OSHO

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
сам кажа на другата тема:P
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:06 ---

не е недовршена и не мислам дека звучи попаметно, тоа ТИ така мислиш за мојата мисла :P
Каде кажав "Јас сум атеист"?
Со тоа што не верувам дека постојат богови и мислам дека сите религии кои создаваат одредени верувања се лажни, не значи дека сум атеист.
Чекај да разјасниме, според она што јас го знам, атеист е личност која мисли дека постои само материјален свет, така?
Според тоа, јас се сметам себе дека не спаѓам ниту во едната ниту во другата група (теисти и атеисти), бидејки сметам дека човекот покрај материјалната форма, поседува и нематеријална форма или не знам дали е точно ако ја кажам антиматерија, односно народски кажано духовна форма, што ја претставуваат чувствата и свеста. Едното без другото не можат и тие (материјалното и нематеријалното) се поврзани односно сочинуваат една целина.
Ако постои група на некои си природнисти, тогаш мислам дека во таа група би припаѓал јас. Системот на природата, а кога кажувам природа не мислам само на материјалната, туку на духовната природа на живите суштества, е единствениот систем кој е совршен и оджлив сам по себе и не му штети на никого. Сите други системи имаат грешки, човечкиот систем со парите е штетен, религиската поставеност на владетели и слуги е штетен, човечката технологија е штетна и тн.
Само кога ке отидете во природата, ке видите дека ништо не е создадено за џабе, се си има своја намена и се си има своја функција која е корисна за некој друг.
Све е поврзано со некаков совршен круг, кој постојано тече.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Каде кажав "Јас сум атеист"?
Со тоа што не верувам дека постојат богови и мислам дека сите религии кои создаваат одредени верувања се лажни, не значи дека сум атеист.
Чекај да разјасниме, според она што јас го знам, атеист е личност која мисли дека постои само материјален свет, така?
Не е така.

Плавиот болд е типична дефиниција за атеист.
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:34 ---
Nacin na zivot koj e povrzan so religijata....
И јас би сакал да знам. Со која религија?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Медитацијата dhyana (ध्यान, dhyāna) е само гранка од осумте гранки на аштанга јогата или раџа јога (кралската јога) на Патанџали кон која е врзан Ошо и кој пробал описно да ја предаде на западниот затворен ум, но тие направија партали.

Дјана НЕ Е РЕЛИГИЈА, тоа е гранка од еден стадиум кој што мора да се усоврши за да се постигне и практикува следната гранка во јогата.

Ако медитацијата е религија, тогаш и асана и нијама(исто така гранки од раџа јога) се религија!:cautious:

Може сакате да кажете дека даден вид на јога е начин на живот и разбирање и дејствување на истиот, а медитацијата е само дел од таа сложувалка (која мора да се усоврши).
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Не е така.

Плавиот болд е типична дефиниција за атеист.
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:34 ---

И јас би сакал да знам. Со која религија?
Pa neli me ignorirashe....kako sega jas da ti objasnuvam?
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:45 ---
Со која религија?
Ne sum platen da odgovoram...;)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Pa neli me ignorirashe....kako sega jas da ti objasnuvam?
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:45 ---

Ne sum platen da odgovoram...;)
Јас си поставив прашање, ако не ти се одговара, немој.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Pa neli me ignorirashe....kako sega jas da ti objasnuvam?
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:45 ---

Ne sum platen da odgovoram...;)
Нормално... но погрешно ти е тврдењето дека медитација е религија или пак начин на живот, па јас дадов објаснувања според Патанџали. Напишав во претходниот пост... и јас не сум платен но ете за муабет не се наплатува секако ;)
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
hahaha...pa neli jas SE ZNAM.....:P
Drug pat malku respekt da imash.....jas nikogash ne te navrediv
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:50 ---

Ateist na temata na osho???
А со што, извини, те навредив?
Атеист на секоја тема, не менувам ставови ко некои :P
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па тоа и е поентата, да не се верува во ништо, туку да се знае,
Ех да беше така лесно, сите ќе знаевме, немаше никој да верува. Но факт е дека сите веруваат. Секој верува во своите убедувања, во она што тој/таа смета дека е вистина. Во генерална смисла на зборот, не постои неверник, бидејќи и атеистите веруваат во своите убедувања. Неодамна пишував за верувањата на атеистите. Еве ти линк.
Дури и во науката се верува многу. Дури и во егзакните науки се верува. Дури и во математиката се верува, бидејќи сите нејзини теореми се докажуваат преку аксиоми, а аксиомата по дефиниција е тврдење кои не се докажува, туку се прифаќа како такво (читај по вера). Некогашна аксиома беше дека две паралелни прави се сечат во бесконечност, но Ајнштајн покажа дека тие можат да се пресечат и на еден метар доколку меѓу нив има силна гравитација (црна дупка). И многу други аксиоми биле побиени како неделивоста на атомот, апсолутноста на времето, изотропноста на просторот итн. Во сето ова научниците верувале дека е така, но се покажа дека не е. Сега сите веруваат поинаку, но разликата е што сега повеќето научници, имајќи ги претходните искуства, скромно признаваат дека веруваат така, се додека не се покаже поинаку.

бидејки верувањето во една од постоечките религии не е знаење, тоа е повеќе претпоставка, све е дадено во една книга и ти немаш простор да истражуваш твое е само да прифатиш што е напишано.
Имаш простор да истражуваш. Што мислиш дека јас слепо поверував во Библијата? Или батали ме мене, земи за примери еден куп научници, доктори по науки, паметни и интелигентни луѓе кои поверувале во Христос и во Библијата како Божја објава до човекот. Тие не поверувале во Библијата затоа што некој дошол им ја дал во раце и им рекол: „Ова е Божја книга и од денес ти ќе веруваш во неа“ :)
Напротив, тие луѓе истражувале, биле скептични, но објективно и искрено ги следеле аргументите и допуштиле тие да ги одведат до вистината, откривајќи дека Христос е вистината, дека е разумно да се верува во Него.

Што има лошо во тоа сите религии да исчезнат?
Ќе се создадат нови, посуптилни религи, со миксирани идеологии вкоренети во материјализмот и натурализмот, или пак некој микс од њу ејџ филозофиите - како онаа на Ошо.

- Ништо,напротив тогаш ке за еден чекор повеќе ке се зближат сите народи, бидејки барем по религиска основа нема да се делат.
Ако се уништат големите религии (како христијанството, исламот, будизмот, хиндуизмот итн.), ќе останат помалите или пак ќе се создадат (веќе има и секојдневно се создаваат!) еден куп нови филозофии и идеологии. Истомислениците повторно ќе се групираат, повторно ќе се делат и тоа не само по вера, размислувања и убедувања, туку и по нација, по економска положба, по општествена положба, по политичка определеност, по пол, по раса итн. Камо среќа подделеноста на луѓето да беше само заради верата. Не. Луѓето се делат заради гревот кој царува во нив. Гревот ги тера да бидат себични, алчни, користољубиви, да прават раздори, прељуби, бессрамни работи, да истураат гнев, лутина итн. Грешноста на луѓето ги тера да не љубат, туку да мразат. А Христос дојде токму заради тоа, да се справи со гревот, да се жртвува за гревот и со сопствената смрт да ја плати казната за гревот.. На тој начин Христос ни нуди ослободување од канџите на гревот, простување и нов живот проткаен со љубов која извира од Бог.

Ошо е паметен, кажува зборови што ги скокоткаат нашите уши, но тоа не значи дека тоа е вистина. Ошо кажува многу матефизички тврдења. Тој не може на дело да ги поткрепи неговите тврдења. На пример кога Исус рече дека Тој е Светлината, Тој ги отвори очите на еден слепороден. Кога Тој рече дека е Воскресението, Тој го воскресна Лазар. Кога тој рече дека е Лебот, создаде леб и ги нахрани луѓето што го следеа. Зборовите на Ошо немаат сила. Ошо еден ден ќе умре (како и Мухамед, Буда итн.), но Исус воскресна.
Ако си скептичен кон Христовото воскресение, истражи го тој настан. Има една добра книга се вика „Повеќе од Дрводелец“ напишана е од бивш атеист (Џош Мек Дауел) кој барал докази да го побие христијанството, но дошол до спротивни заклучоци од претпоставените.

Ошо не учи на некаква религија. Тој учи како да се биде буден, и кажува дека тој тоа со себеси го постигнал преку медитација.
Ошо нема кандило, не пали свеќа, не држи класични проповеди, но сепак тој шири одредено учење. Тоа не е класична религија, но сепак е верување, негово убедување за вистината. Тоа што некој тврди дека е буден, не значи дека навистина е буден. Понекогаш и кога сме во длабок сон, може да сонуваме дека сме будни, зарем не?
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Нормално... но погрешно ти е тврдењето дека медитација е религија или пак начин на живот, па јас дадов објаснувања според Патанџали. Напишав во претходниот пост... и јас не сум платен но ете за муабет не се наплатува секако ;)
Gledaj sega....toa go tvrdime jas, osho, patanjali, saj baba, buda., isus...
edino krishnamurti veli deka nemate potreba od nishto...ni od meditacija, ni od molitva .....deka ste dovolni samite na sebe takvi kakvi shto se....
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Ете што велиме ние, Патанџали, Вивекананда итн итн:

1. Јогата е вештина да се обедини умот на една идеја. Има четири методи:
  • Gnana-Yoga или Единство со Знаење
  • Raja-Yoga или Единство со Волја
  • Bhakta-Yoga или Единство со Љубов
  • Hatha-Yoga или Единство со Храброст
додади Mantra-Yoga или Единство со Говор и Karma-Yoga или Единство со Работа. Овие се обединуваат преку врвниот метод на Тишина.

Сите овие форми на јога (единство) во себе содржат гранка која е преведена како медитација и е дел од овие различни видови на јога. Пред нејзе постојат одредени гранки кои мора да се усовршат за да не се дозволи најмрзливиот дел од човекот да фантазира и да го залажува оној што вежба јога.
Така да, погрешно ти е мислењето за медитацијата дека е било каква форма на религија или пак начин на живот. Ако една гранка ти стане начин на живот си заглавил многу и не може да постигнеш ништо од соодветниот метод (во зависност која јога се практикува), единство во никој случај.

Целиот текст овде!

Јас напишав што вели и како подучува Патанџали. Кај него дјана или медитација е гранка од раџа јога која се практикува и усовршува откако се поминати претходните степенио. Не може да медитираш ако не си ја усовршил асаната или правилното дишење кое не би требало да те заморува или пак контрола на умот. Тоа го вели Патанџали, Вивекананда итн итн... И јас го велам тоа ;)

П.С. А Кришнамурти, тој будала, нека биде распнат во своето бладање и нека страда во овој нов Еон заедно со оние кои го предложија за нов месија! Лудост... :mad:
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
А со што, извини, те навредив?
Атеист на секоја тема, не менувам ставови ко некои :P
Toa ...ko nekoi...za mene ne se odnasa sigurno.....
Ne rekov deka si me navredil....(teshko ke mozesh toa da go napravish , mozesh da kazesh shto sakash....jas znam kolku znam....tvoe e da mislish shto sakash.....)....rekov samo malku respekt da imash.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Toa ...ko nekoi...za mene ne se odnasa sigurno.....
Ne rekov deka si me navredil....(teshko ke mozesh toa da go napravish , mozesh da kazesh shto sakash....jas znam kolku znam....tvoe e da mislish shto sakash.....)....rekov samo malku respekt da imash.
Де бре респект... Со атеист респект (а и од некои други) ќе добиеш кога ќе седнеш на пиво и ќе си правиш муабет во четири очи :)
И јас немам респект сеуште од него бидејќи со никој се немам видено ниту ме познава од кајгана форумов.

Ако сакаш респект од луѓето оди им по газот :) и не очекувај од тука да добиеш респект :)
Тешко тоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom