Ех да беше така лесно, сите ќе знаевме, немаше никој да верува. Но факт е дека сите веруваат. Секој верува во своите убедувања, во она што тој/таа смета дека е вистина. Во генерална смисла на зборот, не постои неверник, бидејќи и атеистите веруваат во своите убедувања. Неодамна пишував за верувањата на атеистите.
Еве ти линк.
Дури и во науката се верува многу. Дури и во егзакните науки се верува. Дури и во математиката се верува, бидејќи сите нејзини теореми се докажуваат преку аксиоми, а аксиомата по дефиниција е тврдење кои не се докажува, туку се прифаќа како такво (читај по вера). Некогашна аксиома беше дека две паралелни прави се сечат во бесконечност, но Ајнштајн покажа дека тие можат да се пресечат и на еден метар доколку меѓу нив има силна гравитација (црна дупка). И многу други аксиоми биле побиени како неделивоста на атомот, апсолутноста на времето, изотропноста на просторот итн. Во сето ова научниците верувале дека е така, но се покажа дека не е. Сега сите веруваат поинаку, но разликата е што сега повеќето научници, имајќи ги претходните искуства, скромно признаваат дека веруваат така, се додека не се покаже поинаку.
Имаш простор да истражуваш. Што мислиш дека јас слепо поверував во Библијата? Или батали ме мене, земи за примери еден куп научници, доктори по науки, паметни и интелигентни луѓе кои поверувале во Христос и во Библијата како Божја објава до човекот. Тие не поверувале во Библијата затоа што некој дошол им ја дал во раце и им рекол: „Ова е Божја книга и од денес ти ќе веруваш во неа“
Напротив, тие луѓе истражувале, биле скептични, но објективно и искрено ги следеле аргументите и допуштиле тие да ги одведат до вистината, откривајќи дека Христос е вистината, дека е разумно да се верува во Него.
Ќе се создадат нови, посуптилни религи, со миксирани идеологии вкоренети во материјализмот и натурализмот, или пак некој микс од њу ејџ филозофиите - како онаа на Ошо.
Ако се уништат големите религии (како христијанството, исламот, будизмот, хиндуизмот итн.), ќе останат помалите или пак ќе се создадат (веќе има и секојдневно се создаваат!) еден куп нови филозофии и идеологии. Истомислениците повторно ќе се групираат, повторно ќе се делат и тоа не само по вера, размислувања и убедувања, туку и по нација, по економска положба, по општествена положба, по политичка определеност, по пол, по раса итн. Камо среќа подделеноста на луѓето да беше само заради верата. Не. Луѓето се делат заради гревот кој царува во нив. Гревот ги тера да бидат себични, алчни, користољубиви, да прават раздори, прељуби, бессрамни работи, да истураат гнев, лутина итн. Грешноста на луѓето ги тера да не љубат, туку да мразат. А Христос дојде токму заради тоа, да се справи со гревот, да се жртвува за гревот и со сопствената смрт да ја плати казната за гревот.. На тој начин Христос ни нуди ослободување од канџите на гревот, простување и нов живот проткаен со љубов која извира од Бог.
Ошо е паметен, кажува зборови што ги скокоткаат нашите уши, но тоа не значи дека тоа е вистина. Ошо кажува многу матефизички тврдења. Тој не може на дело да ги поткрепи неговите тврдења. На пример кога Исус рече дека Тој е Светлината, Тој ги отвори очите на еден слепороден. Кога Тој рече дека е Воскресението, Тој го воскресна Лазар. Кога тој рече дека е Лебот, создаде леб и ги нахрани луѓето што го следеа. Зборовите на Ошо немаат сила.
Ошо еден ден ќе умре (како и Мухамед, Буда итн.), но Исус воскресна.
Ако си скептичен кон Христовото воскресение, истражи го тој настан. Има една добра книга се вика „Повеќе од Дрводелец“ напишана е од бивш атеист (Џош Мек Дауел) кој барал докази да го побие христијанството, но дошол до спротивни заклучоци од претпоставените.
Ошо нема кандило, не пали свеќа, не држи класични проповеди, но сепак тој шири одредено учење. Тоа не е класична религија, но сепак е верување, негово убедување за вистината. Тоа што некој тврди дека е буден, не значи дека навистина е буден. Понекогаш и кога сме во длабок сон, може да сонуваме дека сме будни, зарем не?