Евровизија 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не ја сакам нешто посебно Калиопи и не ја гледав Еровизијава, затоа не можам да ви се вклучам во муабетов околу кичерајот што владее таму. Ама затоа и го гледав настапов на Јутјуб и мора да ја пофалам. Ептен убаво отпеано, на македонски дури звучеше одлично, башка Калиопи никогаш не била поубава на сцена. Жалосно ќе биде ако не се пласира во финале. Ма какви и да биле другите песни, ваков настап заслужува понатаму.

Јас не знам до кога ќе му паѓаат на Жељко на овие жалопојкиве. Лопов невиден. Кај песната крадена, па и спотон со јазикот на глувонемите гарант му е краден од Пол Макартни за последната песна. Страшно е кој манипулант е типов.
 
Која е оваа Покахонтас за која зборите?

Holandija


joanfranka02.jpg
 
После читањево на Твитер почнувам да мислам дека финале не ни бега.
 
Моја прогноза за финалисти
Македонија
Србија
Шведска
Турција
БиХ
Хрватска
Словенија
Украина
Норвешка
Естонија/Литванија
 
Со толку бивши републики, верувам дека поминуваат бар 3/5.
 
Нека не прочитаат први овие глупи водители и после раат да гледам како се трескаат од земја другите. :свиркам:
 
Србија-Црн костим
Македонија-Црн костим
Хрватска-Црн костим
Босна-Црн костим
Црна Гора-Црн костим
Словенија-Невестински фустан
Ми се чини има некоја симболика ова
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom