Христијаните веруваат дека нивниот бог е создавач на материјата? И тој е Апсолутот, за разлика од Брахман, Буда, Аллах, Изида, Аура Мазда, Озирис... Хорус?

Не е нешто пониску вашиот Апсолут, ограничен само на оваа планета?
Би ги запрашал христијаните: зошто повеќе сакате догма отколку ревидирање на вашите ритуали, ако ги разбира обичниот верник?
Благодарам...
П.С. За целиот муабет тука со прашања-одговори: Постојано се вртите во круг... заради верување.
Јас велам дека универзумот никако не настанал под палката на било кој бог. Нормално, вие ќе имате цитати од евреите и ќе не бомбардирате со нив како доказ дека иако некој не е христијанин, сепак апсолутната вистина е дека баш вашиот бог создал се и тој е највисокиот кој што ќе суди.
Ќе речам: Не е точно и е голема лага тоа заради вашето верување кое што според вашите учења е најбитното.
Тоа е вашата вера, верувате, не знаете и со тоа валидноста дали е така е нула и е некако глупо да зборувате за тоа како вистина. И не може да се расправа човек со вас бидејќи вие постојано велите: верувај и вадите цитати од книга која што вели верувај.
Но не сакаме да веруваме во тоа за некоја блиска иднина, бидејќи не е точно тоа уште од почеток, а не пак крајот. Колку и да зборувате, колку и да употребувате слатки зборови, тоа е само верување поткрепено од книга што тврди дека верувањето ќе спаси било кој. Да, книга напишана од евреи кои сеуште го чекаат својот спасител, а малата секта во тие времиња подоцна наречена христијани, го позна спасителот тогаш? Чудно...
Ова е double-circle кој што не води никаде ако не се истражува