јас не наметнувам верба, секој може да верува у што сака.
Темата се вика прашања за христијанство и овде сме должни да одговараме.
За тебе е лага(не можеш да докажеш) за мене е вистина(не мажам да докажам)
Но секој има право да бира,или секој има слобода. Токму порадо зборчето пред точката ЈАС сметам дека хрисијанството е правилно.
Гледаш ЈАС, ЈАС,ЈАС сметам така. Имам право нели?
П.С: Е сега за о.т.о. и петарпановци барај да има тема, па таму ќе си браниш ТВОИТЕ верувања. Дали ќе користиш питагора, петар пан пинокио, НЕ Е БИТНО, а битно е што и таму ти ќе зборуваш за тоа како вистина.
ЗЕМИ ПИВО
--- надополнето: 28 мај 2012 во 15:39 ---
Луцифер сега гние у гробот. Види позади имам објаснето за пеколот(гробот).
Значи тој Луцифер се споменува и во тоа поглавје немаш ни ангели, ни демони, ни ѓавол.
Народното верување батали го.Луциферр не е ѓавол и ѓаволот не владее со ништо.
Луцифер значи ЅВЕЗДА ДЕНИЦА, ѕвездада го претставува царот Вавилонски.
--- надополнето: 28 мај 2012 во 15:41 ---
од каде знаеш дека не постои?
Фино прашање.
Одговорот е, знам бидејки се е лажно.
Адам и ева, биле двајца во цел свет, си живееле бес проблеми, дошол господ и им го создал проблемот, забранетото дрво.
Господ секогаш те условува,прави само вака, ако правиш ова тогаш следува ова ако не тогаш следува ова. Чисто е како солза, дека овие идеи за градење религија потекнуваат од најобичниот човечки пирамидален систем на диктатура, закон и ред, т.е несовршенство, неслобода.
Совршенство не може да создаде несовршенство.Ние луѓето сме несовршени.Ако ти си најдобриот сликар во свет, сигурно утре ке сакаш да назликаш посовршена слика од денес или вчера, сигурно нема да сакаш да најсликаш слика како кога си бил петгодишно дете.
Светот не е креиран за 6 дена, бидејки светот не е креација. Креација означува завршен процес, Мона Лиза е креација, нешто што нема да се смени, процес кој е мртов, завршен и има рамки. Светот е процес кој што постојано тече се менува, растат дрва, пресушуваат реки, извираат нови реки, се раѓаат луѓе умираат луѓе. Значи светот не е креација, светот е жив, постојано се креира.
За љубов не ни е потребно некој друг (бог) да ни кажува, затоа што љубовта не може да се каже, може да се почувствува, а тоа чувство е наше и само наше, човечко, никој друг не е заслужен или пак ни помогнал да го почувствуваме тоа.
Човекот поседува енергија да прави чуда, не бог, од причина што тој само 10 %од мозокот активно го користи. Ајнштајн користел околу 20%. Замисли што би правеле ние ако користиме 100% од капацитетот на мозокот?
Сите оние луѓе кои предвудувале, кои исцелувале, го правеле тоа со сопствената енергија, која ние денес не сме ја проучиле доволно за да точно знаеме од кај потекнува, но едно е сигурно, дека тоа е човекова енергија, не божја.
Ако толку не сака, нека им помогне на своите болни и гладни деца, за каков татко треба да го сметаме него што едно 2000 години си дреме таму некаде горе и гледа како ние се убиваме, и тоа најчесто ради него, бидејки многу религиски војни се воделе.
Наместо да се прави семоќен, нека се симне и нека не удостои со неговото присуство во материјална форма, за да ние, неговата несовршена креација, не мораме повеке да веруваме дека постои, туку да знаеме дека постои. Или можеби не сме му достојни за да биде присутен меќу нас, пак чисто е како солза, таа пирамидална поставеност во религијата потекнува од човековиот систем на функционирање, на газди, и работници, робовладетели и робови, и тука нема ништо совршено, напротив, се е несовршено.