Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
дали некој Вешто бега од одговорот или ти Вешто малтретираш новопечени

Срамота е, некој да те чита ќе мисли патолошки случај си:love:
Точно, некој вешто бега од одговорот, но тоа не сум јас. Обидот да се префрли вината на човекот - креацијата, во ситуација кога креаторот се претставува како семоќен и сезнаен е една бедна манипулација и лага.
Ако ти е дадена опција и е твој избор, зошто се навестува Страшен Суд? Кој го премолчува и кој бега од овој факт? Кој го игнорира постојано и постојано ова прашање:
Тогаш зошто Бог кој е совршен создал креација која е промашување, беззаконие, заблуда?
Ако бог е креаторот, тогаш како може креацијата да биде виновна? Ти кога ќе купиш производ кој е промашување, го обвинуваш производот или одиш кај производителот да се жалиш?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Христијаните веруваат дека нивниот бог е создавач на материјата? И тој е Апсолутот, за разлика од Брахман, Буда, Аллах, Изида, Аура Мазда, Озирис... Хорус? :)
Не е нешто пониску вашиот Апсолут, ограничен само на оваа планета?
Би ги запрашал христијаните: зошто повеќе сакате догма отколку ревидирање на вашите ритуали, ако ги разбира обичниот верник?

Благодарам...

П.С. За целиот муабет тука со прашања-одговори: Постојано се вртите во круг... заради верување.
Јас велам дека универзумот никако не настанал под палката на било кој бог. Нормално, вие ќе имате цитати од евреите и ќе не бомбардирате со нив како доказ дека иако некој не е христијанин, сепак апсолутната вистина е дека баш вашиот бог создал се и тој е највисокиот кој што ќе суди.
Ќе речам: Не е точно и е голема лага тоа заради вашето верување кое што според вашите учења е најбитното.
Тоа е вашата вера, верувате, не знаете и со тоа валидноста дали е така е нула и е некако глупо да зборувате за тоа како вистина. И не може да се расправа човек со вас бидејќи вие постојано велите: верувај и вадите цитати од книга која што вели верувај.
Но не сакаме да веруваме во тоа за некоја блиска иднина, бидејќи не е точно тоа уште од почеток, а не пак крајот. Колку и да зборувате, колку и да употребувате слатки зборови, тоа е само верување поткрепено од книга што тврди дека верувањето ќе спаси било кој. Да, книга напишана од евреи кои сеуште го чекаат својот спасител, а малата секта во тие времиња подоцна наречена христијани, го позна спасителот тогаш? Чудно...
Ова е double-circle кој што не води никаде ако не се истражува ;)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
А некој мудрец пред неколку страни рече "Господ е милостив, не сака невини да страдаат, жал му е". Ме мрзи да го барам моронскиот цитат, само ќе го одговорам набрзина.

А сепак Европјаните христијани, постојано зборат за милостина, а во морињата и отпадите секојдневно флаат тони храна, кои на некој можеби и би му послужила за нешто.
Дали еден нормален татко кој е семоќен би оставил да гледа како своите деца умираат од глад и болести?
Ама не, христијаните сепак него го нарекуваат љубов.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не можам од Дибек да дојдам на ред. :P
Другиот пут, на ДиБекот ќе му го викнам Чорбаџијата па сос него нека се надмудруе, а миа ќе ламентираме за стањето у контенпоралниот џез...:D

На пример, зашто „Спајроси„ појќе не праат убав џез...:place:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Ииииии....Добра идеја :D
 
С

Само Човек

Гостин
Точно, некој вешто бега од одговорот, но тоа не сум јас. Обидот да се префрли вината на човекот - креацијата, во ситуација кога креаторот се претставува како семоќен и сезнаен е една бедна манипулација и лага.
Ако ти е дадена опција и е твој избор, зошто се навестува Страшен Суд? Кој го премолчува и кој бега од овој факт? Кој го игнорира постојано и постојано ова прашање:
Веќе ти дадов цитат во кој бог се кае што го создал човекот(читај му дал слобода).
Значи како што вчера наведе дефиниција за совршен и ти објаснив по твојата дефиниција дека може да чувствув и каење и гнев, воедно и твојата дефиниција го покажува тоа или што би рекол Атеист МУ СЕ МОЖЕ:P
слободна воља
ДА-НЕ
со Бог- без Бог
Ајде ќе ти објаснам просто,најпросто оти со сила се правиш дека не разбираш што е суд
ипси живееше и го црнеше бога, во исто време преку 7 планини и 7 ридови живееше Само Човек
Кога куцна часот и двајцата отидоа во гроб(народски пекол, веќе ти објаснив со реферат)
Кога ќе се врати Исус ќе воскреснат и двајцата и ќе излезат пред Бог
И Бог отцвори тефтеро и виде дека нема за што да му суди на Само Човек и му ја даде наградата(вечен живот СО Бог)
толку се разгневи кога виде за гревовите на ипси што ипси се исплаши и за него тоа стана Страаашееен Суд
Бог Страшно му судеше, беше гневен за секој грев на крај ипси го доби заслуженото за делата, т.е. тој одбра да биде без Бог според слободата којашто ја дал бог. Тоа и доби, го испрати Бог ипси во втората смрт која е вечна,така ипси се врати во гробот за вечност.

Е сега колку рочишта ќе има незнам,:P
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Прашање за христијанството:
Од кај знаете дека бог постои, сега во овој момент, во сегашноста, не според библијата која е стара неколку илјади години, која ни збори за минатото?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Ај тебе вечен живот со Бог, ама зашто на Ипси вечна смрт, а не вечен живот со Луцифер на пример?
 
С

Само Човек

Гостин
Христијаните веруваат дека нивниот бог е создавач на материјата? И тој е Апсолутот, за разлика од Брахман, Буда, Аллах, Изида, Аура Мазда, Озирис... Хорус? :)
Не е нешто пониску вашиот Апсолут, ограничен само на оваа планета?
Би ги запрашал христијаните: зошто повеќе сакате догма отколку ревидирање на вашите ритуали, ако ги разбира обичниот верник?

Благодарам...

П.С. За целиот муабет тука со прашања-одговори: Постојано се вртите во круг... заради верување.
Јас велам дека универзумот никако не настанал под палката на било кој бог. Нормално, вие ќе имате цитати од евреите и ќе не бомбардирате со нив како доказ дека иако некој не е христијанин, сепак апсолутната вистина е дека баш вашиот бог создал се и тој е највисокиот кој што ќе суди.
Ќе речам: Не е точно и е голема лага тоа заради вашето верување кое што според вашите учења е најбитното.
Тоа е вашата вера, верувате, не знаете и со тоа валидноста дали е така е нула и е некако глупо да зборувате за тоа како вистина. И не може да се расправа човек со вас бидејќи вие постојано велите: верувај и вадите цитати од книга која што вели верувај.
Но не сакаме да веруваме во тоа за некоја блиска иднина, бидејќи не е точно тоа уште од почеток, а не пак крајот. Колку и да зборувате, колку и да употребувате слатки зборови, тоа е само верување поткрепено од книга што тврди дека верувањето ќе спаси било кој. Да, книга напишана од евреи кои сеуште го чекаат својот спасител, а малата секта во тие времиња подоцна наречена христијани, го позна спасителот тогаш? Чудно...
Ова е double-circle кој што не води никаде ако не се истражува ;)
јас не наметнувам верба, секој може да верува у што сака.
Темата се вика прашања за христијанство и овде сме должни да одговараме.
За тебе е лага(не можеш да докажеш) за мене е вистина(не мажам да докажам)
Но секој има право да бира,или секој има слобода. Токму порадо зборчето пред точката ЈАС сметам дека хрисијанството е правилно.
Гледаш ЈАС, ЈАС,ЈАС сметам така. Имам право нели?

П.С: Е сега за о.т.о. и петарпановци барај да има тема, па таму ќе си браниш ТВОИТЕ верувања. Дали ќе користиш питагора, петар пан пинокио, НЕ Е БИТНО, а битно е што и таму ти ќе зборуваш за тоа како вистина.

ЗЕМИ ПИВО :D
--- надополнето: 28 мај 2012 во 15:39 ---
Ај тебе вечен живот со Бог, ама зашто на Ипси вечна смрт, а не вечен живот со Луцифер на пример?
Луцифер сега гние у гробот. Види позади имам објаснето за пеколот(гробот).
Значи тој Луцифер се споменува и во тоа поглавје немаш ни ангели, ни демони, ни ѓавол.
Народното верување батали го.Луциферр не е ѓавол и ѓаволот не владее со ништо.
Луцифер значи ЅВЕЗДА ДЕНИЦА, ѕвездада го претставува царот Вавилонски.
--- надополнето: 28 мај 2012 во 15:41 ---
Прашање за христијанството:
Од кај знаете дека бог постои, сега во овој момент, во сегашноста, не според библијата која е стара неколку илјади години, која ни збори за минатото?
од каде знаеш дека не постои?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Веќе ти дадов цитат во кој бог се кае што го создал човекот(читај му дал слобода).
Значи како што вчера наведе дефиниција за совршен и ти објаснив по твојата дефиниција дека може да чувствув и каење и гнев, воедно и твојата дефиниција го покажува тоа или што би рекол Атеист МУ СЕ МОЖЕ:P
слободна воља
ДА-НЕ
со Бог- без Бог
Очигледно изоставаш тоа што не ти одговара. И јас ти објаснив дека не е исто да знаеш што е каење и да се каеш. Каењето е жалење за некоја постапка, чуство дека таа постапка била погрешна. Да се каеш, значи да сватиш дека си погрешил, а како ќе погреши битие кое е нели совршено?
Слично е и со гневот. Тој е резултат на револт, немоќ....реакција кога некој исход завршил спротивно од волјата и очекувањата на оној што го чуствува. Совршено битие, кое чуствува гнев = битие кое сватило дека нешто не е според неговата волја и очекувања, што значи = несовршено битие. Освен се разбира ако причина за казнувањето е задоволство од самото казнување.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Луцифер сега гние у гробот. Види позади имам објаснето за пеколот(гробот).
Значи тој Луцифер се споменува и во тоа поглавје немаш ни ангели, ни демони, ни ѓавол.
Народното верување батали го.Луциферр не е ѓавол и ѓаволот не владее со ништо.
Луцифер значи ЅВЕЗДА ДЕНИЦА, ѕвездада го претставува царот Вавилонски.
По ова твоево постои само рај, вечен живот за одбраните, и вечна смрт за оние што не го одбрале Бог.

Ова е класика :
"Поарно да живеам верувајќи во Бог и потоа утврдам дека го нема, отколку неверувајќи во него, а потоа утврдам дека го има."
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прашање за христијанството:
Од кај знаете дека бог постои, сега во овој момент, во сегашноста, не според библијата која е стара неколку илјади години, која ни збори за минатото?
Во Црквата, пред се‘, веруваме, а преку вер(б)ата-знаеме.

Така, веруваме дека тековно, Бог го одржува поредокот во Светов: и во материјалниот Свет, и во настаните во општеството, и во меѓучовечките релации.

Поинаку кажано, во човековото битие, делува т.н. Закон на природната креација, според кој (Закон), „..се‘ што е створено, има свој Творец...„, така да целата створена природа, сама по себе, претставува „..книга за Бога (Творецот)....„.

Во човековото битие, вграден е и т.н. Закон на совеста, која е глас Божји во секого од нас и која ме/не‘ опоменува при секое делување и ми/ни‘ помага да разликување дали делувањето ми/ни‘ е добронамерно или злонамерно.

Значи, дури и надвор од записите од Светото Писмо, постојат објективни нешта, кои сведочат за секојдневно присуство Божјо и во Светов, но и во нас, како субјекти.

Тука би ги додал и човековиот разум и слободна волја, кои се „...одблесок Божји...„ во секоја човекова единка.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
По ова твоево постои само рај, вечен живот за одбраните, и вечна смрт за оние што не го одбрале Бог.

Ова е класика :
"Поарно да живеам верувајќи во Бог и потоа утврдам дека го нема, отколку неверувајќи во него, а потоа утврдам дека го има."
То класиката од Вивалди ли е?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
То класиката од Вивалди ли е?
Од баба ми, бог да ја прости е ова:)

Ама одлично го отсликува сето расположение во религиите:P

Се ти е калкулација на ризик.

Ако верувам не губам ништо, ако не верувам можеби ќе загубам.:cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom