- Член од
- 24 август 2011
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 807
Види сине, не ми беше целта да ви поставам парадокси за решавање туку барем малку да ја разоткријам контрадикторноста и нелогичноста на религијата. Сериозно, ај сега со отворен ум и без предрасуди да говориме.ама ако веќе го дигне каменот, значи не успеал да направи камен што не може да го дигне и пак испаѓа немоќен......парадокс ти е ова не може да се реши....семоќен е во смисла се гледа, се слуша, се е по негова волја......не верувам дека некој може да го реши парадоксот со каменот.
Имаш еден атеист еволуционист и верник креационист кои зборуваат за настанокот на човекот. Има документирани и опипливи докази дека еволуцијата е легитимна. Арно ама, верникот ќе го постави фамозното прашање "Кој го создал мајмунот?". И еве како ќе се одвива тоа.
Атеист: Луѓето и мајмуните имаат заеднички предци. (пази го болдираново, многу битно)
Верник: Тогаш кој го создал мајмунот?
Атеист: Мајмуните еволуирале од други цицачи
Верник: Кој ги создал тие цицачи?
Атеист: Тие еволуирале од водоземци
Верник: Кој ги создал водоземците?
Атеист: Еволуирале од едноклеточни организми
Верник: Кој ги создал тие организми?
Атеист: Настанале по случајна хемиска реакција на планетава
Верник: Кој ја создал планетава?
Атеист: Настанала по големата експлозија од исфрлената маса
Верник: Кој ја создал големата експлозија?
Е дури тука после една дузина прашања атеистот е фатен во небрано, и тоа исклучиво заради фактот што СЕУШТЕ НЕ СМЕ ДОШЛЕ ДО ОДГОВОРОТ. Тоа не значи дека нема да дојдеме никогаш. Ние активно работиме на пронаоѓање на одговорот. Имаме опипливи машини кои деноноќно го бараат одговорот. Една од нив е LHC на CERN. Значи прашање на време е кога ќе знаеме што било пред големата експлозија. Од друга страна, да го свртиме муабетот обратно...
Верник: Господ го создал човекот
Атеист: Кој го создал господ?
Верник:...
Значи после само едно прашање верникот е фатен во небрано. Тука ќе почне да го дискредитира соговорникот или да му истресува разни глупости од типот "господ не морал да биде создаден, тој постои од секогаш". Па добро, ако нешто може да постои од секогаш и ако тоа е прифатлив аргумент за еден верник, тогаш зошто е неприфатлив аргументот дека универзумот постои од секогаш и дека немал почеток?
Значи никој не сака вас верниците да ве навреди (иако понекогаш имам жесток речник) туку сакаме... Или конкретно јас сакам да ви покажам дека тоа во што верувате не е реално. Убаво е - да. Олеснително е - да. Понекогаш во тешки моменти ви дава утеха и мир, но тоа не значи дека е вистинито. Книгата во тоа време е пишувана за публика која не била баш многу образована и која можела да голтне разни бљувотини, глупости и бајки. Денес еволуиравме. Знаеме дека земјата не е рамна, знаеме дека не сме центар на универзумот, знаеме дека громот не е дело на Зевс.