Ветеринарно катче

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Како му го масираш мешето?На движењата мислам да ми ги опишеш
Koнкретно вака, како на видеото. После секое јадење и играње, но само мочка, а не кака.
Можно е да биде поради Лактовитот, бидејки не се ствара доволно тврда маса за да ја исфрли, но сепак денеска е 6 ден од кога го чувам и се нема искакано.
Јаде многу убаво, по 10-20 кубика на едно хранење, што мислам дека е дури и многу за три неделно маче. На почетокот првите два дена одбиваше да јаде, но се навикна.

L

Ligeia

Гостин

Да и јас сакав да ти речам дека можно е заради храната но почекав да ми одговориш да видам дали го масираш правилно и таман си е,исправно е и точно како на видеото само памукчето или материјалот со кој го масираш треба да биде влажен и топол да имитира јазик на мајката.Понекогаш треба време за да почне правилната дигестија и стимулирањето треба да биде во рок од една минута.Сепак не е лошо да почекаш уште малку и капни му маслиново масло 2-3 капки во млекото мислам дека би требало да завршат работа.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Да и јас сакав да ти речам дека можно е заради храната но почекав да ми одговориш да видам дали го масираш правилно и таман си е,исправно е и точно како на видеото само памукчето или материјалот со кој го масираш треба да биде влажен и топол да имитира јазик на мајката.Понекогаш треба време за да почне правилната дигестија и стимулирањето треба да биде во рок од една минута.Сепак не е лошо да почекаш уште малку и капни му маслиново масло 2-3 капки во млекото мислам дека би требало да завршат работа.
Се искака, хух, конечно.
Никогаш во животот не сум се радувал на :гомце:. Хехехехее, супер!
Цел ден кутрото мјаукаше и не можеше да седи мирно. Сега се е во ред. Фала многу за советите.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Се искака, хух, конечно.
Никогаш во животот не сум се радувал на :гомце:. Хехехехее, супер!
Цел ден кутрото мјаукаше и не можеше да седи мирно. Сега се е во ред. Фала многу за советите.
:pos:
инаку бравос му олекнало сега :P
 
Член од
1 март 2007
Мислења
6
Поени од реакции
2
Здраво, дали некој знае каде може да се најде паста за прочистување од глисти, дали воопшто има да се најде во Македонија?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285

^ Зашто мора да биде паста, кога постојат апчиња? Има некоја посебна причина?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Не е за тука постот ама ај.
успешно ја прочистив џукелкана моја од глисти(јеее :D).Ама е многу паметна.И дадов како што ми рече тој во Автокоманда стави ја во саламче ќе ја изеде.My ass,ја душна и сетила изгледа апчето па несакаше да ја јаде.И со тато и отворивме муцката и го тутнавме апчето,и стиснавме вилицата,пак го плукна -.- .И ми текна пак апчето во уста,малце водичка,и го голтна како алва :D :D
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Па прашувам затоа што кучето има 15 дена, мало е за таблета да му давам .
Па ако има само 15 дена, значи уште цица, ако цица значи мајката му обезбедува имун систем против глисти. Многу е рано за да го прочистуваш. Причекај уште 15-20 дена. Мое мислење.
 
Член од
1 март 2007
Мислења
6
Поени од реакции
2
Па ако има само 15 дена, значи уште цица, ако цица значи мајката му обезбедува имун систем против глисти. Многу е рано за да го прочистуваш. Причекај уште 15-20 дена. Мое мислење.
Па и јас мислев дека после месец се прочистуваат прв пат, пошто прв пат вадам легло, но ме советуваше искусен одгледувач после 15 дена со паста да го прочистам кучето.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Па и јас мислев дека после месец се прочистуваат прв пат, пошто прв пат вадам легло, но ме советуваше искусен одгледувач после 15 дена со паста да го прочистам кучето.
Ја прв пат слушам за тоа.... нека кажат и другиве...
 
Член од
1 март 2007
Мислења
6
Поени од реакции
2
Ја прв пат слушам за тоа.... нека кажат и другиве...
Денес добив информација од друг одгледувач кај нас дека после давање на паста против глисти на мали кученца има голема веројатност пролив да ги фати,па најдобро е да се даде таблета. Фала во секој случај Ивана, и неко друг ако има вакво искуство нека каже, поздрав.
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Па и јас мислев дека после месец се прочистуваат прв пат, пошто прв пат вадам легло, но ме советуваше искусен одгледувач после 15 дена со паста да го прочистам кучето.
Хмммм, прв пат слушам ова, цел живот чувам кучиња, сум вадела и легла ама прв пат сум ги процистувала дури после 40 дена, па фала богу здрави, прави и се било во најдобар ред.
 
Член од
1 март 2007
Мислења
6
Поени од реакции
2
Хмммм, прв пат слушам ова, цел живот чувам кучиња, сум вадела и легла ама прв пат сум ги процистувала дури после 40 дена, па фала богу здрави, прави и се било во најдобар ред.
Па затоа реков да прашам за различни мислења од искусни одгледувачи дали е подобро да се делува превентивно порано,иако знам после 40 дена дека се прочистуваат, фала поздрав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom