Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Празнината меѓу двете филозофии (наведени во насловот на темата) ја пополнува Интелигентниот Дизајн - а тој станува реалност кога доволно напредна форма на живот реши да создаде по неприроден пат друга форма на живот.

Ако не се лажам, ние тоа го направивме веќе во 2010та. Dr. Craig Venter ја создаде mycoplasma laboratorium. И веќе ништо не е исто :).

Да и дадеме на mycoplasma laboratorium едно милијарда години развиток во своја еволуционо пробивачка нишка на постоење, и таа ќе создаде своја верзија на креационизам или интелигентен дизајн, кога одредени работи will start to not fucking add up, во нивната теорија за природен настанок :).

До креационистите - што ве прави да мислите дека Бог не е некоја напредна форма на живот која си играла лабораториски експерименти од кој ние сме производ? И до еволуционистите, зар сите дупки денес во теоријата за еволуција не ги по пополнува интервенција навиша интелигенција, преку синтетичка генеза? Или во најмала рака - проволутивна експанзија?

Имаш наназад еден куп работи околу твоиве прашања.

Она што ти го дефинираше како Бог, нема да се сложат токму креационистите, читај верниците.

Кај останатите, тоа е прифатлива опција, само како за кого, на високо или ниско скалило во однос на веројатноста колку е истата можна.
 
Па не се мачев да проверам оти гледам доста препукувања на страницава, претпоставив дека доста наназад се влече сетоа тоа, па реков ај да инјектирам некоја моја мисла во сето ова. Фала на коментарот во секој случај :)
 
Секоја тема у религија е со препукувања:pos:

Ако инјектирај мисли, добредојдени се нови размислувања и освежувања.
 
Секоја тема у религија е со препукувања:pos:

Ако инјектирај мисли, добредојдени се нови размислувања и освежувања.

Знам Мики. Затоа не сум постирал на религиозниве теми кој знае од кога. Преку глава ми е од кавги.

Онака ја видов темава се појави на надгледувани теми па викам ај да видам што се случува.
 
Празнината меѓу двете филозофии (наведени во насловот на темата) ја пополнува Интелигентниот Дизајн - а тој станува реалност кога доволно напредна форма на живот реши да создаде по неприроден пат друга форма на живот.

А кој го создал тој Интелигентен Дизајнер? Поинтелигентен дизајнер? А тој? Некој друг, поинтелигентен дизајнер? Ad infinitum не е валиден одговор на прашањето.
 
А кој го создал тој Интелигентен Дизајнер? Поинтелигентен дизајнер? А тој? Некој друг, поинтелигентен дизајнер? Ad infinitum не е валиден одговор на прашањето.
Не мислеше на таков дизајнер :P
 
А кој го создал тој Интелигентен Дизајнер? Поинтелигентен дизајнер? А тој? Некој друг, поинтелигентен дизајнер? Ad infinitum не е валиден одговор на прашањето.

Не реков дека тоа е некое си космичко правило. искористив пример кој ни е познат, за да укажам на некои работи во однос на нашето постоење и потекло.

Проволуција постои како и еволуција. Очигледно и синтетички создаден живот, без претходна еволуција.

Било која од овие може да биде причинител (заедно со абиогенеза и панспермија) за постоењето на некоја животна форма.

Не е прашање на или/или.

И мислам дека доволно добро знаеш што мислев со постот, и со Интелигентниот Дизајн, само не ти се допаѓа да чуеш нешто поинаку од етаблирана мејнстрим наука.
 
А кој го создал тој Интелигентен Дизајнер? Поинтелигентен дизајнер? А тој? Некој друг, поинтелигентен дизајнер? Ad infinitum не е валиден одговор на прашањето.

Зарем нема друга опција освен природните закони и силите,почнувајќи од нјјаката-нуклеарна сила која го "држи" јадрото па до гравитацијата која пак на макро ниво е предуслов за создавање на планетите-се до електро био-хемиските процеси поддржани благодарение на истите природни закони и сили-кои се предуслов за живот каков што ние го знаеме(од биохемниски аспект).

Исто така опцијата да постои живот со сосема различен биохемиски основ од нашиот постои.
 
Зарем нема друга опција освен природните закони и силите,почнувајќи од нјјаката-нуклеарна сила која го "држи" јадрото па до гравитацијата која пак на макро ниво е предуслов за создавање на планетите-се до електро био-хемиските процеси поддржани благодарение на истите природни закони и сили.

Опција: http://en.wikipedia.org/wiki/Miller–Urey_experiment
 
И мислам дека доволно добро знаеш што мислев со постот, и со Интелигентниот Дизајн, само не ти се допаѓа да чуеш нешто поинаку од етаблирана мејнстрим наука.
Мислам дека станува збор за недоразбирање. Не е цитираниот член баш по мејнстримот
 
Не реков дека тоа е некое си космичко правило. искористив пример кој ни е познат, за да укажам на некои работи во однос на нашето постоење и потекло.

Проволуција постои како и еволуција. Очигледно и синтетички создаден живот, без претходна еволуција.

Било која од овие може да биде причинител (заедно со абиогенеза и панспермија) за постоењето на некоја животна форма.

Не е прашање на или/или.

И мислам дека доволно добро знаеш што мислев со постот, и со Интелигентниот Дизајн, само не ти се допаѓа да чуеш нешто поинаку од етаблирана мејнстрим наука.

Како што забележа Атеист, дојде до недоразбирање. Сепак, засега на оваа планета експериментот кој го линкнав е една од најплаузибилните модели за развој на
живот на планетата.
Пардон за конфузијава што ја создадов :)
 
I wholeheartedly apologize then :D
Не е лошо понекогаш да се прочита неколку поста поназад, нели? :P
Инаку за „твојот“ интелегентен дизајн мислам дека нема некој (освен вернициве нели) кој би ја исклучил како можност, во недостаток на веродостоен доказ, сите опции се можни
 
Интереснозначи сепак успеале условно речено.

А што би било кога би требало да ја прошириме нашата дефиниција поточно разбирање за животот и метаболизам-нешто налик ти иде вонземјанин и диши арсен и нему не му е штетен,напротив арсенот за него е она што за нас е кислород,наместо арсен може вда е сулфур диоксид...можеби хелиум..ватева got the point:)
--- надополнето: 31 мај 2012 во 20:17 ---

Agree.

Значи божјиве чеда неостикот многу ги воздигнал-тоооолку па да го гледаат кислородот и неговата личност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom