ТУка имаш три дела. Веројатност да 6 ката падне во рпво фрлање, веројатност да паднала во второт и веројатност да падне во третото.
А то ау превод ти е
1/6 + (5/6*1/6) + (5/6*5*6*1/6) = 0,17+0,14+0,11 = 0,42
Во право си. Ево ти рука за математикава
Јас избрзав и погрешив.
Упростено веројатноста да добиеш 6ка од 3 фрлања се пресметува по формулата 1 - (5/6)^3 или генерално важи формулата:
Pn = 1- (1-p)^n, каде:
p → веројтност при првото повторување / на еден настан.
n → број на повторувања или настани
Pn → веројатност при n повторувања со иста веројатност p
И сега да се вратиме кај веројатноста за самонастанување на протеинската секвенца од само 200 амино киселини = 10 на минус 260та во очекуваните 10 на 24та планети во Универзумот.
Значи сега:
p = 10 ^ (-260)
n = 10 ^ 24
Pn = 1 - [ 1-10^(-260) ] ^ (10^24) = ... не можам да најдам онлајн некој калкулатор со милион цифри за да го пресметам точно. Го најдов овој
(http://comptune.com/calc.php), кој вели дека пресметува милион цифри, ама и тој не може да пресмета толку огромно мал број
Но сепак мислам дека овој број е уште помал од претходно пресметаниот (1:10^236) како што и кај коцките 0.42 е помало од 0.5
Понатака - Да истресена е од ракав бројката односно рангот 260. Меѓутоа во случајон не игра некој аголем аулога од проста причина што се што е под 146 ранг се смета за занемарливо.
Не е, не е, таа бројка е пресметана од Франсис Крик. Немам време сега да ја барам пресметката, но не верувам дека е многу сложена.
Третата опција за што?
За настанување на животот на земјата ли?
Имаш опција од вонземска интервенција. Ама тогаш ќе прошириш кој ги напраил и нив итн..
Сосема релевантно прашање. Панспермијата не е трета опција, туку само префрлање на проблемот од едно место на друго. Ако животот тука на Земјата бил донесен од друго место, тогаш се поставува прашањето како настанал животот таму? Ако и таму бил донесен од некое четврто место, како настанал пак таму? Итн. животот некаде морал или случајно да настане или плански да бил создаден. Трета опција нема. Овие две се исклучуваат меѓусебно. Ако не е возможно животот да самонастане, тогаш сигурно (100% веројатност) бил создаден од Создател.
Ако одиме од спротивната страна, д анекој седне и се занимава со веројатности на работите од библијата ќе дојде до ситиот заклучок дека е речиси невозможно.
Само и само ако догматично тргне од претпоставката дека Бог не постои и почне да ги пресметува веројатностите на темел на материјалистичко-натуралистичка идеологија.
Но ако Бог постои, тогаш имаш еден силен и влијателен фактор во равенките на веројатноста и математиката изгледа поинаку. Верувам ќе се сложиш, зарем не?