Ваша поезија!

¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
a midget, a shemale and a tile

Oh midget you little one
where is your mom, where is your mom?

Oh shemale, you pretty one
I fucked your mom, I fucked your mom!

Oh tile, you stupid one
You a stupid hoe, you a stupid hoe! x2
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во мојот град

Овде
графитите веќе ги нема
младите зеваат
пред компјутерската врева
И сливите
нема кој да ги бере
Но. Знам.
Има што да се најде по калдрмите.
Зборови, години, мината и слабости
грамади бол, векови и радости.
Овде
Потајно секој сака да умре со некој.
И да не остане Секој.

Во мојот град
не се тркалаат мандарини
таксистите и не мораат да бидат фини
склопуваме коцки
од омраза и мостови од лицемерија
за да споиме две точки.
А и Б.

Во мојот град
Или нашиот, како сакате.
Спомениците се толку грди
што и во Вардар би скокале.
Но. Знам.
Има што да се најде по калдрмите.
Промаја во бурек, во од’ во забен процеп.
Забава што замрена
е повеќе жива одошто танцувачите.
Во мојот град
Живи се само свирачите.
На опелото за будење.

- За Скопје, по којзнае кој пат.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Пазар

Во вревата на тезгите
бабите редат магдонос
како да редат редок слој сеќавања
на младоста
изгубена во полињата
и жилата под врат, ко спрега
во бербите и бавчите
стомните вода и жега.

Гравот се тркала
под стапалките на децата
извлечкани со родителите
да видат
што е зеленчук, што е овошје.
Зарзават и емиш, ќе речеше баба ми.

Има јагоди, изволте, повелете
де, земи та со нож и од портокалов поделете.
Види! Врескаат доматите од македонска топлина
со рака
ги галам, ги поземам.
Да ја зачувам љубовта кон мајка земја
како уморна од раскажување приказна.

Мирис на земја, на зеленило
на пипер буковец и толчена сол
дворови се овие мали парчиња свет
полни раце плускавци и бол.

Немирен е овој свод
дожд фрла и на веќе обраниот плод.

- еден обичен свеж мај.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Супер Марио

Гумби и желки
Печурки и огнен цвет
Пердув дава лет
 
L

Ligeia

Гостин
Бестежинска емоција


Заспа во мојата прегратка,
таа чиста љубов и
безгрешна калкулација на соништата.
Миризлив опијат,кришум украден од садот
во кој своите стрели Ерос ги потопува
тријам во дланките и вдишувам...надеж и непобедливи мечти
за мека постелнина послана меѓу долината на илузиите.

Без таа љубов во мене посакувам да легнам на неа,
да затворам очи
и да го сонувам четвртиот коњаник кој ја носи апокалипсата.
Насмевка упатувам кон сите мои тајни,
но најголемата од нив во мене предизвикува слатка воздишка
и гола адмирација.

И тогаш се препознав...
Без емоции сум само жена,а со нив-несуден владетел на светот.
Секој ден се претвора во жешка ноќ,
и со отворен прозор јас само љубов гледам а не сонце,
да ги прочистам сетилата и занесот што тлее во мене
дури и мислите ги испраќам да се капат во месечевиот зрак.

Каде спијат лебедите спијам и јас,со испукани усни од жед
чекам со свиткана дланка да се напијам од
водата каде што тие векуваат,
велат клетвата на нивната страст е најсилна...
кога едниот од нив го нема за да љуби-другиот умира.

Лебдам високо во небото а законите на ангелите
само благо ме допираат по прстите,
ги чувствувам како ветер на разумот но
тој е веќе исушена сила под моето срце.
Емоциите се сега мојата разумна нетрпеливост.
Моја покорност.
Моја нема инспирација.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ова не е љубовна песна...ова е метал песна со детска градинка стих

една љубовна песна
за нашиот свет
за твоите очи
и мојот гнев

изгорена надеж
во насмевка бледа
ѕвздена прав
во небесна беда

оваа грда гитара
горка како мед
нема да го врати
тој проклет свет
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Враќање

На аголот за разделби,
секогаш некои зборови
остануваат недокажани,
некои бакнежи недовкусени,
некои воздишки недовдишани…
Секогаш врне,
и секогаш слатките
и солените капки се мешаат…
Едни усни секој пат
суви остануваат,
една кожа недопрена,
а љубовниците
секогаш молчат
пред своите тајни
што остануваат запечатени
на тротоарите.
Една душа,
повторно осамена
се враќа
во светот
знаејќи дека оди во потрага
по нови агли,
нови искушенија,
нови враќања.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Не сум на љут на тебе
но што да правам кога
си сеуште истата кучка што пред тоа ја познавав
дознавам дека другарките ти го прават твоето мислење за мене
те викам на состаноци и во последен момент откажуваш
па реков кој те ебе тебе
ми недостига таа жена што самата дојде на првиот состанок
по толку долго време
така убава слатка дотерана баш си создадена за мене
бев пичка признавам но имав голема трема
бев вљубен во тебе и сеуште сум
тешко ми е без тебе
кажи им на чувствата да се сменат
секој повик мене ми беше моја среќа
сега си само една сенка што полека ја нема
Не сум ти љут на тебе
но ме правиш идиот да бидам нели гледаш
за тебе светот би го дал да бидеш со мене
но изгледа сум една трошка песок која на брегот ја нема
но ако ме погалиш сета таа љутина от мене ќе ја снема
затоа што ти си тоа што во моментот ми треба
Самата покрена иницијатива да ме викнеш другпат
како инспектор ја викна другарка ти
како стапица ми постави
но што да правам сакав да те видам без разлика со кој и да си
можев да те одбијам зашто знам која игра играш
но со тебе сум одлучил да не играм ништо
но на крај гледам дека се во своја полза искористуваш
и ме фати емоциите и стравот
како мало дете тешко нешто да зуцнам
толку беше убава што во твоите бакнежи
би се изгубил,би се стопил и дивиов ѕвер
на тебе ти се покорил
и кога те испратив како за последен пат ги видов
тие очи длабоко што во срце ме покоруваа
тие порно усни што кон тебе ме доблужуваа
тој карактер што како времево се смени
но ти благодарам што го покажа вистинското лице
сега тешко тоа да се врати
заминувам од твоите подли игри
од твоите лаги и невистини
Не сум ти љут на тебе
но ме правиш идиот да бидам нели гледаш
за тебе светот би го дал да бидеш со мене
но изгледа сум една трошка песок која на брегот ја нема
но ако ме погалиш сета таа љутина от мене ќе ја снема
затоа што ти си тоа што во моментот ми треба
Те викнав да дојдеш со мене на Матка
да ја осетиш таа природа слатка
да се насмееш со мене да бидеш како мало девојче
невино и искрено што игра само со мене
и можеби ќе беше вистина тоа да твојот страв и неодлучност те покорија
и од тој момент кога ме зезна јас си реков
тргни се од неа со друга смени ја
и наместо девојка вежбам сега тешко
ми недостигаш иако сето ова ми изгледа смешно
може да се реши,ако се сака се може
ако не само спомените се тука во моето срце
тагата ќе ја снема а успехот е тоа што ќе ме следи
сакам да го осетиш тоа ама гледам тоа тешко ќе се смени
последен потег дигам раце и партијата се решава со реми
Не сум ти љут на тебе
но ме правиш идиот да бидам нели гледаш
за тебе светот би го дал да бидеш со мене
но изгледа сум една трошка песок која на брегот ја нема
но ако ме погалиш сета таа љутина от мене ќе ја снема
затоа што ти си тоа што во моментот ми треба
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Предгробен живот


Судбина
те направиле
свршил во неа
после си се родил.
Исто ко нив
иако автентично
неодвоиво од себе
живееш
предгробен живот.
Еден ден сонцето
и твојот гроб ќе го огрее.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Не сум на љут на тебе
но што да правам кога
си сеуште истата кучка што пред тоа ја познавав
дознавам дека другарките ти го прават твоето мислење за мене
те викам на состаноци и во последен момент откажуваш
па реков кој те ебе тебе
ми недостига таа жена што самата дојде на првиот состанок
по толку долго време
така убава слатка дотерана баш си создадена за мене
бев пичка признавам но имав голема трема
бев вљубен во тебе и сеуште сум
тешко ми е без тебе
кажи им на чувствата да се сменат
секој повик мене ми беше моја среќа
сега си само една сенка што полека ја нема
Не сум ти љут на тебе
но ме правиш идиот да бидам нели гледаш
за тебе светот би го дал да бидеш со мене
но изгледа сум една трошка песок која на брегот ја нема
но ако ме погалиш сета таа љутина от мене ќе ја снема
затоа што ти си тоа што во моментот ми треба
Самата покрена иницијатива да ме викнеш другпат
како инспектор ја викна другарка ти
како стапица ми постави
но што да правам сакав да те видам без разлика со кој и да си
можев да те одбијам зашто знам која игра играш
но со тебе сум одлучил да не играм ништо
но на крај гледам дека се во своја полза искористуваш
и ме фати емоциите и стравот
како мало дете тешко нешто да зуцнам
толку беше убава што во твоите бакнежи
би се изгубил,би се стопил и дивиов ѕвер
на тебе ти се покорил
и кога те испратив како за последен пат ги видов
тие очи длабоко што во срце ме покоруваа
тие порно усни што кон тебе ме доблужуваа
тој карактер што како времево се смени
но ти благодарам што го покажа вистинското лице
сега тешко тоа да се врати
заминувам од твоите подли игри
од твоите лаги и невистини
Не сум ти љут на тебе
но ме правиш идиот да бидам нели гледаш
за тебе светот би го дал да бидеш со мене
но изгледа сум една трошка песок која на брегот ја нема
но ако ме погалиш сета таа љутина от мене ќе ја снема
затоа што ти си тоа што во моментот ми треба
Те викнав да дојдеш со мене на Матка
да ја осетиш таа природа слатка
да се насмееш со мене да бидеш како мало девојче
невино и искрено што игра само со мене
и можеби ќе беше вистина тоа да твојот страв и неодлучност те покорија
и од тој момент кога ме зезна јас си реков
тргни се од неа со друга смени ја
и наместо девојка вежбам сега тешко
ми недостигаш иако сето ова ми изгледа смешно
може да се реши,ако се сака се може
ако не само спомените се тука во моето срце
тагата ќе ја снема а успехот е тоа што ќе ме следи
сакам да го осетиш тоа ама гледам тоа тешко ќе се смени
последен потег дигам раце и партијата се решава со реми
Не сум ти љут на тебе
но ме правиш идиот да бидам нели гледаш
за тебе светот би го дал да бидеш со мене
но изгледа сум една трошка песок која на брегот ја нема
но ако ме погалиш сета таа љутина от мене ќе ја снема
затоа што ти си тоа што во моментот ми треба
Добро бе Стефчо ЗАШТО мораш да КЕЊАШ на секое поле ? Абе да му ебем матер,па нит је поезија ова нит је песна АБЕ НЕЗНАМ што е!​
Ова повеќе личи на искажување на моментални фрустрации и исповед на еден седмо оделенец отколку на било каква форма на поезија,искрено ти кажувам.​
Монолог во најдобар случај ти е ова.што си мислел во моментот си напишал и ајде МОЈА Поезија.Абе една стилска фигура да имаше не ми е криво,абе едно зборче да биде поврзано со нешто,абе грам значење да имаше,не бе човече утепан си ти и од народ и од ТИТО​
Дај не чепкај со анти талентот каде што не ти е место жити очите чакрлии.​
Читај ме сега добро, на МРАВКАТА ке и напишеш некоја оваква​
Македонска Сага
Стана ми Стојан
Стана ми Стојан едно утро,
стана ми со клас надрвен,
јарболот му мајко фронтален,
не бил никогаш похоризонтален.
Што работа е ова - се почуди,
вака нит било нит ќе биде,
го погледна органот мускулозен,
не му бил кластот пофабулозен
Убав е - не дека не е,
ама проблем голем му се отвори,
не сака надолу да се наклони,
ете веќе мајко, три дни.
Реши Стојан да види што е,
да се спаси од судба клета,
да го приземји јунакот капитален,
да побара совет професионален.
Ми отиде Стојан аџамија,
кај Вангелица куртизаната,
ја соочи со другарот запален,
дал може да биде малу намален?
“Ваква убавина не се гледа везден“
Се стресе Вангелица од радос,
не веруват на метрото арбитражно,
белким не измислиле класје монтажно.
“Има спас, Стојан аџамијо,
само ако ти се сложуваш,
зш ќе се смали лепотанов - рече жално,
ќе пробаме со усисна техника, орално“
Ко рече Вангелица го истава на усни,
утроба му се на Стојан поремети,
“Полека мор Вангелице, скрати,
усис ко Rowenta од 1500 вати“
“Мора јако, Стојан будала,
остај ме работа да си бркам,
вака низ куќи да усисавав,
досега со куќен совет ќе претседавав“
Три дни ми Вангелица гениталија усисаваше,
три дни ми Стојан мајко лелекаше,
на трети ден ми јунакот спласна,
Стојан на кревет во бесознание пласна.
Стојан се на седми ден разбуди
Во јунакот ми мајко погледна,
“Зар е можно ова да бил спасот?“
Вангелица ништо не рече - и беше фатен гласот.
“Бре домаќин женско што ти е,
сказалка на струјомер не помрдна,
не ко онаа непрокопсанана Васа,
со Rowenta-та ќе потрошеше 3 киловатчаса“
На уста ми Стојан кладе кавалот,
запеа ми песна весела, радосна,
запеа ми песна за однос генитален
генитален, мила мајко, орален
Оваа поема им ја посветувам на сите Вангелици на светов Посебно
и ја посветувам на музата која ме инспирираше да ја напишам оваа
сага оваа поема која ја покажува несебичната самопожртвуваност
и големата желба за помош на ближниот свој.
едит
Со почит Добро Познат
Сите авторски права задржани.
Па да видиш дали после нема да ти се јави,дали ке ти откажува на закажано,дали ке бега од тебе :pos:
Абе има одма да ти скокне у наручју​
Читај и учи како се пишува поезија,слепчо еден чорчосан​
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ИЧ



Ич не ми се по кеиф
феномените кои се во досег
на мојата сетилна и спознајна моќ.
Ич не ми праат мерак
работиве што ги гледам,
зборовите кои ги слушам.
Ич ама ич не ми прави лезет
сета оваа работа што се случува!
Ама што ќе праиш?
Кога Господ не му ја мисли
ти ли ќе се секираш????
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Аватар

Замисли дека
мојава рака не е на моево рамо
туку на твоето;
но ти си од онаа страна -
во паралелниот свет;
Наместо допир со форма
можам да ти пратам само
плус пет целзиуса топлина.
Ги чувствуваш?

Поверувај дека
во овој миг те гледам само тебе
и никој друг;
Предај се на нежната секунда,
а потоа пак биди суров победник
и замавни во празно
со мечот на иронијата.

Не заборави
да ја избришеш капката крв
со свилено шамивче.
 
С

Сатори

Гостин
Низ пукнатините на нејзината кожа ги гледам светлата, солзите,
сите трансформации што полека ја убиваат, затоа што само ја одалечуваат,
од детството и мирисот на розите.
И знам, дека секогаш кога и помагам,
само дополнително ја повредувам,
со тоа што е, константно ја навредувам,
не знам за друг вид на мотивација,
можеби бидејќи на друг и не ме научила.

Во сите искршени огледала го гледам нејзиниот одраз,
заљубена сум во нејзината тага,
уживам како наркоман секогаш кога ми подметнува некоја нова лага,
мазохист сум за да можам да ја задоволам,
бидејќи одамна се помирив со тоа дека не можам да ја преболам.

Се сеќавам на Магичната фонтана, на Кулата и сите Триумфални Капии кои не постојат,
рални градби, од крв и месо, сплет од нерви,
се сеќавам на нејзиното лице,
никогаш не емоциите на нејзиното срце.

I would do anything for love,
but I won't do that.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
БОГ СИ Е БОГ



Сега за утре нема ништо у план у ко Увод
едино што жал ми е да ги дадам мачињата
ги гледам како се гушкаат како си играат
како ќе се разделат бар од мене да не е
а од друга страна пак неам услови
ќе пораснат и што?
По милостивоста јас сум семилосен и сожалив како Бог
а по Семоќта и она што Он допушта
Бог си е БОГ!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ИСКРЕНОСТ




Јас не сум мудар
Сократ и Платон скромно тврделе за себе
дека можат да бидат само филозофи
А мудар е само Бог!
Така и јас ич не знам лице да правам
кога нешто не ми се свиѓа
ќе ти го кажам во лице!
Па макар да те изгубам за пријател,
па макар да го прекинам односот, релацијата меѓу мене и тебе засекогаш!!!!
Оти ти не знаеш да правиш селекција
а јас а било кој, за тебе тоа е се исто.
Исто ме навреди со некои зборови
кои ги премолчев со тешка мака
без да ти реплицирам
само за да не те замарам,
пошто ти Онака ги кажуваш работите
без слисла, заклучоци без премиси!
Башка тоа важело тогаш
Онака си го рекла!
Што се вели, ти се испуштило
важело за тој миг,
исто ко да ти кажам сега
се гледаме за две недели
а после да ти кажам ама тоа важеше за Тогаш
осети на своја кожа кога некој ќе ти ги прекрши и нема да ти ги исполни ветувањата
и не се лути што не ви ги исполнуваат изборните ветувања
штом мора да постојат такви луѓе кои ги кршат ветувањата!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom