Дечки едно прашање. Дали ми се исплати да купам гуми само за асфалт, како на членот погоре? Моментално имам за MTB Kenda. Прашувам дали ми се исплати од аспект на полесно возење, бидејќи го возам точакот најчесто на асфалт. Скоро само на асфалт.
Не да се исплати друже, одма е друго возењето!
Јас имав off-road гуми и ме напињаше татко ми да ги смени, мислев ќе нема разлика. Ама откако ги смени, не би се вратил никад на другиве освен ако не планинарам со точаков.
Ептен голема разлика има, едноставно кога ќе ги споредиш гумите овие градскиве лизгаат по асфалтот, многу помалце триење и сосема друга и полагана вожња е.
Јас земав некои пазарски, мислам двете за 500-600 денари и еве тераат работа.
Него лагерите кај да идам да ги сменам, зашто не сакам сам?