Од поранешните југословенски републики, Македонците земаат најмали плати

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е главната поента(y) , и тогаш постоеле развојни програми но исти такви луѓе ги "спроведувале".Коренот на нашиот проблем е токму овој , Словенија има поинаков менталитет сосема различен од нашиот затоа тие максимално ги искоритија бенефиците кои ги даваше таа поранешна држава , а од кога станаа самостојни за нив се продолжи да си функционира.

Точно,не велам не.. Кој ни е крив што Словенците имаат памет,а ние не. Реалност.
 
за да ја потврдиш тезата дека таму има пониски трошоци на живот треба повеке фактори да земеш не само цени на одредени производи, инаку колку за инфо српското млеко има извозни субвенции затоа е толку ефтино а тоа е затоа што имаме глупи луге кај нас што не ставаат антидампинг , инаку за девалвацијата на србија не се радувај многу затоа што девалвацијата е добра за држави што имаат суфицит во надворешната трговија а србија има дефицит , така да ако некој сака да го осовремени своето производство пример и сака да купи машини ке треба за 50% повеке да плака сега отколку да треба да ги купел пред 4 години, а ти ако не внесуваш современа технологија која во 99% од случаевите е од увоз ,тогаш сериозно ке се наруши конкурентоноста на економијата на среден и долг рок така да не ги гледај така лаечки работите.

Повеќе тоа оправдување со субвенции за српско млеко не држи бидејќи сега и нашите земјоделци земаат доста големи субвенции , таму се модернизираат во производство а кај нас нашиве или автомобил или мотор купуваат. од субвенциите
 
Проблемот е кај млекарите,не кај земјоделците..нашите бизнисмени се без идеја,без концепт за развој и стратегија..полесно им е продај ја фабриката земи некоја пара,него да се замарам да ја разбработувам..тоа им е патолошка болест на нашиве претприемачи и бизнисмени..
И така уште ќе биде,бидејќи најголем дел од нив се од оној систем,со недоволно образование,со заостанати мислења уште од 73-та..едини странски јазик кој го знаат е српско-хрватскиот.. и што да очекуваш послем..ќе трае се додека не искочат нови пообразувани кадри.
 
Македонец и Германец се прашувааат кој зама поголема плата.
Германецот:Jас земам 4000
Македонецот:Jас земаам 25000
Германецот:Ауууу па ти земаш шест пати поголема плата од мене а само кукаш дека немаш пари??????
Кој вика дека имаме најмали плати

Добар виц еј, само што штета што е виц а не реалност.

И плус си заборавил да ги конвертираш, 4000 евра и 25000 денари во иста валута, бидејќи нели баби и жаби не одат заедно, тоа требало да те научат во основно, ако го имаш. (И се прашувам зошто просечната плата ја помножи со два).
Face_Palm_by_magicswordz.jpg
 
Повеќе тоа оправдување со субвенции за српско млеко не држи бидејќи сега и нашите земјоделци земаат доста големи субвенции , таму се модернизираат во производство а кај нас нашиве или автомобил или мотор купуваат. од субвенциите
Не зборам за тоа дека немаме ние субвенции туку пази што зборам србија дава извозни субвенции а тие се забранети во надворешната трговија, инаку дека ние имаме релативно големи субвенции е точно но кај нас со тие субвенции се купуваа социјален мир а не земјоделски развој. најдобар доказ за тоа е дека просечно земјоделска задруга поседува 1,4 хектати а во еу или во србија на пример е 14 хектари просек , направија грешки пред 5-6 години кога многу ситно го поделија земјиштето и сега откако сфатија дека со толку мали парцели нема продуктивност ако пратиш ова ке видиш дека сега им викаат здружувајте е се и формирајте заеднички задргу со цел пример место 5 души што секој од нив има 2 хектари да купува секој од нив трактор пример да купат заеднички кој после заедно ке го користат итн итн.
 
Ne davaat izvozni subvencii tuku imaat programa za pottiknuvanje na izvozot isto kako i nie. Inaku za nivnata izvozna programa davaat 1.5 milioni evra . Inaku za ostanatoto apsolutno se slozuvam.
 
Проблемите(грото) од економски причини лежат уште од времето на поранешната ни држава Југославија. Уште од тогаш Македонија беше неправилно запоставувана и максимално искористувана..додека голем капитал одеше во Словенија,Хрватска и Србија,се градеа големи фабрики,енергетски ресурси и сл. од Македонија само се грабаше и се искористуваа ресурсите..Примери за тоа има безброј,најпрост пример е со виното,тони наливно во цистерни вино одеше во Хрватска и Словенија,за многу мала пара,а после истото такво ни го враќаа флаширано и со многу повисока цена,а најтрагично е што се прикажуваше како да е Хрватско/Словенско..исто се правеше и со останатите земј.продукти.
Него.. многу раја сеуште се пали на тоа време и масовно мастурбира,а за овие податоци нејќе да чуе или не знае. Ние испаднавме глупи и не искористија,кога мислам ние најмногу Македонија (а и Босанците и Црногорците во голема мера), и со дел од наш придонес е таа економија што они денес ја имаат,бидејќи свесни беа дека еден ден ќе се распадне таа вештачка творба на Тито..а развојот не беше рамномерен,свесно си ја искористија приликата тие што беа паметни и денес се на неколку нивоа над нас..
Како прво Хрватска и Словенија најмногу го пунеа буџетот на Југославија и најмногу даваа за неразвините делови на Југославија (Македонија,БиХ и Косово).Не сум сигурен по колку % даваа од своите пари за неразвиените делови.
Како второ Македонија после 2 светска војна е едено од најнеразвиените места во Европа,во ранг на местата во централна Африка.
Пред втората светска војна уште умирале од глад и неухранетост тука.Скоро и да спиеле со мечките заедно...... Луѓето со високо образование буквално се броеле на 3-4 раце,ретко кој бил и писмен.Инфраструктура и индустријализација пред 45 нема никаква.
Нормално дека таа назаденост уште од турско време,па преку СХС ќе ја влечеме и денес.
Да не беше Југославија немаше ни пат да видиме,ни електрана,ни фабрика,а не па уште не експлатирале.
Види колкава е развиеноста на Хрватска и Словенија пред 45та година и каква е во Македонија.
Ете во 20 години независност ништо,буквално ништо немаме сами изградено.Сега жими СК 2014 што е и аеродромот.Ништо буквално нема што не ни е останато од времето на Јуславија.
Се морало од 0 тука да се гради.Што и не е некое големо оправдување за мене.Да има улога тоа што овде е пустош пред 45та година,но ние без војна во 90тите сами се се испокрадовме најмногу од сите во Југославија.
 
Ма не била Југославија проблем за Македонија, напротив. Турското е проблемот, а помалку и менталитетот, да си бидиме искрени.
 
Ајде вака ке пробам да орбазложам...
Македонците земаат најмали плати тоа е вистина, меѓутоа тоа не е толку битно...Она што треба да се земе во предвид е БДП и животниот стандард на граѓаните (и во оваа категорија сме најслаби).
А видов и дека некој спомна невработеност...Да има голем број на граѓани кои работат на црно, не се плаќаат придонеси и воопшто не се пријавени како работници...Меѓутоа тоа се надополнува со големата вработеност и пренатрупаност на јавната администрација(повеќе од 40% од вработените се под капа на државата), така да реалната невработеност би изнесувала негде околу 32% невработеност....
Што се однесува до просечната плата и таа не е меродавна, бидејки имаме текстилни работници кои работат за 6.000 ден месечно 6 дена во неделата, а пратениците земаат 60.000 ден месечно, и плус најслабо платените работници во државните и општинските органи земаат 18.500 ден.( вработените во комунална хигиена, под капа на општините во Р.М.)

Така да точно е дека македонците живеат најсиромашно со најмали плати, имаат најголема невработеност и имаат најголем број на фирми под стечај (иако нашата популација е некаде 2 000 000, а од нас помала е само Црна Гора (не ја сметам Словенија бидејки они се друг свет)).
Поздрав:)
 
Според податоците од 2011 година

Словенија 987 евра
Хрватска 739 евра
Црна Гора 484 евра
БИХ - 418 евра
Србија 369 евра
Косово 345 евра
Македонија 333 евра или 20.585 денари.

Косово ни бега за околу 10 евра повеќе ама тоа според мене и не е некоја голема разлика, само чудно е како држава формирана пред 3-4 години може да има толкава плата. Она што навистина не ми е јасно е тоа како може Босна да има поголема просечна плата од Македонија кога земјата уште од војната досега неможе никако политички и меѓуетнички да се опорави а невработеноста им е мислам поголема и од нашата.
 
Според податоците од 2011 година

Словенија 987 евра
Хрватска 739 евра
Црна Гора 484 евра
БИХ - 418 евра
Србија 369 евра
Косово 345 евра
Македонија 333 евра или 20.585 денари.

333 евра
333 евра
333 евра
333 евра

bitch-please-rage-face.png

1d555993_computer-throwing-window-out-stupid-monitor.jpeg
 
ебе*ето е сила ебе*ето е моќ
затоа луге е*ете по цел ден и ноќ
 
Според податоците од 2011 година

Словенија 987 евра
Хрватска 739 евра
Црна Гора 484 евра
БИХ - 418 евра
Србија 369 евра
Косово 345 евра
Македонија 333 евра или 20.585 денари.

Косово ни бега за околу 10 евра повеќе ама тоа според мене и не е некоја голема разлика, само чудно е како држава формирана пред 3-4 години може да има толкава плата. Она што навистина не ми е јасно е тоа како може Босна да има поголема просечна плата од Македонија кога земјата уште од војната досега неможе никако политички и меѓуетнички да се опорави а невработеноста им е мислам поголема и од нашата.
Дај извор да проверам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom