Аутлет продавници

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Аутлет продавници се продавници на брендовите со стари колекции каде може да се најдат одлични и квалитетни парчиња гардароба по многу ниска цена.
Но за жал истите кај нас речиси и на прсти можат да се избројат. Ако во странство постојат огромни трговски центри со аутлет продавници, кај нас ваквите продавници речиси и да ги нема.

Пред некоја година се отвори Зара аутлет, што немаше благе везе, затоа што цените беа огин и пламен за аутлет колекции. А колекциите беа од пред 10 години. Лупни му на македонче нешто старо и скапо а брендирано и ќе се залета да купи. Жива среќа што се затвори продавницата.
Во Соравија треба да има продавница со аутлет колекции на Мис сиксти и Енерџи, ама никако да се отвори.
Виктор Шевињон имаше порано во подрумот во Буњаковец, ептен забутано, ама не знам дали сеуште ја има.
Дури се зборува за многу аутлет продавници кои се надвор од центарот на Скопје, па многу малку луѓе знаат за нив.
Моментално во Евроазија има аутлет колекции на Бершка и Страдивариус но се најавувани како нови колекции! Нормално со високи цени. Овци сме па не стрижат.

Моментално аутлет продавница за спортска опрема 3М Спорт има во салата Борис Трајковски, каде има одлична спортска гардароба и чевли.


Сте купувале од Македонија од аутлет продавници? Или пак од странство?
Или пак не сакате да купувате од вакви продавници, сакате само нови колекции не стари неколку сезони. (што нема да ме чуди да го кажат многу македонки :))
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Моментално аутлет продавница за спортска опрема 3М Спорт има во салата Борис Трајковски, каде има одлична спортска гардароба и чевли.
Пред некој ден бев и ништо по мој вкус не си најдов. Нема избор на бројчиња од поасалните патики, а тоа што е останато се некакви шпицасти патики (женска варијанта на копачки :) ), а бе да ти се приповраќа. Јас немам проблем со која сезона-што се носи, туку мене да ми се свиѓа. Ама во аутлет во салата ништо не најдов.
Од детските патики, немаше апсолутно никаков избор. Неквалитетна гума (што личи на погуста морска пења), а бе патики ш класа. А и чуден аутлет иаме... патики од 800-2400 за деца, до дупло повеќе за возрасни.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Пред некој ден бев и ништо по мој вкус не си најдов. Нема избор на бројчиња од поасалните патики, а тоа што е останато се некакви шпицасти патики (женска варијанта на копачки :) ), а бе да ти се приповраќа. Јас немам проблем со која сезона-што се носи, туку мене да ми се свиѓа. Ама во аутлет во салата ништо не најдов.
Од детските патики, немаше апсолутно никаков избор. Неквалитетна гума (што личи на погуста морска пења), а бе патики ш класа. А и чуден аутлет иаме... патики од 800-2400 за деца, до дупло повеќе за возрасни.
Иначе јас немам идено, ама ми кажаа дека имало по солидни цени спортска облека.
Али не ме чуди ова што ти го кажуваш.
Знаеш во странство во Адидас пример продавница има нова колекција, па следи попуст, па ако не се продаде се носи во аутлет продавницата на Адидас. Тоа трае неколку месеци ај и година.
А кај нас во Адидас има патики и од пред 5 години, али штом остане патика до две ја даваат во аутлет. Го нема тој процес на нова колекција, попуст, па аутлет.
Или може во 3М се увезени патики специјално за оваа продавница, стари цела деценија .

Би сакала да одам во Солун во Мега аутлет трговскиот центар, каде има на многу брендови аутлет колекции. За џабе. Кај нас ваков трговски за 50 години да очекуваме.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Јас не сум купувала во аутлет продавница.А сакам:vozbud:
Овде во Холандија,штом помине сезона,има добар попуст и многупати имам меркано некои парчиња,па чекам да ги фати попуст и после јуриш...неможам да излезам.
Секогаш има сезонски попуст.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Борис Трајковски не е нешто, али тој до Космос, има што да се купи. Избор огромен.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Одлична беше и Happening outlet во ГТЦ на приземје, си имам купено неколку работи оттаму за сосема пристојна цена. За жал, ја затворија, а во новиот дуќан на горниот спрат цените се оган и пламен...можеби затоа е стално празно кога и да поминам:)
Ако некој оди за Бугарија, во Софија има огромна outlet стоковна куќа, Sofia city mall, мислам дека така се викаше...Што се однесува со Бершка и Страдивариус, само ќе кажам дека фустанче кое пред 3 години го продаваа во Белград го видов пролетоска...со цена како да е топ нова колекција. No comment.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Борис Трајковски не е нешто, али тој до Космос, има што да се купи. Избор огромен.
За жал ова више не е точно бар за спортските аутлети во Мега Оутлет, ништо нема веќе. :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Има нешто ново вакво отворено?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Одлична беше и Happening outlet во ГТЦ на приземје, си имам купено неколку работи оттаму за сосема пристојна цена. За жал, ја затворија, а во новиот дуќан на горниот спрат цените се оган и пламен...можеби затоа е стално празно кога и да поминам:)
Ако некој оди за Бугарија, во Софија има огромна outlet стоковна куќа, Sofia city mall, мислам дека така се викаше...Што се однесува со Бершка и Страдивариус, само ќе кажам дека фустанче кое пред 3 години го продаваа во Белград го видов пролетоска...со цена како да е топ нова колекција. No comment.
Јас си купив работи од таму тука што се 50 проценти поскапи и квалитетот е ист.Патики за 35 евра,шорцеви и маица за трчање 20 евра.Ама збориме за марки како Adidas,kappa
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Има нешто ново вакво отворено?
Има. Пролазот од кај Валијант нАкај плоштад до еми медија и медицина, има аутлет од мура енерџи и др јаки фирми, ама не очекувајте ептен ефтини цени
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Има. Пролазот од кај Валијант нАкај плоштад до еми медија и медицина, има аутлет од мура енерџи и др јаки фирми, ама не очекувајте ептен ефтини цени
Не разбрав кај е ова :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Не разбрав кај е ова :)
Од Валијант центар не одиш по уличката накај бул. Климент охридски туку накај плоштад, го поминуваш паркингот и за да излезеш на улицата нели има пролаз помеѓу згради. Не го поминуваш пролазот туку имаш во зградата еми медија, после дилер на медицински материјали медицина, и после нив аутлетов. Има реклами ќе видиш
 
Член од
29 август 2008
Мислења
56
Поени од реакции
4
Здраво форумџии,
ако може да ми кажете работно време на аутлетот во Борис Трајковски (АДИДАС) во викент т.е Сабота и Недела
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Здраво форумџии,
ако може да ми кажете работно време на аутлетот во Борис Трајковски (АДИДАС) во викент т.е Сабота и Недела
Ако мислиш на Спорт М, мислам дека работат до 19:30, али уште одма ти кажувам џабе ќе си трошиш време, јас денес бев и нема ништо, истите патики ги вртат цела година, едино има некои јакни на попуст.
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Здраво форумџии,
ако може да ми кажете работно време на аутлетот во Борис Трајковски (АДИДАС) во викент т.е Сабота и Недела
Работат денес,ама утре не, ова е за СпортМ.Немаше голем изборр на патики, и цените горе-доле се исти со другите продавници, далеку од Аутлет е ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom