Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Празнината меѓу двете филозофии (наведени во насловот на темата) ја пополнува Интелигентниот Дизајн - а тој станува реалност кога доволно напредна форма на живот реши да создаде по неприроден пат друга форма на живот.
Ако не се лажам, ние тоа го направивме веќе во 2010та. Dr. Craig Venter ја создаде mycoplasma laboratorium. И веќе ништо не е исто.
Да и дадеме на mycoplasma laboratorium едно милијарда години развиток во своја еволуционо пробивачка нишка на постоење, и таа ќе создаде своја верзија на креационизам или интелигентен дизајн, кога одредени работи will start to not fucking add up, во нивната теорија за природен настанок.
До креационистите - што ве прави да мислите дека Бог не е некоја напредна форма на живот која си играла лабораториски експерименти од кој ние сме производ? И до еволуционистите, зар сите дупки денес во теоријата за еволуција не ги по пополнува интервенција навиша интелигенција, преку синтетичка генеза? Или во најмала рака - проволутивна експанзија?
Имаш наназад еден куп работи околу твоиве прашања.
Она што ти го дефинираше како Бог, нема да се сложат токму креационистите, читај верниците.
Кај останатите, тоа е прифатлива опција, само како за кого, на високо или ниско скалило во однос на веројатноста колку е истата можна.