jyvation
Пургер
- Член од
- 4 ноември 2009
- Мислења
- 2.159
- Поени од реакции
- 2.758
Со душа ја чекав вчерашната утакмица.....кога дознав дека Ливерпул ќе игра на аренава наша со стопив од радост.....иако сите од окружувањето мое ми викаа "срамота за Ливерпул ќе навиваш....ова, ова....." бла..бла....блааа...!!!! Сето тоа го игнорирав, чекав пред билетара - не многу долго, си купив карта и со огромна радост го дочекав вчерашниот ден.....!!!! Дојде и тој ден, моментот кога ќе го гледам нашиот Ливерпул на арена во Скопје, за волја на вистината со втор или трет состав што би се рекло, но битно името го носеа. Се до почетокот на натпреварот за мене тоа изгледаше како бајка една, во која јас си направив филм со другаров дека сме во Англија и идеме на натпревар од куп некој.....нема врска муабетов.....се начукавме со пиво во англиски стил и очекувавме навивање во англиски стил....али одкако почна натпреварот нашите "верни навивачи" на работнички кои ме осудуваа за мојата ориентација на натпреварот ги немаше никаде......а пред тоа ме убедуваа колку сите ќе направеле добра атмосвера.....единствено навивање беше У-А- Македонија......НА КЛУБСКИ НАТПРЕВАР....али така си го покажуваме патриотизмот ние.....кои сме и што сме.....и тоа дерењето, всушност Укањето и пцуењето за Сото.....искрено и мене ме понесе глупавата атмосвера и јас го опцув неколку пати, за што еве денеска жалам....не згрешил ништо човекот....ништо лошо не направил....само си е грк!!!! И на крај си ја покажавме љубовта кон фудбалот со тоа што на 15 мин пред крај 30% од публиката стана да си иде.....НЕ БИЛЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПРИКАЖАНОТО.....па што очекуваа, да победат.....срамота!!! Во глобала седам сабајлево дома така мамурен и си викам далеку сме ние од фудбалска Европа....ма не само од фудбалска, од секаква!!! На крај неможам да кажам дека жалам што отидов на утакмицата, далеку од тоа....но освен топката и играчите вчера вечерта не видов нити слушнав нешто што би ме навело на европска фудбалска вечер...но, се надевам дека во иднина ќе се промениме и ќе знаеме во целост да пречекаме и испраќаме великани од спортскиот свет....во случајов светски познат фудбалски клуб!!!
П.С. Ова ми е прв така подетален пост и се надевам дека ќе наидам на позитивни коментари YNWA
1.Тоа напуштање на стадионот го има секаде во светот,па дури и во една Англија од каде што доаѓа и големиот Ливерпул.
2.Какво навивање очекуваш кога бројката на Романтичарите кои се навивачи на Работнички е мала.
3.Зошто да не го исвиркуваме Гркот.Пример истото можеше да се случи и во Грција само во обратна ситуација.Некој нашинец да биде исвиркуван.
Единствено што ме налути е прекинувањето на рефлекторите на Северната трибина.
УЕФА све прати :salut: