Дали сте задоволни од животот во туѓина?

Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Какви се со странците ?
Какви се трошоците за храна,комуналии,облека и сл...?
Добро што праша. И покрај универзалното мислење за Холанѓаните како либерални и отворени, тоа е така само во Амстердам бидејќи тоа е некој вид на европски Ерусалим. Холандија е всушност конзервативна земја, особено во провинцијава кајшто живеам. Главно се интровертни, а оние од повисоката класа и прилично тврдоглави, самоуверени и обично религиозни. Индивидуалци. Љубопитни. Имаат мислење за све.

Во Холандија се цените едни од повисоките во Европа а платите не се баш :icon_mrgr:. Мислам дека просечната е околу 35 илјади годишно бруто. Во Германија стандардот е поарен. Швајцарија убедливо води.

Пример бензин 1.6 еуро/литер, околу 120 месечно за здравствено, кирија за 100тина квадрати стан/куќа од 700 овде во Твенте, 1000 во голем град и до некаде 2000 во Амстердам, кафе/пиво околу 2 евра итн. Гасифицирано е сегде така да тоа е огромен плус (има сопствени наоѓалишта и е ефтино).

Облека и останат потрошен материјал има за апсолутно секакви цени. На попусти е и поефтино од Македонија ама и поквалитетно. Работиве што ги купувам се далеку поарни од во Македонија.

Даноците се исто така многу високи. За кола оди до 100 евра месечно само за осигурување и патишта.
--- надополнето: 31 мај 2012 во 00:35 ---
Ах, заборавив да ти одговорам :).

Со странците се такви како што самиот се однесуваш со себе и со другите. Односот зависи од тоа колку сакаш да се вклопиш. Дискриминација, мачо однесување, балканштини се големо no-no и никогаш не би ти направиле нешто директно, иако се благо ксенофобични. Секој зборува англиски и го употребуваат. Ама и очекуваат да научиш холандски, ако не се потрудиш тогаш се ставаат на дистанца.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165

Во твенте се наоѓаш? На студирање си? Ако да баш ме занима какви се условите и дали со стипендија замина таму?
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Во твенте се наоѓаш? На студирање си? Ако да баш ме занима какви се условите и дали со стипендија замина таму?
Која насока? За Мастер?

Еве ти линк ако веќе не си пробал(а). За друго ќе ми треба повеќе инфо.

Иначе јас заминав во 2001 со стипендија од Филипс во Делфт. Тие веќе одамна ги нема.
 
Член од
25 април 2012
Мислења
8
Поени од реакции
5

eve za prethodniot muabet za toa kako razmisluvaat mladite semejstva vo makedonija.

КОЈ Е МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИК ВО САД?

Дејан Азески

Средовечниот самец со скромно образование од средината на минатиот век е заменет со млад брачен пар високообразовани луѓе помлади од 34 години, кои не пребираат работа во странство и не размислуваат за враќање назад
Македонските граѓани кои се селат во САД во се поголем број се млади луѓе на возраст до 34 години, кои немаат работа во Македонија, а повлечени се од роднини и заминуваат во повеќе од 30 сојузни држави. Ова го покажуваат податоците од Американскиот оддел за внатрешна безбедност.
Според статистиката за 2009, 2010 и за 2011 година, 3.169 Македонци добиле дозвола за легален престој во САД, што е околу 1.000 секоја година. Најинтересни сојузни држави за Македонците се Њу Џерси, Илиноис и Њујорк.
Според познавачите на приликите во дијаспората, симптоматично е што бројот на иселени жени од земјава во САД се изедначува со бројот на мажи, што не било случај во минатото, а бројот на лица во брак доминира пред оние кои во САД доаѓаат сами (758 наспрема 268), уште еден куриозитет на новата генерација.
Во 2011 година се населиле Македонци во повеќе од 20 сојузни американски држави, а ако се знае дека најголем дел од нив (588 од вкупно 1.078) се повлечени во САД од страна на нивни блиски роднини, се констатира дека македонската дијаспора веќе не е концентирана само во неколку држави во кои традиционално се населувала од почетокот на минатиот век.
Пратеникот од Северна Америка, Павле Саздов, потврдува дека во САД и во Канада најмногу се иселуваат млади образовани луѓе со оформено семејство во своите најсилни години и за него ова претставува еден од најголемите проблеми, кој на долг рок може да и нанесе сериозни штети на матичната земја.
„Јас сум најголем поборник против одливот на мозоци од Македонија. Одењето во САД е привлечно, но носи многу тешкотии и за иселениците кои одат таму, но и за Македонија, која останува без, условно речено, најработоспособниот слој, кој во своите најсилни години, меѓу 25 и 50 години, не е во земјава. Затоа, сите заедно треба да рбаотиме да го запреме овој процес, кој според бројките, навистина подолг период зазема застрашувачки размери“, потенцира Саздов.

Одливот на мозоци е тема за која се дискутира во јавноста повеќе од 20 години. Според меѓународни истражувања, Македонија е земја во која најдолго од цела Европа се чека работа, а дури 67% од невработените се со високо образование. Ова дополнително ги тера младите во странство.
За професорот по статистика од Економскиот факултет, Драган Тевдовски, еден од најстрашните фактори е губењето на ресурсите.
„Државата вложувала во едно дете 20 години, како во неговиот физички развој, така и во неговото образование. Со неговото иселување сите тие средства одат во неповрат. Ако се исели човек со цела фамилија, нема потреба зошто да праќа какви било пари во земјава. На долг рок, ни се случува една голема трагедија, која сигурно ќе се одрази низ бројките“, потенцира Тевдовски.

ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ИСЕЛЕНИЦИ СО ВЧУДОВИДУВАЧКИ БРОЈКИ

Во земјава постојано се шпекулира во врска со бројките на македонските граѓани со постојан или привремен престој во странство. Попис не е одржан од 2002 година. „Капитал“ ексклузивно објави дека 230.000 Македонци се иселени само во последните 15 години, но експертите сметаат дека бројките се многу поголеми. Во прилог на ова оди и фактот дека има општини каде што 60% од населението е во странство.
Сепак, државните институции сe уште се резервирани во однос на активирањето на сигналите за паника. Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво, вели дека многу е тешко да се разговара за бројки, воопшто, кога станува збор за иселениците, бидејќи станува збор за повеќе десетици држави во светот. Според него, сe уште не се знае дали имаме иселување или враќање на иселениците во Македонија.
„Ние располагаме со бројка од 430.000 Македонци во светот, но не ме чуди реалната цифра да е и повеќе од два милиони. Исто е со тие со привремен регулиран или нерегулиран престој. Во иднина ќе се обидеме да направиме статистика барем на лицата кои се државјани, а помалку или подолго од година се отсутни од земјава и така ќе утврдиме дали Македонија се иселува или иселениците се враќаат назад“, потенцира Наумов.
Здруженијата на иселеници си имаат поинакви математики. За нив бројките несомнено и масовно се во пораст. Јован Божиновски и Борче Ановски од здружението на Македонците од Шведска велат дека за три децении бројот на Македонци во Шведска е зголемен за минимум 15 пати.
„Ние бевме првите кои од новиот бран дојдовме во Шведска во 80-тите години и таму имаше помалку од илјада егејски Македонци, бегалци од 1948 година. Сега официјално има 18.000 Македонци, а бројот може да е и над 20.000“, вели Божиновски.
За Ановски пак, најголем проблем се новите навики, според кои поимот печалбарство се заменува со отселување на цели фамилии, кои воопшто не размислуваат за враќање.
„Тешко е да се вратиш назад. Кога имаш мала перспектива во Македонија, а во Шведска си отишол и живеееш подолго со цела фамилија, шансите за враќање се минимални“, констатира Ановски.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ИЗУМИРАЊЕ, ЗАЕДНО СО ЖЕЛБАТА ЗА ВРАЌАЊЕ НАЗАД

На третата годишна конференција на иселенички организации, која деновиве се одржува во Скопје, беше истакнато дека мерките за јакнење на врските со дијаспората вродуваат со плод. Но, сe уште останува отворено прашањето за јазикот.
Според директорот на Агенцијата за иселеништво, Васил Наумов, што побрзо треба да се преземат нови мерки во однос на прашањето за јазикот.
„Јас не велам дека некој што не зборува македонски е помал Македонец, но ако поради тој факт почнеме да ја губиме втората или третата генерација Македонци, тогаш навистина треба повеќе да се ангажираме. Јазикот е столб на идентитетот, а сите знаат декај тој е прв на удар кај секој иселеник“, вели Наумов.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Ако треба да одговорам на прашањето, одговорот е да! И не само да туку презадоволен...
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Презадоволен, но помислата дека за некој месец се враќам во Македонија да останам 5-6 месеци ме убива. Не верував дека до толку ќе си го мразам родниот крај, мислев дека ќе помине дека е фрустрација, но сега можам да кажам дека ми се плаче од помислата дека ќе морам да се вратам на кратко.
 
В

Вештерот

Гостин
Да задоволен сум. Во неколкуте години отако си отидов постигнав значајни успеси.
Да бидам искрен до пред некое време не бев сигурен дали одлуката да си одам беше правилна, но еве по неколку години кога гледам каде сум јас каде се другите што останаа можам да речам дека одлуката била правилна. Немам никаква желба да се вратам да живеам. За живот е многу лошо.
 
Член од
20 ноември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
64
mmmm interesna tema, ke kazam samo od moja gledna tocka...
zivema i rabotam vo australia, koga dojdov ne ocekuvav med i melko , iako polno sto dosle se vratile nazad so ednostavna izreka, "ne e taka kako sto zamisluvav" , se vratija nazad, po 3-4 meseci pak dojdoa.
Kako e zivoten standard? pa godisno mozes da zarabotis +50000$AUD, no sekako si ima danoci na toa, kirija nedelno e za dvosoben stan okolu 200-300$AUD (zavisi od naselbata i odalecenosta) , hranata e poeftina od Makedonija , zatoa site se debeli : ) kako burenca : ) , najseriozen sum poeftina e od Makeodonija hranata.
200 dolara kirija nedelno ti e 60 kilometra od Sydney jas plakjam 600 za ednosoben stan nedelno .
A hranata e poskapa ama ima matematika .kaj ti e isto edna voda mala negazirana 3.5 dolara =170 denara u market
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.425
Поени од реакции
9.080
200 dolara kirija nedelno ti e 60 kilometra od Sydney jas plakjam 600 za ednosoben stan nedelno .
A hranata e poskapa ama ima matematika .kaj ti e isto edna voda mala negazirana 3.5 dolara =170 denara u market
све е поскапо, не само храната, незнам што добиваат лугето од лажење, и убаво спомна за киријата, 200 дол е таму некаде у пм каде лугето што работат во град мора да излезат во 5-6 сатот за да стигнат на работа во 9.
Интересно е тоа што голем број на наши луге кога зборуваат колку се заработува ги кажуваат големите цифри а кога станува за трошоците ги кажуваат најефтините, денес во околината на Сиднеј не знам дали е можно да се најде стан за 200 долари, тоа се чисти лаги, денес ако најдеш стан за 300 долари неделата треба да бидеш среќен, поефтино плаќаат само тие што ги имаат земено од порано па ако случајно не им е крената киријата, инаку наново човек да бара, нема шанса.
 
M

Macedonian-Sun

Гостин
Јас живеам 2 и пол години во Белгија. Пред тоа бев во Германија 2 години. Мојот карактер македонски и моето воспитување не се како овдешните. Неможам да си најдам пријатели воопшто. За работа засега имам само 2 години искуство во еден хотел како кувар и конобар. Колегите беа добри со мене , но здравјето ме напушти после многу дигање и замарање на горните и долните екстремитети. Ладен народ, не научен н респект уште од мали нозе , прават што сакаат, ако имаат меки родители им танцуваат на носот и изигруваат газди иако до вчера во пелени оделе и не знаеле носот да си го избришат.
Не ме има нападнато никој до сега но многу од нив не ме прифаќаат како личност со свој карактер и свои ставови. Незнам уште сум млада за понатаму незнам
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
More, top e tugjina, top e. Ja tri pati vo Bitola odev i ednas Prilep na pazar. Top e tugjinata.
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Ne znam kakov e zivotot vo EU so momentalnata evropska kriza no tuka vo Nov Zeland momentalno sostojbata e grom, mozebi ne e na isto nivo kako pred krizata 2009 no e mnogu podobrena od togas, nevrabotenost momentalno e pod 6% i minimalna plata od 13.50$ od saat. Trosoci za kirija od nekade 350$ nedelno za dvosoben stan i 2$ litar benzin, trosok za avtomobil nema golem kako vo EU i tuka e nekade 300$ godisno. I da danokot e 15% DDV i personalec vo prosek 20% - 30% taka da posle trosoci ostanuva nekoja para za normalen zivot covek da ne se stega za hrana, obleka, odmor sekoja godina, nova kola na nekolku godini. Da dade gospod sekoj graganin na nasata Makedonija da go ima istiot standard.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496

Колку пари месечно ти остануваат (во евра) откако ќе си ги платиш основните трошоци (кирија, сметки, храна и превоз)?
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Колку пари месечно ти остануваат (во евра) откако ќе си ги платиш основните трошоци (кирија, сметки, храна и превоз)?
Pecalbarstovo umre pred mnogu godini, ako planira nekoj na zapad da odi da pravi pari i da se vraka nazad vo MK tamu da gi trosi mnogu se zaebal.

Zivotot e komoten a ostatokot od parite gi investiras vo kreditot za kuka, taka da Makedonskoto tutkanje pari vo pernici ne e poimlivo, a na kogo kolku mu ostanuva realno so edna plata si na pozitivna nula pa makar i imal i poveke od prosecna plata. Druga e prikaznata ako ima dve plati semejstvoto sekako.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Pecalbarstovo umre pred mnogu godini, ako planira nekoj na zapad da odi da pravi pari i da se vraka nazad vo MK tamu da gi trosi mnogu se zaebal.
Знам, те сваќам. Ама прашањето ми беше колку слободни средства ти остануваат на крај на месец за да можеш пристојно да живееш (за излегување, гардероба, културни настани, инвестиција во образование, на берза и слично). Не мислев на печалбарско шпарање за да се к*рчиш со парите во Македонија кога ќе се вратиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom