Пишав една статија на мојот форум и ќе ви ја ископирам само. Знам дела е долгичка но има неколку поенти кои боцкаат.
1. Религија v.s Наука
Од секогаш религијата и науката биле на некој начин спротивни. Сепак, по една работа религијата отскокнува. Додека науката се обидува едноставно да го подобри животот, си гледа своја работа и си врви по патот, религијата агресивно се обидува да ја омаловажи науката. Со години гледаме како свештениците се обидуваат да го одвратат народот од науката. Генетскиот инженеринг е само еден од милионите примери. Религијата се чувствува загрозено, знае дека ако науката продолжи со вакво темпо тогаш религијата за многу кратко време ќе исчезне. Се повеќе луѓе престануваат да веруваат во богови затоа што науката по чиста случајност им докажала дека господ не постои. Не дека науката се стреми да го направи тоа - едноставно се случува.
Кога сме веќе кај оваа тематика... Ако утре се докаже дека господ не постои и дека треба да се откажеме од религијата, што е најлошото што може да се случи? Ќе мораме да престанеме да одиме во храмовите. Ќе треба да престанеме да плаќаме давачки за свештениците. Храмовите ќе ги преуредиме во научни центри кои ќе раѓаат нови технологии за подобар живот. Училишта кои ќе допринесат за повисок ментален развој кај идните генерации. Болници кои ќе спасуваат животи. Ох, каков терор ќе настане ако се откажеме од религијата.
Од друга страна, ако утре треба да се откажеме од науката, што ќе се случи? Веднаш, истата секунда ќе започне живот во мрак и ќе се осветлуваме со свеќи затоа што сите електроцентрали ќе престанат со работа. За да отидеш до некој роднина ќе мора да патуваш 2 дена до соседниот град. За да имаат твоите деца да јадат ќе мора да научиш да бидеш земјоделец а воедно и професионален војник зошто секогаш ќе постојат луѓе кои сакаат да ја украдат храната која ја имаш произведено. Ако детето ти се разболи од грип, тоа ќе значи крај на неговиот живот бидејќи ќе нема лекови. Сите ќе живееме во пештери и куќи од кал затоа што нема модерни градежни материјали. Дали ова малку звучи како каменото доба? Па тука некаде ќе бидеме ако се откажеме од науката
Кое носи повисока цена? Ти одлучи, нема смисла да ти солам памет.
2. Пу пу не важи
Религијата прво вика дека не е добро да убиваш. А потоа промовира крстоносни војни. Прво вика дека земјата е рамна и дека има крај. Потоа се согласува дека е тркалезна. Прво вика дека сме центар на универзумот. Потоа се согласува дека не сме. Прво вика дека децата треба да се чуваат. Потоа промовира педофилија. Прво вика дека универзумот е создаден само за нас. Потоа се согласува дека е можно да има вонземјани.
Ова не е неодлучност на религијата, не драг мој читателу. Ова е попуштање бидејќи пред ФАКТИТЕ, и БОГОВИТЕ молчат. Буквално. Додека имаше сила религијата го наметнуваше својот став. Тоа беше така затоа што луѓето немаа начин да го докажат спротивното. Сега има начин, сега се докажува спротивното и религијата повеќе нема контра-аргумент. Нема со што да се брани. Се што може е да ја прифати вистината. Порано религијата го имаше ултимативното оружје - Светата војна. Кога сите методи за замолчување ќе потфрлат, религијата тргнуваше во војна и ги убиваше своите неистомисленици. Така си добиваше уште неколку декади безусловно владеење. Сега веќе не може така. Барем не толку директно.
Порано храмовите беа света божја куќа а свештениците беа божји гласноговорници. Денес кога храмовите и свештениците си го извалкаа името, верниците немајќи друг излез се вадат со ефтини изговори од типот "јас не верувам во свештеници/храмови, бог е во мене". Немој да ти пукнам 2 пати од смеење. Утре кога и ти ќе усереш работа, на што ќе се вадиш? "Бог е во моето дете"? И така во недоглед ќе се бара локација каде да го стрпате вашиот бог само за тој да не изумре. Барем имајте достоинство и признајте дека не бевте во право, или бидете тврдоглави и останете на своето тврдење. Колку повеќе си го менувате ставот, толку повеќе вашиот кредибилитет паѓа. Затоа и паднавте на ова дереџе.
3. Ефтини, подмолни и нечесни удари
Ако сега искочам на улица и му удрам шамар на некое беспомошно дете, ќе бидам линчуван јавно. Зошто? Затоа што сум нападнал послаб од мене. Се изживувам на некој беспомошен. Знаеш што? Го поддржувам тоа. Така и треба да биде. Мразам кретени кои демонстрираат сила на послаби.
И така во училиште на моето дете ќе му биде ставена инјекција со знаење кое не треба да го има. Свештеници ќе го учат дека господ постои. Религијата ќе си ги вмеша прстите. Бидејќи религијата се повеќе и побрзо ги губи своите следбеници, сега е приморана да се служи со крајно безобразни тактики. За да преживее мора уште од мали да ги дресира децата. Знаеш ли ти, читателу, која друга организација го правеше ова? Турските јаничари. Тие ги земаа децата од Македонија (и други окупирани земји), ги тренираа да бидат елитни убијци и потоа ги пуштаа против сопствениот народ. Македонска крв против Македонска крв. Во модерен стил истото го прави и религијата. Од мали ги тренира децата да бидат религиозни војници, да веруваат слепо во бога. Ако тоа не е подмолен удар, не знам што е. Тоа дете сеуште не е способно да размислува. Тоа дете е како сунѓер - впива секакво знаење, без разлика колку е тоа апсурдно. Ако на тие години цело време му викаш дека твоите гаќи се семоќни, детето ќе израсне цврсто верувајќи дека тоа е навистина така.
Ја повикувам религијата да дојде мене да проба да ми соли памет. Јас сум способен да разграничам лага од вистина, реално од фиктивно. Религијата нема никаква моќ врз луѓето штом тие се стекнат со способност за трезвено размислување. Затоа и мора да демонстрира сила врз најслабите, најранливите и најнезаштитените. Тоа што религијата им го прави на децата е исто како да се степаш со хендикепиран човек, да го истепаш и потоа да славиш победа. За славење ли е бре читателу, или за срамење?
4. Дизајнот на религијата е човечки
Ако погледнеме на природата се е неограничено комплексно. Прво мислевме дека бактериите се најмали. Потоа сфативме дека има елементарни молекули. Па откривме атоми. Потоа испадна дека и атомите имале свој состав. Па сега дознаваме дека дури и составот на атомите е составен од нешто.
Потоа мислевме дека постои само нашата планета. Па искочи соларниот систем. Галаксии. Сега веќе умот ќе ти се помати ако помислиш колку всушност галаксии има, а во нив колку сончеви системи и планети постојат.
Ова ни кажува дека се околу нас е толку сложено што не сме способни ни дел од тоа да сфатиме во моментов. Ќе ни требаат илјадници години истражувања за да ја допреме површината само. И тука влегува религијата како целосен парадокс. Дизајнирана е да биде сфатена од човекот целосно. Нема простор за неодговорени прашања. Се е убаво спакувано за кога ќе ја прочиташ твојата верска книга, да не треба да се сомневаш ниту да поставаш прашања. Па друже читателу, дури и кога нарачуваш оброк во Мекдоналдс секогаш има некое прашање. "Со кој пијалок да е оброкот? За овде или за носење?". Колку и да се бориш да ја спакуваш приказната да биде без прашања, нешто ќе те изненади... "Дали со оброкот сакате десерт? Дали сте заинтересирани за нашата најнова промоција...?". Универзумот и се во него е направен за секогаш да има мистерии и неодговорени прашања. Кај религијата тоа го нема.
Знаеш ли што друго е направено на овој начин? Апсолутно се што е создадено од човекот. Религијата е едноставно составена по човечки терк. Од кој и аспект да ја погледнеш, тоа ти се докажува на дело. Секоја нација која што ја пишувала религиозната книга, тоа го направила за да ги рефлектира нивните карактеристики. Исламот говори за пустински војни и содржи традиционални арапски имиња. Христијанството го прави истото по свој шаблон. Баш како што секоја нација си има свој карактеристичен јазик, така и секој народ си има своја религија. Погледни ги само проблемите на човекот. Сите се решени во религијата. Почнувајќи од најголемата слабост - смртноста на човекот. Тоа е решено со задгробниот живот. Потоа доаѓаат пороците и лошите навики. Тие се решени со божјите казни. Не треба да си теолог или ракетен научник за до сега да сфатиш дека религијата е човечка креација, направена за да ги реши тогашните проблеми на човекот. Можеби тоа го правела успешно во времиња кога животот беше едноставен - јади, пиј, размножувај се. Сега веќе е outdated.