Ми се случувале вакви работи и во минатото. Ми влегувала мува во соба и се моткала околу мониторот додека седам на нет. Од тие упорните муви. Ти зуе околу глава, ти слетува на монитор, ти остава флеки...
Сум пробал и да ја смачкам, ама секогаш била побрза од мене. На крај сум и' признавал пораз па само сум мафтал за да се тргне од мониторот. По половина час или цел час мафтање и бркање на мувата, конечно ќе реши да си одлета од собата, а мене мафтањето ми останувало како условен рефлекс. Толку сум бил истрауматизиран што на неколку пати раката сама ми замавнувала. Исто како што и понатаму ќе имам тикови на секое известување од страв дека пhумата ми реплицирала во ЧДА.
Среќен пат, пуме.