- Член од
- 21 декември 2011
- Мислења
- 430
- Поени од реакции
- 79
Во понеделникот е објавено шокантно видео на кое може да се види група израелски доселеници како ладнокрвно пукаат по палестинските селани.
Додека Израелците константно ја предупредуваат светската јавност на палестинската опасност, суровата реалност на тоа подрачје изгледа сосема поинаку.
Иако глетката од оваа снимка се чини несфатлива, всушност таа е вистинската реалност.
Израелските доселеници употребуваат оружје и убиваат невооружени палестинци, додека израелската војска сето тоа мирно го гледа.
Овој конкретен напад се случил кога еврејски доселеници дошле до работ на палестинското село и почнале на нив да фрлаат камења.
Палестинците набрзо се организирале и возвратиле. Но, се чини дека Израелците токму тоа го чекале и посегнале по оружјето. Колку што е познато, шестмина Палестинци се убиени.
Палестинската самоуправа ја повикала власта да спроведе истрага за овој инцидент, додека израелската војска соопштила дека нивните сили не биле на тоа подрачје за време на трагедијата. Меѓутоа, вистинското прашање е зошто не реагирале и дали некој ќе одговара за тој нехуман чин.
<iframe width="640" height="360" src="http://www.youtube.com/embed/90__-IUNfIM?feature=player_embedded" frameborder="0" allowfullscreen></iframe>
<iframe width="640" height="360" src="http://www.youtube.com/embed/90__-IUNfIM?feature=player_embedded" frameborder="0" allowfullscreen></iframe>