Во мигот на смртта престанува постоењето на човекот како живо суштество во секоја смисла на зборот. Се одвојуваат компонентите од кои бил составен и сега имаме безживотно тело (кое со распаѓање ќе се претвори во земја, прав) и духот (животната енергија) кој се враќа кај Животодавецот, кај Бога, кој го дал. Нема веќе ЖИВА ДУША, нема жив човек. Останува само записот за неговиот живот во „небесните книги“ според кој ќе му биде судено на Божјиот суд (Даниел 7,10; Откровение 20,12).
„Прав си и во прав ќе се вратиш“ (1. Мојсеева 3,19). Таму тој чека, „спие“ (Јован 11,1-14) сe до денот кога ќе биде повторно повикан во постоење (воскреснат) за да ја прими својата плата според делата. Ќе те создаде од прав и да ќе бидеш пак ти.
ПРАВ + ЗДИВ НА ЖИВОТОТ = ЖИВА ДУША
(земја, хемиски елементи од кои се состои човекот, формирани во човечки облик) +(Божја животодавна енергија, животен дух) е ЖИВ ЧОВЕК