Креационизам наспроти еволуционизам

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Додека не се пронајде(ако воопшто постои) линкот помеѓу еволуционизмот и она што го нарекуваме перпетум мобиле 2-3 класа...., секогаш ќе постојат милиони видови човеков креационизам. И оправдано нормално.
Се додека се работи за креационизам, секогаш ќе постои заклучокот дека - некое нешто е создадено под влијание на нешто друго, кое исто така е последица на енергијата употребена од нешто трето.... до бескрај.
Еволуционизмот не е многу поарен. Тој и да би бил - независен и хаосен двигател на енергијата и материјата со крајна дестинација - бесконечно комплексно мени.. од мајмуни до жални врби :icon_mrgr: .. сепак и тој мора да биде - продукт на нешто друго, поголемо.. И на него му треба почетна енергија, за тој да влезе во бесконечен циклус на одржување на космичкиот баланс.
Сега за сега, верувам дека еволуцијата има креационистички корени. Апсолутно не се согласувам дека се работи за виша сила, бидејќи во мултиверзумот не постои таков поим кој би асоцирал на нешто поголемо и повлијателно од самиот космички простор. Ако тоа може да се нарече природа, тогаш според мене СЕ е резултат на природни појави. Од земски или космички размери.
Не верувам дека некој има доволно фантазија - за да проба да помисли како би замислил да се запраша што се крие ЗАД сенката на бесконечниот простор.... :D
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Додека не се пронајде(ако воопшто постои) линкот помеѓу еволуционизмот и она што го нарекуваме перпетум мобиле 2-3 класа....,
Oна што го нарекуваме ..па уште и од 2,3 класа.. !?!
Добро бе кај живееш ти?
Има ли таму.. весници, тв, интернет??????????????
Го нема ..... она што го нарекуваме... си чул ли ти за г. Војо Ушевски..... па тој бе го има патентирано перпетум мобиле од ПРВ ред, ене го, дома му е изложен, моментално чека од ОНН одговор за масовна употреба... Војо е месијата!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Додека не се пронајде(ако воопшто постои) линкот помеѓу еволуционизмот и она што го нарекуваме перпетум мобиле 2-3 класа...., секогаш ќе постојат милиони видови човечки креационизам. И оправдано нормално.
Се додека се работи за креационизам, секогаш ќе постои заклучокот дека - некое нешто е создадено под влијание на нешто друго, кое исто така е последица на енергијата употребена од нешто трето.... до бескрај.
Еволуционизмот не е многу поарен. Тој и да би бил - независен и хаосен двигател на енергијата и материјата со крајна дестинација - бесконечно комплексно мени.. од мајмуни до жални врби :icon_mrgr: .. сепак и тој мора да биде - продукт на нешто друго, поголемо.. И на него му треба почетна енергија, за тој да влезе во бесконечен циклус на одржување на космичкиот баланс.
Сега за сега, верувам дека еволуцијата има креационистички корени. Апсолутно не се согласувам дека се работи за виша сила, бидејќи во мултиверзумот не постои таков поим кој би асоцирал на нешто поголемо и повлијателно од самиот космички простор. Ако тоа може да се нарече природа, тогаш според мене СЕ е резултат на природни појави. Од земски или космички размери.
Не верувам дека некој има доволно фантазија - за да проба да помисли како би замислил да се запраша што се крие ЗАД сенката на бесконечниот простор.... :D
Evolucijata e mehanizmot na prilagoduvanje na edinkite kon sredinata shto rezultira so diverzifikacija na zhiviot svet.

Sozdavanjeto na zhivotot ne potpagja pod terminot/teorijata na evolucija.

Nema nisto hipoteticko vo konceptot za evolucija. Samata teorija e potvrdena od povekje prirodni nauki I disciplini.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Еволуцијата е само еден механизам преку кој универзумот создава комплексни состојби на постоење. Не може да се негира, бидејќи до одреден степен може да се обзервира.

Еволуцијата како механизам не припаѓа само на живите нешта, туку и на неживите, во одреден аспект. Како на пример формирањето на планетите и ѕвездите. Од самото кондензирање на гасовите, до создавањето на честици, до акреционата фаза на натрупување тврди грутки материја, до самото создавање на сферични тела, и како тие тела подоцна исто имаат константен развиток. Земјата продолжува да "еволуира", се уште ја движат геолошки процеси, атмосферични процеси, и ред други процеси за кои имаме многу малку познавање во моментов.

Еден пример за тоа како оди еволуцијата на една ѕвезда, доволно е да удрите Google за T Tauri - зигот од ѕвезда, која е само неколку милиони години стара, и се уште е во акрециона фаза.
--- надополнето: 31 мај 2012 во 23:49 ---
Инаку, убедување во нешто како Universal Consciousness не мора само по себе да се припише на клубот на верниците, и секој кој има такво убедување да се стави во тој кош. Ако подржувам такво нешто не значи дека подржувам теза дека Бог постои нити дека е близу таков каков што е замислен во Библијата.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Oна што го нарекуваме ..па уште и од 2,3 класа.. !?!
Добро бе кај живееш ти?
Има ли таму.. весници, тв, интернет??????????????
Го нема ..... она што го нарекуваме... си чул ли ти за г. Војо Ушевски..... па тој бе го има патентирано перпетум мобиле од ПРВ ред, ене го, дома му е изложен, моментално чека од ОНН одговор за масовна употреба... Војо е месијата!
Прво, реков линкот помеѓу еволуцијата и независното движење на материјата... ама ајде то е. :tapp:
Второ, Војо Ушевски измисли перпетум мобиле од 1 класа, механизам составен од потрошен материјал - што му е потребен константен извор на енергија - гравитација и како што го слушав на јутуб нешто рече.... ако треба менуваме една серија клипови, додека другата работи.:cautious:
Демек прајме сервис без да паузира машината со работа :facepalm:. Перпетум балкански мобиле.
Секоја чест за неговиот изум.. Човекот дури садел компири добил идеа за многу добар извор на вишак кинетичка енергија.
И ова ти го сметаш за ПМ од прв ред, и уште ми продаваш пуканки дека чекале во ОНН за масовна употреба..
Прво да ти е јасно дека, ПМ-1 е негиран од основата на физички закони. Она што се нарекува надворешно енергетско влијание, е составен дел од мултиверзумот. Не може да се избегне, и затоа не постои нешто што може независно да егзистира во просторот и времето.
А овај твојов пример е...ужасен. Сфаќаш? Ова е ПМ од 10 ред. Зависи дури и од температурата во која се наоѓа тоа бурето..
Или пак, со тек на време ќе почни да топи сало, поради фактот што гравитацијата полека но сигурно - слабее.
Константен надворешен извор на енергија? Си слушнал за такво нешто? Ако си слушнал, кажи да те пријавам за Нобелова.
Зато не бегај со оф топик и не се лупај в гради.
Јас асоцирав на ПМ во контекст на моментот кога започнало да се создава ова што сеуште се создава и еволуира. Дали се создало само по себе, или Војо со машината го турнал да киниса. :tapp:
--- надополнето: 1 јуни 2012 во 00:23 ---
Evolucijata e mehanizmot na prilagoduvanje na edinkite kon sredinata shto rezultira so diverzifikacija na zhiviot svet.

Sozdavanjeto na zhivotot ne potpagja pod terminot/teorijata na evolucija.

Nema nisto hipoteticko vo konceptot za evolucija. Samata teorija e potvrdena od povekje prirodni nauki I disciplini.
Еволуцијата е темелот на еволуционизмот.Не може да се прескокни и избегни моментот пред абиогенезата. И хипотетичко е нејзиното раѓање.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Чек не ми е јасно ова? кој момент пред раѓањето и за кое раѓање. Само сум љубопитен не замерај
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Прво, реков линкот помеѓу еволуцијата и независното движење на материјата... ама ајде то е. :tapp:
Второ, Војо Ушевски измисли перпетум мобиле од 1 класа, механизам составен од потрошен материјал - што му е потребен константен извор на енергија - гравитација и како што го слушав на јутуб нешто рече.... ако треба менуваме една серија клипови, додека другата работи.:cautious:
Демек прајме сервис без да паузира машината со работа :facepalm:. Перпетум балкански мобиле.
Секоја чест за неговиот изум.. Човекот дури садел компири добил идеа за многу добар извор на вишак кинетичка енергија.
И ова ти го сметаш за ПМ од прв ред, и уште ми продаваш пуканки дека чекале во ОНН за масовна употреба..
Прво да ти е јасно дека, ПМ-1 е негиран од основата на физички закони. Она што се нарекува надворешно енергетско влијание, е составен дел од мултиверзумот. Не може да се избегне, и затоа не постои нешто што може независно да егзистира во просторот и времето.
А овај твојов пример е...ужасен. Сфаќаш? Ова е ПМ од 10 ред. Зависи дури и од температурата во која се наоѓа тоа бурето..
Или пак, со тек на време ќе почни да топи сало, поради фактот што гравитацијата полека но сигурно - слабее.
Константен надворешен извор на енергија? Си слушнал за такво нешто? Ако си слушнал, кажи да те пријавам за Нобелова.
Зато не бегај со оф топик и не се лупај в гради.
Јас асоцирав на ПМ во контекст на моментот кога започнало да се создава ова што сеуште се создава и еволуира. Дали се создало само по себе, или Војо со машината го турнал да киниса. :tapp:
--- надополнето: 1 јуни 2012 во 00:23 ---

Еволуцијата е темелот на еволуционизмот.Не може да се прескокни и избегни моментот пред абиогенезата. И хипотетичко е нејзиното раѓање.
Ништо ти не си разбрал!:)
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Чек не ми е јасно ова? кој момент пред раѓањето и за кое раѓање. Само сум љубопитен не замерај
Моментот кога намерно или ненамерно, се створиле услови во кои енергијата и материјата под катализаторство од познати и непознати сили и анти-сили, преминале во коктел кој имал способност за репродукција и еволуција.
Не замервам бе шо ти е, сите ве сакам.. Само одвреме навреме ко ќе ме изнервират женсками, идам овде(или на Религија) и се празнам ко дурацел со поминат рок ;):cool:
--- надополнето: 1 јуни 2012 во 00:40 ---
Ништо ти не си разбрал!:)
И то се дешават... :D
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Еволуцијата е темелот на еволуционизмот.Не може да се прескокни и избегни моментот пред абиогенезата. И хипотетичко е нејзиното раѓање.
Не би рекол.

Регистрирани се толини во атмосферата на Титан, заедно со други комплексни ланци од молекули кои се сметаат за предвесници на било каква биота. Ланците дури се сметаат дека можно е да бидат аналог на протеини кои формите на живот таму би ги синтетизирале, само наместо на база на јаглерод, азотот доминира.

Секако, ни треба директен доказ. Ама јас, ти, и колегите форумџии не сме научници (и да сме, ова не е научен форум), затоа смееме да си дозволиме теоретизирање, врз основа на обзервации, индикации, калкулации и анализи, какви и да се, од кого и да се.

Не гледам доволно добра причина абиогенизата да се исклучи од возможност само затоа што не сме сретнале пример од тоа тука на Земјата. Секако дека нема од се и сешто да најдеме примери овде, и секако дека нема од сите различни начини за зачнување на живот да најдеме примери, нели?

Среќа што Титан е близу, и може да се проверат тврдењава, и да се излезе со конкретни заклучоци. А ќе биде и тоа, наскоро.
 
Нормално, секаква дискусија е добредојдена.. Сите имаме различни погледи кон фактите и теориите.
Не исклучувам никакви можности (освен постоењето на Бог).. и за се друго потребни се пари..
Мислам дека за повеќе резултати, ќе го почекаме наследникот на Хабл, а во твојов случај вториот дел од програмата Касини. Со друга помодерна опрема, освен светлинско мерење.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еволуцијата е темелот на еволуционизмот.Не може да се прескокни и избегни моментот пред абиогенезата. И хипотетичко е нејзиното раѓање.
Може. Еволуцијата не се занимава никту со моментот пред абиогенезата.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Може. Еволуцијата не се занимава никту со моментот пред абиогенезата.
Ти веруваш во ова? Зошто да се изолира еволуцијата од временското пространство, како посебна појава во посебен тајминг?
Зарем тоа е независен процес, кој независно се појавил, и независно егзистира до ден денес?
Можеби, еволуцијата е форма на живот, а? :cautious:o_O
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Сметам дека со идни експедиции на Алфа Кентаури, дека ќе се потврди панспермијата. Прилично сум сигурен дека ќе најдеме живот сличен на нас таму. Кога мислам сличен на нас - мислам на биохемиските процеси, јаглеродна база, употреба на протеини, итн.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Може. Еволуцијата не се занимава никту со моментот пред абиогенезата.
Ти веруваш во ова? Зошто да се изолира еволуцијата од временското пространство, како посебна појава во посебен тајминг?
Зарем тоа е независен процес, кој независно се појавил, и независно егзистира до ден денес?
Можеби, еволуцијата е форма на живот, а? :cautious:o_O
И двајцата сте во право.
Дибек мисли на Теоријата на еволуција и тоа е во право. А Никола за Еволутивен (развоен) процес.
Не се расправајте...мир :D
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.479
Поени од реакции
5.177
ТОчно.

На многумина им ветив:)

Ќе го одржам зборот секако:P
Ко така да идам и јас... :)))

Еден пример за тоа како оди еволуцијата на една ѕвезда, доволно е да удрите Google за T Tauri - зигот од ѕвезда, која е само неколку милиони години стара, и се уште е во акрециона фаза.
Импресивно!
Само што прочитав за ова.... начинот на кој се создава... можноста сето ова (подоцна со далеку понапредна технологија) да се набљудува е одлично...
Сметам дека со идни експедиции на Алфа Кентаури, дека ќе се потврди панспермијата. Прилично сум сигурен дека ќе најдеме живот сличен на нас таму. Кога мислам сличен на нас - мислам на биохемиските процеси, јаглеродна база, употреба на протеини, итн.
Прво треба да се докаже дали постојат планети во тој систем во кој има две ѕвезди кои се гравитационо поврзани. Иако едната ѕвезда е доста слична со нашето Сонце, другата ѕвезда би играла огромна улога во траекторијата на планетите доколку посојат таму, а во тоа не се сомневам, иако не се сеуште откриени.
Почнувајќи од огромни варијации на температурите, се до голема изложеност на радиоактивност... тешко дека би постоел живот... освен, ако некоја планета не си нашла идеално место во тој систем.
На пример, голем знак прашалник е дали би постоел живот на нашава планета, ако Јупитер беше ѕвезда.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom