Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Имаше вчера или завчера Ficho7 на темава стаено една статија за финансиската ситуација на Милан. Стварно опсежна, детална и вреди да се разгледа. Е тек после тоа можете да плукате по Берлускони и Галијани и дека биле стиснати, вакви, такви, кретени и сл.

Едноставна е работата. Во наредниов период(ако Берлускони остане мнозински сопственик) ќе мораме да се навикнеме на поефтино земени играчи, употреба на милион иновативни варијанти и комбинации во трансферите, земање на рати, ценкања за 3 милиони и такви работи. Можда ќе има и некоја поголема инвестиција, ама не треба да се очекува не знам што. Политиката на тимот е едноставно таква и мене не ми смета. Реално, појше ми одговара Боатенг земен за 7 милиони со триста комбинации во трансферот, па да стане играчиште кај нас и да ни го бараат за 30 отколку да даат 40 милиони за Торес или Хазард или не знам кој, а после да ги снема кај нас.

Искрено не ми се свиѓа ова со Хазард што се дешава. Астрономски суми пари, па тој изиграва фаца као размислувал каде ќе оди, па сеа одлучил и завршена работа, ѕвезда е човекот. Ме нервира тоа што Сити, Реал, Барса и Челзи го направија од трансфер пазарот. Тоа што даваат толкави суми го предизвика ова кај навивачите. За добар трансфер се признава само ако е платен многу, па сеа како ќе се снајде помалку е битно.

Затоа јас нема да коментирам ниту еден трансфер.. Нека се покажат играчите, да ги видиме на дело, па после ќе збориме. Тоа не значи дека подржувам да се земе Ригони и играчи од по 33 години.

Само верувам дека Галијани и Берлускони си ја знаат работата многу подобро од нас, многу појше од нас го сакаат и им значи Милан и досега многупати покажаа дека знаат како да направат тим кој носи победи. Им верувам дека и после ова лето Милан ќе биде страв и трепет за било која европска екипа како и досега.
Нема да се впуштам со лаички коменари и глупости затоа што сум свесен дека тие многу подобро од било кој друг овде си ја знаат работата.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.901
Сигурно нема да се погоди ептен да биде дрво па да не може да игра ни 3 состав и цела сезона да е повреден. Исто викавте и за Мунтари дрво е најголемото ѓубре го собравме ама он му го зема местото на Аквилани. :icon_mrgr:
Ако не за друго барем ќе шутира од центарот. :pos: :icon_lol:
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.966
Поени од реакции
23.531
Paolillo: "Milan have followed Ganso for a long time. Milan like the player and the feeling between Milan and Ganso is mutual
I personally believe that Ganso will join Milan sooner or later, seeing as they’re both interested in each other."
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.290
Поени од реакции
8.484
Читате тоа што сакаат Берлускони и Галијани да прочитате... Одамна престанаа клубовите да работат со самофинансирање и покривање на дупките од сопствената заработувачка. Дали од спонзорства дали од влегување на нови сопственици, клубовите егзистираат и претставуваат дел од новиот фудбал во европа. Милан од Fly Emirates заработува 60 милиони за 4 годишен договор, 13 милиони по сезона од спонзорство со Адидас и има 90 милиони од тв-права и маркетиншки акривностиод минатата сезона ...ва се воглавно приходите каде што Галијани и Берлускони освен за менаџментот неможе да се пофалат за ништо друго. Тие 90 милиони колку и да изгледаа многу големи , мали се спрема парите што ги заработува Баерн Берселона Реал Манчестер кои имаат по 150 милиони евра приходи по сезона од маркетинг активности.

ЈБГ фудбалот отиде на друго ниво нити фубдлаерите не добиваат реална плата нити оштетата за нив е реална. Колку и да плачеме треба да се свестиме дека тоа време не се враќа и потребно е Берлускони да извади сопствени пари ем за да видиме ние успеси ем за да стане дел од тој крем кој моментално го сочинуваат Реал Барса Баерн Манчестер Челзи....
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.966
Поени од реакции
23.531

Иначе типкава е жена му на Анте !! =)
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.935
Поени од реакции
1.683
^
Значи Анте наш е единствен фудбалер со гадна жена, барем според сликава :icon_lol:
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Регулативата во Италија е проблемот поради кој Милан има помалку приходи од другиве големи европски клубови, а малите приходи се проблемот за трансферите.
Клубовите ретко кога функционирале како самосвојни организации и досега секогаш имало патрони како Берлускони кои во даден момент интервенирале. Е сега доколку се донесе правилото за фер-плеј тоа нема да смее да се случува и клубовите ќе мораат да баратаат со парите кои ги заработиле, со своите приходи.
Колку што разбрав јас Милан сега ствара основа за тоа, да би можел да функционира под такво правило. Затоа што вака како досега, со работење во минус нема да може да се прилагоди на тој финансиски ферплеј. Во старт ќе има послаба позиција од оние чии приходи се многу поголеми од овие на Милан. А за поголемите приходи нема друго објаснување освен законската регулатива во Италија и тоа што Милан нема свој стадион.

А Берлускони пред само една година, после пресудата исплати таму некому 500-600 милиони. Нормално е да гледа да троши што помалку сега. Решение за се ова можда е продавање на мнозинскиот пакет акции на Милан на некој шеик или сличен лик, а тоа не знам дали и колку е паметно.
 
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.008
Поени од реакции
917

berlo nikad nema da prifati da prodade tolku akcii ....
 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
Дефинитивно сум разочаран од управата на клубот, стварно ова ги надминува сите граници.Па ебете си пичката од мајката земете го и Јакинта и Зокора дојсете го втора лига да одиме па да ви дојди паметот копиљаци едни!

Ригони...Мудингаи...ех беее....ехх беее, на кое ниво се спуштивме...ц.ц.ц.ц.ц
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
berlo nikad nema da prifati da prodade tolku akcii ....
Берлускони го сака Милан. За разлика од шеикот од Манчестер кој појма нема ни кој му игра во тимот. Си го купил како играчка и си се забавља со него. Го зеле на утакмица божем да глеа, а тој гарант не знае ни кои се неговите.
Затоа, ако Берлускони не сака да го продаде Милан, тоа значи дека има план. Каков-таков. Во оној момент кога ќе види дека не може да го одржува Милан компетитивен - ќе го продаде. Затоа што нему некомпетитивен Милан не му одговара, не му треба, не го задоволува. Ниту финансиски, ниту емотивно.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Смирено не паничете.. Не ми смета нека дојт Ригони, ама нека дојдат и Стротман и Сахин/Гансо...
Имат време и за паничење пред нас е летово.
Задутре официално почвит трансвер пазаров или 1 јули?
 
SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Италијанскиот гигант Милан му ја честиташе шампионската титула на Вардар

колку и да ги нејќам и Милан и Вардар,браво за на тимот за кој шо навивате,многу добар гест.
Иначе не знам колку ви е познато,Вардар баш носи црвено црн дрес пошто такви добиле како донација после земојтресот 1963 од навивачите на Милан.
 
Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
Берлускони го сака Милан. За разлика од шеикот од Манчестер кој појма нема ни кој му игра во тимот. Си го купил како играчка и си се забавља со него. Го зеле на утакмица божем да глеа, а тој гарант не знае ни кои се неговите.
Затоа, ако Берлускони не сака да го продаде Милан, тоа значи дека има план. Каков-таков. Во оној момент кога ќе види дека не може да го одржува Милан компетитивен - ќе го продаде. Затоа што нему некомпетитивен Милан не му одговара, не му треба, не го задоволува. Ниту финансиски, ниту емотивно.
Прашај ги навивачите од Манчестер / оној дел кој што навива за Манчестер Сити колку тоа нив ги интересира дали нивниот претседател / шеик ги знае играчите, се додека овој Сити е успешен и послем 40 години им носи радост нив мува не ги лази за тоа дали шеикот ги знае играчите. И утре да се повлече од клубот, послем ова што им го донесе мислам дека нема воопште да се бунат. За тоа дај те молам со такви коментари, смешни се, јас ставам мал прст дека сите од нас тука и те како сакаат да имаат еден таков директор на чело на тимов.

Јас незнам тоа каков план имаат Берлу / Галијани , али ако Ригони е дел од тој план , тука нешто дебело смрди без разлика дали неговата намена била тој да биде резерва на резервите.

Уште па се надевате во Стротман, Гансо и остала банда, и тоа некој пишуе тука како ПСВ ќе го продаде Стротман за 7-8 милиони, а истиот ПСВ пред 1 година за тој играч платил 6.5м евра. Јасно како ден е, фудбалот го вртат пари и ако не се донесат ова лето квалитетни играчи и ако наредната сезона биде катастрофална како оваа ондак ако се прашуем јас Берлускони комотно може да го продаде тимов, никој нема да го заборави што све има направено за него напротив бескрајно благодарен ќе му бидам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom