Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

H

-HRO

Гостин
Искрено незнам колку ни е потребен играч како Хазард во тимот.
Секоја чест на неговите квалитети со оглед на годините кои ги има, ама како што гледам од изјавите е играч кој игра за пари.
А 32милиони е огромна сума која искрено не верувам дека би ја дал Ферги...
Ќе видиме што и како ќе биде затоа што ипак сите вести околу неговиот трансфер се шпекулации, а трансфер-Window-от не е сеуште отворен..
Јас повеќе би го сакал Кагава во тимот него Хазард искрено...
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Кружат шпекулации на фејсбук Бербатов вклучен во раземната на Левандовски.Ќе се осмелам да речам дека ова е аматерски потег на управата,од проста причина што Левандовски распука само во една ПОЛА-сезона каде каде послаба од Англиската лига,додека пак Бербатов беше прв стрелец во Премиер лига пред 1 година. :sick:
Секако ова не верувам дека е вистина,но јас да си го искажам своето мислење...
Фергусон нели во куп-финалето беше во стадионот и се шпекулираше дека покрај Кагава ги гледал Хумелс и Левандовски. Но Дортмунд јасно кажа дека за никој пари нема да го даде Левандовски и денес Süddeutsche Zeitung пиша дека Дортмунд одби голема понуда од Баерн. Иначе Левандовски е феноменален напаѓач, све има во него. За мене играч на годината во Германија.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Eden Hazard's agent has revealed terms have been agreed with all Manchester United,Manchester City and Chelsea.
All that remains is for Belgian ace Hazard whose buyout clause is around £30million to pick who he wants to join.
Agent John Bico said: “We have reached agreement with all parties.
“Eden is in a period of reflection. A decision will be taken before the end of next week.”

Со сите се договорил? Ако Ферги сеуште учествува во вакво нешто, знаејќи дека и Шити и Челзи се умешани, значи мора многу да вреди детево, макар не сакало со цела душа да игра за Јунајтед

 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Солскер ги одбил Вила :(
Велат од семејни причини. Можеби, ама можеби и не му се брза, сака уште да учи во Молде па кога ќе се чувствува подготвен да земе нов предизви, паметно.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Не е потврдено од Гил туку новинарот тоа го тврди без да наведе извор од каде го дознал тоа. Сум за да се донесе Бејнс, со него барем на неколку години ќе го решиме проблемот по левата бековска страна. Најдобро би било Фабио да отидеше на позајмица во спротивен правец, Евертон е солиден клуб каде ќе имаше добра минутажа, ама сепак да не избрзуваме.
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Eden Hazard's agent has revealed terms have been agreed with all Manchester United,Manchester City and Chelsea.
All that remains is for Belgian ace Hazard whose buyout clause is around £30million to pick who he wants to join.
Agent John Bico said: “We have reached agreement with all parties.
“Eden is in a period of reflection. A decision will be taken before the end of next week.”

Со сите се договорил? Ако Ферги сеуште учествува во вакво нешто, знаејќи дека и Шити и Челзи се умешани, значи мора многу да вреди детево, макар не сакало со цела душа да игра за Јунајтед

Џабе е да вреди ако не игра за љубов спрема клубот и фудбалот тука нема успех макар колку и да бил добар, на јунајтед му треба играч кој игра со љубов спрема клубот а такви ги имаат многу Руни,Чичарито, Сколс,Гигс, Исто така го имаа Бекам кој го сакаше клубот исто и Роналд,Солскер и некој други кој го ценеа клубот, манчестер ретко имал играчи кој им била целта само за пари чим се игра за љубов се има успеси ако се игра за пари како Сити и ред други клубови тоа е само привремена титула во тимот еден насри смрден отиде во сити освои тутула и јаде гомна за арсенал жално
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ако дадат 15 милиони за 28 годишен им фали нешто во црпката.
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
На Wiki е више преставен како играч на јунајтед ама не верувајте таму секој може да пишува на кого ке му текне
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.722
Поени од реакции
9.446
Ако дадат 15 милиони за 28 годишен им фали нешто во црпката.
А за Берба ко дадовме 30 и кусур кога беше 27 годишен?? Се гледа дека САФ сака Фабио да биде иднината на левата страна и затоа не доведува некој помлад кој во иднина би го потиснал уште повеќе.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
А за Берба ко дадовме 30 и кусур кога беше 27 годишен?? Се гледа дека САФ сака Фабио да биде иднината на левата страна и затоа не доведува некој помлад кој во иднина би го потиснал уште повеќе.
Држи вода и твоево :) ама пак, ако дадеме олку за Бејнс, нејќам да чујам од некои фанови да викаат сме немале пари :eek:

Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 2
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Држи вода и твоево :) ама пак, ако дадеме олку за Бејнс, нејќам да чујам од некои фанови да викаат сме немале пари :eek:

Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 2
Ако ме прашуваш мене, а не ме прашуваш мене, вредат и тоа како толкави пари за Бејнс.
Според мене е еден од најдобрите леви бекови во Премиер Лигата, со Евра никаде не терате, а не се штедат пари за бекови затоа што квалитетни леви бекови одозгора со големо искуство во Премиер Лигата тешко се наоѓа.
Нас не утепаа повреди на бековските позиции сезонава, така да никогаш немаш премногу играчи на таа позиција.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.042
Поени од реакции
1.561
Лил прифатиле 3 понуди за Хазард,Сити,Челзи и ние претпоставувам, ќе донел одлука до 2 јуни каде ќе оди.Овој ти е attention whore #1 сигурно има одлучено али сака да се збори за него низ интернетов.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
The Times today claims that Sir Alex will listen to offers for Anderson.

И Кагава чека да му завршат квалификациите со Јапонија за да се комплетира трансферот, викам јас пред први нема ништо да има :)
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
The Times today claims that Sir Alex will listen to offers for Anderson.

И Кагава чека да му завршат квалификациите со Јапонија за да се комплетира трансферот, викам јас пред први нема ништо да има :)
Dade i gol, 1-0 za Japonija :)
--- надополнето: 23 мај 2012 во 13:06 ---

Зошто Фергусон е еден и единствен!


Можеби не е нај симпатична фудбалска личност, не секогаш ги погоди засилувањата. Понекогаш неговите одлуки не беа јасни, а листата на играчи и тренери со кои веќе не е во добри односи е подолга од листа на освоени трофеи.

Но, Сер Алекс Фергусон не е само успешен тренер во модерниот фудбал, тој е навистина единствен пример на менаџер кој успеа да го задржи на исклучително ниво квалитетот во таков долг период.

Кога Рајан Гигс го забележа 25.настап за Манчестер Јунајтед соиграчите го советуваа да разговора со Фергусон за можноста за купување на службено возило бидејки таква беше политиката на клубот. Kога брилијантниот Велшанец, од кој веќе многу се очекуваше и беше ѕвезда која надоаѓа, отиде кај Фергусон со такво барање, го доби следниов одговор:

""Who the **** do you think you are? I wouldn't give you a ******* club bike let alone a club ******* car."

Фергусон шутна копачка во главата на Дејвид Бекам. Тој повеќе или помалку на грд начин се откажа од играчите кој му носеа трофеи, од Пол Инс до Стам, од Јорк и Кол и Бекам и Ван Нистелрој. Фергусон се спротивставуваше со тренери и судии со Бибиси и ФА и УЕФА. Фергусон ги купи Верон, Клеберсон и Џемба Џемба.
На Фергусон му требаа четири сезони за првиот трофеј (Лига Купот), шест сезони (!) за првата титула.

И тогаш тоа продолжи!.

1, 1, 2, 1, 1, 2, 1, 1, 1, 3, 1, 3, 3, 2, 1, 1, 1 Тоа не е тест, ова е пласманот на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата од сезоната 1992./1993. Никогаш не понизок од третото место
За споредба, само европскиот гигант Баерн од истиот период може да се пофали со сличен ефект.


Постои причина зошто Алекс Фергусон е тренер 25 години во истиот клуб.Taа причина е сосема едноставна - тоа е невозможно да се направи поинаку. Невозможно е да го задржите истото ниво на успех со истиот тим.

Жозе Мурињо, Гус Хидинк, Луј ван Гал, Карло Анчелоти, Фабио Капело, Висенте дел Боске ... Постојат многу големи тренери кои имаат некои импресивни резултати, но никој не може да се пофали дека дури и со 10 години работа во истиот клуб бележи исклучителни резултати, а камоли 25 како Фергусон.
Се разбира, пред да го анализирам начинот на кој Ферги го направи Манчестер Јунајтед еден од најуспешните клубови на светот во изминатите 20 години 17 менаџери го водеа Манчестер од основањето во 1878 година.

Раководството на Јунајтед, му даде шанса на Фергусон во првите години им се допадна она што Фергусон го правеше, нова организација, фудбалска школа, тренинзите. Ова ќе престане да го прави само кога ќе го загуби здравјето.

Дури и неговиот голем ривал, Арсен Венгер, кој со Шкотланѓанецот многу не се согласуваше, призна дека е импресиониран од Сер Алекс:
"Генерално, никој не е поуспешен од него, му се восхитувам ".

Фергусон, се разбира, е нашироко познат по својата железна дисциплина уште од првиот ден на менаџерската кариера. Во Источен Stirlingshireu напаѓачот Боби Mек Кули го опиша:

"Јас никогаш не се плашев од никого, но Фергусон беше од почетокот застрашувачко копиле." Во Абердин казни играч, бидејќи го претекна на улица.

Но, за неговите резултати е толку важно ако не и поважно, дека има феноменално чувство. Кога Јунајтед дојде во светот на најбогатите клубови во светот, тој не се плашеше да се расфрли со пари за да купи топ класа играчи (иако никогаш не донесе такви, како што се Зидан, Фиго или Роналдо во тоа време). Знаеше да плати скапо само неколку играчи. А такви беа ( Керик, Стам, Бербатов и Фердинанд), но резултатите се покажаа дека не погрешил.

Не постои ниту еден тренер во голем клуб кој немал свој Џемба Џемба, за кој јавно призна дека е една од најголемите утки, но Фергусон ретко греши. Го донесе Ерик Кантона, кој сеуште е негов омилен играч, за само 1,2 милиони евра, а уште помалку платени за голманот на деведесеттите години, Питер Шмајхел. 3.5 милиони фунти за Рој Кин во 1993. ,. па се до Денис Ирвин и Оле Гунар Солскјер и Кристијано Роналдо.

Но, ние се уште не стигнавме до трите доблести по кој Сер Алекс Фергусон во последните 5-6 години почнаа да го ценат најмногу.

Првата неговата способност е да навистина безболно и многу брзо го обнови својот тим. Само еднаш во последните две децении, навивачите чекаа за титулата повеќе од една година (2004 до 2006 година.), Но Фергусон се одмазди со три последователни титули.

Ги менуваше напаѓачите, дефанзивците, голманите, профилот на тимот и системот. Фергусон секогаш знаеше да се привикне, додека Јунајтед играше најдобар фудбал во Европа. Можеби не најубав, но Јунајтед секогаш играше агресивно, динамично, брзо, често атрактивно.

Втората е храброст да им даде на младите играчи шанса,. Тој не се плашеше да плати големи суми на пари за Роналдо или Руни, кога тие биле само талентирани.
Во летото 1995 година клубот го напуштија Инс, Хјуз и Kанчелскис, а беа внесени голобради деца кои во помладите категории покажаа исклучителен талент.
Пораката на медиумите беше јасна,:
"Вие не можете да победи никого со деца."
Но, Фергусон со браќата Невил, Бекам, Сколс, Бат и Гигс не само што ја освои титулата во лигата, со тој тим ја покори и Европа во 1999.

И третата работа и можеби најважна за Сер Алекс Фергусон е - никој, без разлика како се вика играчот , не е поголем од Манчестер Јунајтед или, ако сакате, од Алекс Фергусон.

Не постои клуб во кој секој играч може да биде седнат на клупата и во најважните натпревари во сезоната.

Иако Нани беше најдобар играч минатата сезона, четвртфиналето од Лигата на Шампионите го започна Парк. Гигс и Сколс можеби се клубски легенди, но на некои клучни натпревари стартери беа Керик и Андерсон. На клупата во секој даден момент може да заврши најскапиот играч (Руни), или најефикасниот од лани (Бербатов).

Впрочем, Фергусон заслужи почит од навивачите и раководството на клубот.
Ако ви треба тренер за резултат, донесете го Мурињо или Капело. Ако ви треба од вашиот тим да го извлечете максимумот, донесете го Ван Гал или Хидинк. Ако ви треба искусен стратег кој знае како да се справи со тим прополн со ѕвезди, донесете го Анчелоти или Дел Боске.

И ако ви треба тренер кој ќе ви донесе 25 години совршеност, тогаш ви е потребен нов Алекс Фергусон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom