Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Е сега кога имаш слобода на говор можеш да го редефинираш бог колку сакаш, но ако си христијан се знае точно што е бог. Ако си муслиман, исто така. Сето тоа ви е запишано во книгите. Тоа што решавате да си креирате девијации на религиите е ваша клетва, нема да се мешам во тоа. Еден атеист не верува во никакви натприродни суштества од типот на богови, ангели, ѓаволи и слично. Па мајка му стара, ваљда ти не знаеш подобро од мене во што ЈАС верувам. Не знам од каде толку ароганција да ми кажеш во што верувам. Дали сега ќе ми кажеш кога сум гладен, кога ми е ладно? Ти се молам...

Не можеш бог да го стрпаш во животот на еден атеист без разлика колку ја едитираш формата на тој бог. Се дур е тој натприродно и спиритуално, не припаѓа во атеизмот.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Господ не е насилник? Во тој случај ти не си верник. Барем не христијански, бидејќи колку што јас знам, да бидеш верник на една религија значи да ја следиш нејзината доктрина.

Тој твој ненасилен бог беше извор на уништувањето на два града, Содома и Гомора. Да, таму биле силеџии и криминалци ќе ми речеш сега. Навистина? Децата и бебињата од тие градови беа исто така силеџии и криминалци?

Твојот ненасилен бог ги уби сите новородени во Египет.

Тој мирољубив бог беше причина за крстоносните војни, за палењето на вештерките а денес е извор на омраза и меѓурелигиски војни. Како што гледам во домот на тој твој пацифистички бог (Израел) не растат баш ружи.

Затоа те молам, ако веќе сакаш некого да нахраниш со такви лајненици, барем направи ги да изгледаат малку веродостојно.
Христијанскиот атеизам е да живееш христијански како Бог да не постои!
Сево ова насилство што го припишуваш на Божја адреса е израз на човечката Слобода, како и твојот став на негирање за Неговото постоење.
Вреди да размислиш за ова, за да ја разбереш Христијанската логика.
Исус ти е доказот кој го бараш, кој ако не се вознесеше, и денес ти како ап. Тома ќе можеше да го пипнеш и да се увериш, но веќе претпоставуваш зошто не е тука, туку неговата Црква која преку Св. Дух (Духот на Слободата) која го сведочи до крајот на оваа Историја.:)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Доказ за ова молам? Ти со сигурност ТВРДИШ дека не е материјално битие, значи од некаде го имаш ова сознание. Де да видам од каде. Само не ми спомнувај библија те молам :)...
Епа што да спомене? Дарвин да не сакаш да го користи во своите тези?

Никогаш нема да убедиш некого да го смени верувањето, ниту пак тој тебе. Она што е битно е да се всади доза на резерва во нечие размислување, доколку воопшто не постои такава резервираност.

Тоа е мојот став - дека во животот немаш само црно и бело, и дека немаш сигурен настан, туку напротив имаш и сиво, и имаш единствено како поим скоро сигурен настан.

Не можеш да дискутираш за било каков Бог, а да немаш дефиниција што е Бог. Беспредметно е.

Затоа се дискутира од атеистички аспект против Бог со антропоморфни карактеристики, опишани таму и таму.
 
С

Само Човек

Гостин
Колку сте само лицемерни па се осудувате да кажувате кој знае што е морал а што не и кој сретнал а кој не.
Мајка Тереза рекла кога ќе има протест ЗА мир викнете ме. (ја викале на протест против војна)
Кога човек ќе биде за морал, а не против неморал ќе сретне МОРАЛ
[
Да.

Оттука следува дека Ниту Ева згрешила што го убедила Адам да касне од јаболкото ниту пак Лукавиот туку ОН,бидејќи он му ја дал слободната волја.
имале ЕДНА заповед и биле предупредени, слободната воља е бираш
Сум прашувал сегде и пак-Кој е тој емоќен ентитет,толку семоќен за него нема невозможно и истиот е апсолут ако е така оттука следува дека истиот би требало однапред да знае што планирал лукавиот и да го фрли во бездната која отпосле му е резервирана,нему и останатите демони кои нели во Божјето Царство ќе бидатказнети со илјада-годишно бездејствие додека ќе владее божјото царство а потоа според откровениет, казната на луцифер ќе биде укината(помилување чунки)и ќе биде пуштен во рајот но со ЦЕЛ за да Бог увиди кои ќе успее луци да ги заведе(и анѓели и луѓе) да го обожуваат него наместо Бог за на крајот да ги уништи.
Значи Бог не може да го контролира човекот, има слободна воља. Бог создал камен кој неможе да го крене
Туку имам едно прашаење,дојдоа неколку лоботомирани јеховини сведоци и ми дадоа книга со наслов најголемиот човек кој некогаш живеел и во истата книга прочитав дека Исус бил создаден од Бог уште пред создавањето на материјалниот свет и постоел пред создавањето-точно или не??
да постоело светото тројство
Понатаму таму имаше една квота која мислам дека не ја прочитав во библијата иако поодамна ми е читана.

Квотата е 144 000 луѓе квалификувани за рајот-Мал дел израелци поголем Рисјани кои ќе бидат во рајот-дали е точно дека бројот на жители на царството божјо е однапред познат и детерминиран???
--- надополнето: 25 мај 2012 во 05:37 ---
НЕ Е ПОЗНАТ, за тебе ќе има место ако се покаеш
Епа нели евреите го убиле Исус наместувајќи го,а го спасиле бараба убиецот,силувачот-неморалниот.

Најинтересно е што Исус самиот вели дека Евреите не се виновни туку дека тоа е БОЖЈАТА ВОЛЈА за која бил пратен за која бил пратен и ја исполнил т.е ги откупил нашите гревови пардон на предците наши.(кога не би ја-ние би страдале како Педерите во Содома и Гомора горејќи и труејќи се со сулфур-за кој велат имаат докази МИКИ1 ми даде линк побарајте поназадилипрашајте го).
ИСУС е пратен да ги очисти гревовите
Мразејќи ги евреите поради смртта на Исус оттука е ПРОТИВ волјата Божја која они ја оствариле.

Или можеби ги мразат оти бог на Евреин му дал завет дека ете они се божјиот народ а ние Рисјаните,Муслиманите и останатите Извозна варијанта,Будистите се Фелер производ и затоа немаат душа:D
Евреите се омразени поради http://ieet.org/index.php/IEET/more/4828
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Е сега кога имаш слобода на говор можеш да го редефинираш бог колку сакаш, но ако си христијан се знае точно што е бог. Ако си муслиман, исто така. Сето тоа ви е запишано во книгите. Тоа што решавате да си креирате девијации на религиите е ваша клетва, нема да се мешам во тоа. Еден атеист не верува во никакви натприродни суштества од типот на богови, ангели, ѓаволи и слично. Па мајка му стара, ваљда ти не знаеш подобро од мене во што ЈАС верувам. Не знам од каде толку ароганција да ми кажеш во што верувам. Дали сега ќе ми кажеш кога сум гладен, кога ми е ладно? Ти се молам...

Не можеш бог да го стрпаш во животот на еден атеист без разлика колку ја едитираш формата на тој бог. Се дур е тој натприродно и спиритуално, не припаѓа во атеизмот.
Кога се обраќаш до некој член на форумов, прво наведи го цитатот од оној на кого му се обраќаш, оти вака се губи редот во муабетот и во дискусијата...
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Прашувам за олтарот и прашањето е многу длабоко( го опфаќа и материјалното, но и многу подлабоко), но ти плитко го разбираш! Секој суди според самиот себе.
Ми велиш дека олтарот е дел од храмот, а храмот ви има форма како слика за нешто што велите дека нема форма, дека е бесконечно?
Храмот не е дел од Земјата, дел од Сончевиот систем или се' гледате земски, градите слика за еден земски бог како што велат и богомилите?
И практичниот дел е беден, далеку од практичен! Ограничување...
Храмот се разбира има своја симболика и форма. Сето тоа е во контекст на Вечноста, идното Царство на Бог и Човекот.
Инаку се создадено е Храм на Живиот Бог, што ти е Проблемот?
А практичниот дел, немој да ми кажеш дека ти немаш физиолошки потреби.:D
 
С

Само Човек

Гостин
Al-Emagare вели дека не е математички 1+1+1=1 значи 1 батерија, 1 маска, и 1 сим правет мобилен.
А ти да те прашам како стоиш со математика, т.е. геометија . Една честица да се заврти два пати и образува една иста кружница од 720, но НЕ според Еволуција образува 360 . Што е ? Шестарот не пишува убаво ?
--- надополнето: 25 мај 2012 во 14:58 ---
Дали има запишано пророштво во Стариот Завет за доаѓањето на Исус?Ако има,може ли некој поубаво да објасни:1.врз основа на што се толкувале пророштвата,кој бил критериумот за да се утврди дека се исполниле;2.зошто Евреите не го прифаќаат Исус како пророк?Ви благодарам.
заебаваш? Битие 3,15 - Господ Бог му вели на змијата, исто така, отвори патот за неограничена непријателство меѓу тебе и жената и помеѓу потомството и неа. Тој ќе го здроби главата и ќе го каснуваш во петата.
17,7 - потврди мојот завет со тебе и со твоето семе во иднината на своите генерации: тоа е вечен завет што Бог ќе ти биде Бог и вашата иднина семе.
Еремија 23,5,6 - Еве, доаѓаат денови, вели Господ, праведните ќе се подигне до Давид морон. Тој ќе владее како мудар крал и донесе мир на земјата, правото и правдата. Во неговите дни помирно ќе биде спасен и Израел ќе живеат во безбедност. И ова е име кое ќе се вика: Господ - ни праведноста.
Даниел 9,24,25 - Седумдесет недели се утврдениот лимит вашиот народ и светиот град, на немири заврши, и тоа беше крајот на гревот, тоа беззаконие беше очистен и правдата некогаш дојде до печат Пророчката визија и помазание на Светиот светители.
Исаија 7,14 - Затоа самиот Господ ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе го повика своето име Емануел, Бог е со нас.
Михеј 5,1 - "А вие, Витлеем efrat, малку меѓу кнезовите јудејски, од вас, само да стигне до мене една кој ќе биде владетел во Израел, чие потекло се древните, од времето на вечноста."
Стариот Завет Еремија 31,15 - Така вели Господ: Во Рама се слуша вика - плаче, солзи и горки Lamentations. Рејчел каде што плачат над нивните деца над нивната загуба не може да се утеши! "
Стариот Завет Псалм 78,2 - Во параболи да разговара со мене за да се открие античките тајни.
и уште има само мислам дека се доволно.
И јас не го прифаќам за пророк, тој е повеќе од пророк
што кажува Исус за Себе – Кој е Тој според Неговите зборови? Што кажува Библијата за Него. Прво нека да ги разгледаме зборовите на Исус во Јован 10:30 „Јас и Татко ми едно сме.“ На прв поглед не изгледа дека Исус кажува дека е Бог. Но нека да видиме како возвраќаат јудејците на таа Негова изјава: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство – зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.“ (Јован 10:33) Јудејците ја прифаќаат таа изјава како тврдение дека е Бог. Во следните стихови Исус не ги поправува јудејците и не им кажува: „Не сум кажал дека сум Бог.“ Тоа покажува дека Исус навистина го имал точно тоа во предвид – дека е Бог со зборовите: „Јас и Татко ми едно сме.“ (Јован 10:30) Јован 8:58 е друг пример. Исус кажува: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум пред да се родил Авраам.“ И повторно како одговор на Неговите зборови јудејците земаат камења и сакаат да Го убијат (Јован 8:59). Исус, Кој кажува за Себе „Јас Сум“, всушност директно си го додава староизаветното име на Бога. (Излез 3:14) Зошто јудејците сакале да го убијат Исус со камења ако Тој не кажал ништо, што тие го сметале за богохулство, а именно тврдењето дека е Бог.

Јован 1:1 кажува: „Словото беше Бог“. Јован 1:14 кажува: „Словото стана тело.“ Тоа многу јасно покажува дека Исус е Бог во тело. Тома кажува на Исус: „Мој Господ и мој Бог.“ (Јован 20:28) Исус не го поправа во тоа. Апостол Павле Го опишува како: „...нашиот Семоќен Бог и Спасител, Исус Христос.“ (Тит 2:13) Апостол Петар исто така кажува: „...нашиот Бог и Спасител, Исус Христос.“ (2 Петар 1:1) Бог Таткото исто така сведочи за личноста на Исус Христос: „„А за Синот вели: „Твојот престол, Боже, стои во сите векови и жезол на правдата е жезолот на Твоето Царство.““ (Евреи 1:8) Старозаветните пророштва за Христос исто така ја потврдуваат Неговата божественост: „Зашто ни се роди Дете, Син ни се даде, власта Му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.“ (Исаија 9:6)

Зошто е толку важно прашањето околу вистинското лице на Исус? Зошто е толку важно тоа, дали Исус е Бог или не? Најважната причина да се знае дали Исус е Бог или не е затоа што ако не е Бог, тогаш Неговата смрт не би била доволна за да ја плати казната за гревовите на целиот свет (I Јован 2:2). Само Бог може да ја плати таа голема казна (Римјани 5:8; II Коринтјани 5:21). Исус сигурно е Бог за да може да плати за нашиот долг. Исус сигурно е и човек за да може да умре. Спасението е возможно само преку вера во Исус Христоис! И токму поради Својата Божественост Исус е единствениот пат за спасение! И поради тоа дека е Бог Тој кажува: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене“ (Јован 14:6).
ПОЗДРАВ
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.144
Поени од реакции
12.126
Храмот се разбира има своја симболика и форма. Сето тоа е во контекст на Вечноста, идното Царство на Бог и Човекот.
Инаку се создадено е Храм на Живиот Бог, што ти е Проблемот?
А практичниот дел, немој да ми кажеш дека ти немаш физиолошки потреби.:D
Немам проблем, не се нервирај... ако не сакаш не мора да одговараш на прашањата... само не се нервирај.
Дека се е Храм истото го велиме и ние, затоа и прашувам зошто олтарот не е достапен за секој и не е надвор?

Чекај малку, какви физиолошки потреби во вашиот храм вршите? Што зборуваш млад човеку? :vozbud:

Прашање до сите (за да либериј да не се нервира и да мисли дека е повикан да одговара):
Ако веќе храмот ви има форма на крст, зошто ви нема форма на римјанин? Тие се вистинските убијци на евреинот кого го следите и верувате дека може да ви ја спаси душата.
Зошто верувате дека евреин (кој од евреите секако не е признаен за спасител на никој, а тие добро го познаваат својот закон) би требало да е спасител на целиот свет од некаков си поробувач?

П.С. Ти либериј ми изведуваш тука гимнастика со одговорите... вечност, идност, царство... Знаеме дека секој маж и жена е Ѕвезда и со тоа Крал. Но тоа е сега, не во некоја иднина која е сосема неизвесна од расположението на еден демијург кој велите дека управува со Земјата. Ова според гностиците ;)
 
С

Само Човек

Гостин
П.С. Ти либериј ми изведуваш тука гимнастика со одговорите... вечност, идност, царство... Знаеме дека секој маж и жена е Ѕвезда и со тоа Крал. Но тоа е сега, не во некоја иднина која е сосема неизвесна од расположението на еден демијург кој велите дека управува со Земјата. Ова според гностиците ;)
Гностичките списи, кои послужија како инспирација за „Кодот на Да Винчи“, се пишувани дури 200 години после Христос, за разлика од Евангелијата кои се пишувани од очевидци.:icon_mrgr:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.144
Поени од реакции
12.126
Гностичките списи, кои послужија како инспирација за „Кодот на Да Винчи“, се пишувани дури 200 години после Христос, за разлика од Евангелијата кои се пишувани од очевидци.:icon_mrgr:
Абе како не се пишувани од очевидци, целиот нов завет е од очевидци напишан. Знаеме тоа... :facepalm:
Ако очевидци се неуки грчки препишувачи незапознаени со еврејските закони, да, јас се сложувам со тебе, „очевидци“ се креатори на ова искасапено дело од кое се исфрлени по договор голем број списи. Со која цел? ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Гностичките списи, кои послужија како инспирација за „Кодот на Да Винчи“, се пишувани дури 200 години после Христос, за разлика од Евангелијата кои се пишувани од очевидци.:icon_mrgr:
Ни едно евангелие не е пишувано од очевидец, евангелијата настанаа во период од 90-150 година од нова ера значи некои 60-90 години по Исуса. За прв пат се поменуваат во 2ри век а имињата на “авторите“ ги добиваат во 4ти век. Најраното сочувано парченце од неколку сантими од некое евангелие е од 120 година од новата ера.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Абе како не се пишувани од очевидци, целиот нов завет е од очевидци напишан. Знаеме тоа... :facepalm:
Ако очевидци се неуки грчки препишувачи незапознаени со еврејските закони, да, јас се сложувам со тебе, „очевидци“ се креатори на ова искасапено дело од кое се исфрлени по договор голем број списи. Со која цел? ;)
Ни едно евангелие не е пишувано од очевидец, евангелијата настанаа во период од 90-150 година од нова ера значи некои 60-90 години по Исуса. За прв пат се поменуваат во 2ри век а имињата на “авторите“ ги добиваат во 4ти век. Најраното сочувано парченце од неколку сантими од некое евангелие е од 120 година од новата ера.
А вие двајца да си одберевте достоен противник? :D
 
С

Само Човек

Гостин
Ни едно евангелие не е пишувано од очевидец, евангелијата настанаа во период од 90-150 година од нова ера значи некои 60-90 години по Исуса. За прв пат се поменуваат во 2ри век а имињата на “авторите“ ги добиваат во 4ти век. Најраното сочувано парченце од неколку сантими од некое евангелие е од 120 година од новата ера.
Мислев на тоа дека Јован и Матеј се очевитци

Дали сведоштвата се веродостојно забележани? Во својата книга „Апостолското проповедување и неговиот развој" Ц.Х. Дод докажува дека начинот на Исусовото проповедање е ист во сите делови на различните текстови содржани во Новиот Завет. Значи, нема сомнение дека тие текстови „ја носат вистинската и оригинална христијанска порака". Други текстови го потврдуваат истото она што го тврдат Евангелијата. Други автори, пак, нагласуваат дека во тоа време, кога се пишувани Евангелијата, се уште живееле оние кои го виделе Исус (види Х.Е.Тарнер. „Историчноста на Евангелијата"). Освен тоа, Евангелијата никаде не алудираат на тешкотиите што ги имала црквата во тоа време. Ако црквата ги креирала текстовите, тогаш Евангелијата сигурно би ги содржеле и црквените проблеми. Она со што се преокупирани Евангелијата (Христовата божественост, даровите на Духот, проблемите меѓу Евреите и паганите, обрезанието и друго) се истакнува токму поради отсутноста на тие проблеми.
Да ги земеме, на пример, споредбите. Дали тие навистина потекнуваат од Исуса? Како некој може да претендира дека Исус поучувал на тој начин, ако тоа не било вистина? Кој друг би можел да ги измисли? Ни еден од познатите први ученици не зборувал така, а на сите им било познато дека Исус поучувал на тој начин.
Еве и уште една потврда. Стручњаците за арамејски јазик, јазикот на кој Исус зборувал, тврдат дека голем дел од Евангелијата може да се реконструираат на тој јазик и дури тогаш да се види силниот поетски збор на тие текстови. Co тоа се објаснува како источњаците можеле да ги запомнат Исусовите зборови со таква прецизност. Некој сметаат дека Исус барал од своите ученици, како што тоа го правеле еврејските рабини, да учат напамет некои негови излагања. Значи, неговото учење уште на почетокот се сметало за нешто што треба да се пренесе од збор до збор. Co тоа може да се објасни сличноста која постои меѓу поедини текстови.
--- надополнето: 25 мај 2012 во 16:47 ---
А вие двајца да си одберевте достоен противник? :D
може да ми кажеш поради кое мое мислење ме вреѓаш последни 24 часа. Што ме направи недостоен или си ме помешал со некој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom