GreenRoot
^Зелен^
- Член од
- 20 јули 2011
- Мислења
- 2.611
- Поени од реакции
- 2.233
Го имам прочитано секое мислење на темава, намерно реков ЛејкерсБојс, алудирајки на оние кои само кукаат. Сврти и ти некоја страна наназад ке прочитач. Се надевам не се пронајде ти во нив.Скролај малце поназад и види како го проанализирав поразот на Лејкерс, нити навредив некого, нити преувеличив некого, башка и поштено им честитав на фановите на ОКС.
Зарем немам право да искоментирам за мојот тим? Каде реков дека Лејкерс заслужи да биде шампион? Ја уште пред да поче серијава реков дека или 4-1 или 4-2 завршува за Оклахома, освен ако не се деси чудо. Знам јас до каде е капацитетот на мојот тим, долго време ги пратам и знам кога екипата е спремна за титула.
А кажи ми како да го плукам Коби кога 50 поена у просек имаше против ОКС освен првата утакмица или втората не ми текнува каде дебело потфрли?
Дали јас имам навредено фан на Бостон или конкретно тимот на Бостон? Јас не навивам за Бостон ниту за Мајами па никогаш не сум ги исплукал тимовите, а тука кога ќе изгуби Лејкерс групна свршувачка има од пола форум.
И навистина не можам да разберам како може фан на Клиперс да ги нарече фановите на Лејкерс глорихантерс, не можам и не можам, чисто за споредба, Лејкерс е како Реал Мадрид у фудбал а Клиперс како Нумансија па сеа ти види како стојат работите. Искрено, не ги мразам Клиперс али реалноста е таа. А за Браун, иди неколку страни поназад и види, се ти е исцртано од мене и Ванлок и ќе ти стане јасно.
Ти можеби немаш навредено фан на Бостон, но гледам дека кога некој малце остро ке тргне против Лејкерс, веднаш како глутница волци се нафрлате. Нема да коментирам кој како, има некој и само заради омраза и тресе зелени, но препрочитајтего два пати пред да му с енафрлите на „Жаки“, има голема вистина во неговите постови.
Да не го должиме сега многу овој моабет, не е баш најприкладно време.
Во Филаделфија вечерва се игра 6тиот натпревар од серијата, Зелените со победа можат комотно да си ги чекаат подобриот од дуелот Мајами Индијана. Искрено и не очекувам баш победа на Бостон, но ако некој зарока како Бас претходниот натпревар, и има подршка од другите баш ке се израдувам, оваа сезона не очекував ни прва рунда да дотуркаат.