е се во ред. Уште некое време терам така,но работата гледам нечини:тутурката почна сосема да се смекнува.Не занам што да правам,садчето му го расипав на човекот.Да му го вратам вака расипано не оди,да го држам натака-не оди,Почна да течи одоздола.Чичкото ја сети мојата невоља.
И за да ме потикне ми вели:
„Дете јади побрзо не ли гледаш ти капе“
Јас да јадам,дојадов,нема што да се јаде.Јанза ме јаде.Глеј.Голема беља
сторив-садчето на човекот му го расипав?Што да правам се изначудувам
како да излезам од бељата.Да го вратам вака расипано,не е чесно,не оди.Да го надоместам оштетувањето немам пари.Да бегам ќе ме фатат.
Пишман сум воопшто што го молев татко ми да ме однеси во Скопје и што побарав да купам сладолед.Ме јадосува мојата невнимателност,како
не загледав преѓеска што правеа детиштата со тутурките.Тие брзо лижеа
и секако здрави ги враќаа,а јас бавно-серко ќе се насладувам.Се ѕверам
да не иде татко ми од бељата да ме извади.Го нема.! Среќа,ете ти неколку деца трчаат кон количката бараат сладолед.Чичкото им ги зема паричките и се поднаведнува да им црпе од сладоледот од садот. Јас полека се подиставам од неговиот поглед и наназад- оп зад него.Си велам,сега или никогаш бегај,до каде што те нозе носат.Не гледам ни каде.Стасувам долу,до една голема река,понатаму не се може.Се кријам во врбјаците.Ако накренат по мене потера за опинците ќе ми се фатат,си мислам,и за беља за ајдутин ме бидува.До вечер тука се кријам.Јас не се жалам себе, туку таткоми го жалам,тој ни крив ни должен за мене да страда.Тој сигурно цел ден ме барал.
Веќе во мракот,слушам: Тоде...Тоде...
Гледам се спушта кон мене и го пребарува врбјакот.Јанза го јади да не сум сторил некоја беља.Ама јас сум скриен ни ѓавол да ме најде.
Ослушнувам како татко,севезден туфка,како се измачува.Жал ми е за татко ми се нема каде,се одлучувам да излезам од густежот да му се јавам.Со шепот му кажувам се:вака и вака стана.
Тој радосен што ме гледа трпеливо ме ислуша,ме погали по главата.
-„ Будалче,...будалче едно! ....ми вели,
што си се исплашил толку, што си ја врлил тутурката,тутурката се јаде!“.
Ме зема за рака да ме окуражи и ме поведе.
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
Taжно и смешно, можам да ги карактеризаирам мислењата на "Скопјаните", кои живеат 30-40 години во Скопје, а родителите им се дојдени од другите паланки во Македонија. ГОРД сум како стар ВЕЛЕШАНЕЦ по мајка. Само една напомена до "Скопјаните",кои мислат дека освен Скопје се е провинција...Додека нашите стари оделе со солун со воз, вашите уште магаре за напазар користеле, додека гимназија ние во Велес имавме, вие скопјаните по нужници учевте, додаека театар во Велес имаше, вашите стари борби на петли гледале..има уште мал милион вакви предности да ви кажам на градските Скопјани....
П.С Научете се прво литературно да зборувате па да разговараме како треба...Да ви докажеме дека ние од центарот на Македонија сме со мнооогу по"боља" култура....ова важи само за критичкии настроените скопјани од Зелениково до Кондово,кои се однесуваат спрема сите други..Секоја чест на вистинските дечки и девојки од СКОПЈE!!!!!!!!!!
 
не се секирај многу братче,денес ќе се види кој од каде е ?
еве денес е празник.Празник Задушница.Да појдеме на гробиштата,
на нашите најмили,на нашите од фамилијата и нашите предци.
Да им запалиме по една свеќа за душа,да си раздадеме како што е
обичајот,да си спомнеме и поприкажеме за ним кој не се повеќе тука,
туку таму, а со секој изминат ден и ние сме се поблизу до таму.
Јас се спремам да одам,во нашите стари скопски гробишта - Бутел.
Јас други гробишта (од фамилија) не познавам - не сум бил.
Таму е татко ми, и неговиот татко.
Таму е мајка ми, и нејзиниот татко.
Бог да ги прости.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
И сега од каде сум јас.И јас сакам да бидам од некаде.Ама не може.
Не е можно.Мора и некој да имало тука и пред вас и пред нас.
Имам и јас нешто велешко - Кумот ми е од Велес.
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
а

ОК ...Anco ни на крај памет ми падна да докажувам кој од каде е...Секоја чест на твоите стари(упокоени...). Факт е дека Скопје до 1945 имало оклолу 50000 жители, што значи денес уште две генерации скопјани што дава бројка од околку 100000 стари Скопјани. А Скопје денеска има околу 650000 жители...И сите тие сега се Скопјани, а останатите провинција....за тоа реков смешно и жално...Стари скопјани ќе можат да се прогласат дури после 60-70 год...поздрав и без навреди
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ајде бре сус таму скопјанишча низаедни :)
Децата на оние што сега ги викате "провинцијалци" и "окупатори" за да си го наполните егото утре во 2020 (ако преживееме) ќе го прават истото како и вие сега, ќе се фураат дека се чистокрвни мадафака скопјани, како вие сега, и поради тоа се грагани од прва класа, се друго останато е втора, трета и чкарт.
 
General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Темава е за тоа дали во Скопје и на форумов има останато стари скопјани? и колку тие го одобруваат постојаното доселување на луѓе од провинција? и дали со доселениците се уништува духот на Скопје?
Ова е од мене!
http://www.youtube.com/watch?v=iF3tzHlsHR8
 
Oд такви локал-"патриоти" како тебе се уништува духот на Македонија.

BTW, кој нулти фактор се скопјани па да одобруваат или не одобруваат доселување или отселување. :facepalm:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Темава е за тоа дали во Скопје и на форумов има останато стари скопјани? и колку тие го одобруваат постојаното доселување на луѓе од провинција? и дали со доселениците се уништува духот на Скопје?
Ова е од мене!
http://www.youtube.com/watch?v=iF3tzHlsHR8
Ги споив двете.
 
General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Ги споив двете.
Не е лоша идејата.
Еве некои скопски (узречици) само за (доселениците) колку да се разбереме.
1.Не - Рака - рука
2.Не - Нозе - ноги
3.Не - Па што ако - Шо има везе
4.Не - Подобро.. - Боље, Боља, Бољи
5.Не - Ќе те удрам - Ќе ти учукам една или ако ти бапнам една
6.Не - Лани - Прошла година
7.Не - Со помин нека е - Убао да си поминеш
8.Не - Не си поигрувај со мене - Не ме заебавај
9.Не - И сега - Јеби га
Имам уште само првин овие треба да ги научите иначе не е у реду.
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 15:29 ---
Ајде бре сус таму скопјанишча низаедни :)
Децата на оние што сега ги викате "провинцијалци" и "окупатори" за да си го наполните егото утре во 2020 (ако преживееме) ќе го прават истото како и вие сега, ќе се фураат дека се чистокрвни мадафака скопјани, како вие сега, и поради тоа се грагани од прва класа, се друго останато е втора, трета и чкарт.
Батка тоа погоре не е точно, како што пишав од опинок кондура не бидува, има деца на скопјани со 5 генерации и со една генерација - 1963 на пример последната што не е исто и за увек ќе бидат обележани дека се дошљаци.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Можам да кажам дека сум еден од ретките Скопjани чии дедовци и баби се автохтони Скопjани. Прадедо и прабаба ми од страна на татко ми биле Чаирчани.
 
General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
И поентата на сето тоа е?
Па одчигледно да си одат во село да рипне малце извозот на "френки и чушки", бе бог да чува треба да ви се нацрта. Јас ова не го измислив ова е од муабети што ги прават вистинските - старите скопјани.
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 15:40 ---
Можам да кажам дека сум еден од ретките Скопjани чии дедовци и баби се автохтони Скопjани. Прадедо и прабаба ми од страна на татко ми биле Чаирчани.
Кај мене пра пра дедоми е од Скопје исто и пра пра баба ми, значи јас сум 5 генерација, а за порано немам информација каде би можел да проверам зашто толку памти баба ми и моите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom