Ајде фристајлери...постирајте да видиме колку сте креативни
За почеток нешто од мене:
Секој текст - нова сага,
во животов ништо освен тага,
се што гледаш е само обична лага,
секој ден е исто пак,
лажен акт,
секоја постапка знае да те извади од такт,
труди се да успееш во светов мрачен,
секој втор човек сака да те заебе, секој е алчен,
сакаш моќ, сакаш успех, сакаш пари...
но пак си сиромашен кога немаш вистински другари,
секој сака да дава малку, а што повеќе да зима,
секој лицемер во главата темни мисли има,
секој гледа да повреди, да упати навреда,
надежта се губи кога живееш во беда,
но луѓето не сфаќаат изгледа им треба превод,
државата полека ни го празни џебот,
немаат ни 2 грама ум,
лечат комплекси на форум,
и после сево ова сфаќаш нема излез од оваа бездна,
реалноста не е лесна...но се прашувам и јас - до кој ли ќе допре оваа песна...
во душата имам свет храм,
се борам за она што го сакам но не чекорам сам....