Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Кружат шпекулации на фејсбук Бербатов вклучен во раземната на Левандовски.Ќе се осмелам да речам дека ова е аматерски потег на управата,од проста причина што Левандовски распука само во една ПОЛА-сезона каде каде послаба од Англиската лига,додека пак Бербатов беше прв стрелец во Премиер лига пред 1 година. :sick:
Секако ова не верувам дека е вистина,но јас да си го искажам своето мислење...
 
Иако сум сигурен дека до ова нема да дојде бидејки Дортмунд нема да го продаде, само да ти кажам дека Левандовски е 23 години и сезонава за Дортмунд постигна над 20 гола во лигата додека Бербатов е веке во поодминати години, не дека не би можел да изигра уште некоја добра сезона но тој јасно кажа дека неговото време во Јунајтед заврши.
 
Де Геа,Линдегард,Амос
Рафаел,Смолинг,Џонс,Видич,Фердинанд,Еванс,Евра,Бејнс+копиљи за по купови
Валенсија,Нани,Кагава,Керик,Сколс,Гигс,Клеверли,Андерсон,Флечер,Хазард,Јанг,Парк+неколку млади
Руни,Велбек,Чичарито....Е овде фале некој ако си одат Бербатов и Овен.
Може да се игра со Кагава-Руни, но сепак Кин би бил доста потенцијален за прв тим.може Дел Пиеро
Е со еден ваков тим+Серот на клупа само небото би било граница!
 
Штом Мурињо го продолжил договорот со Реал, стариот нема намера да се пензионира во блиска иднина. Поубава вест за летово, здравје :)
 
Нешто за Евра... Прочитав во интервју за МУТВ на Евра дека оваа му била најтешката сезона во овој клуб.
Имал некои лични проблеми кои доста му влијаеле и се борел цела сезона со нив за да прикаже максимум и да не падне во формата (сведоци сме дека имаше утакмици во кои беше психички нестабилен и правеше почетнички грешки), башка го ставија капитен на клубот и сето тоа било многу тешко за него. Рече дека со проблемите речиси се справил па дека следната сезона очекува да се врати многу посилен.
Јас верувам во тоа, и не сакам да доведеме бек ова лето, зошто не ни треба, Евра ќе си игра таму. Фабио на позајмица па ќе го наследи Евра. Друго нешто е - сосема сум против разделување на близнаците.
Па и не очекувам да има засилување на оваа позиција, chill :)
 
Да, смртта на брат му го погодила најмногу :( Ама како и да е, 31 година има, си треба некоја резервна опција, не мора Бејнс, некое од децата од резервите ќе брка работа, имам огромна доверба во клинците.
 
Не ме фаќајте за збор,но ако не се лажам брат му на Евра почина на почетокот на сезоната или грешка сум(дајбоже да сум)... ?

едит,џену пишала пред мене значи вистина е :(
 
Според радиото на BBC Хазард е многу блиску до Јунајтед, сумата изнесува 32 милиони фунти :)
 
Што се однесува до мене не ни сакам да дојде во јунајтед Еднаш вика сакам во јунајтед после се приклучи и сити после размислувам за сити пошто се шампиони во англија, после челзи па сега челзи имаат преднос пошто ја освоја лигата на шампионите па кај нив сакам да играм утре барса ке пратат понуда па е сега барса има нај голема предност пошто 3 години ја зимаат лигата на шампионите па кај нив ке играм ... ае нека фаќа патот
 
Не ме фаќајте за збор,но ако не се лажам брат му на Евра почина на почетокот на сезоната или грешка сум(дајбоже да сум)... ?

едит,џену пишала пред мене значи вистина е :(

баш на утакмицата со Шити кога изгубивме 6-1.Сабајлето или ден порано па дознал утредента.
--- надополнето: 22 мај 2012 во 22:00 ---
Да, смртта на брат му го погодила најмногу :( Ама како и да е, 31 година има, си треба некоја резервна опција, не мора Бејнс, некое од децата од резервите ќе брка работа, имам огромна доверба во клинците.

Ако го пратат М.Кин на позајмница, тогаш ќе го коваат Зеки + ќе го примамат со тоа да потпише нов договор( бтв што се деси со него го снема, а и новинарите викаа дека нема да потпише нов договор ?)
 
баш на утакмицата со Шити кога изгубивме 6-1.Сабајлето или ден порано па дознал утредента.
--- надополнето: 22 мај 2012 во 22:00 ---

Ако го пратат М.Кин на позајмница, тогаш ќе го коваат Зеки + ќе го примамат со тоа да потпише нов договор( бтв што се деси со него го снема, а и новинарите викаа дека нема да потпише нов договор ?)

Тој и не знам колку е за потпишување договор, проблеми со грчеви има. Магнезиум не внесувал доволно ко мал најверојатно или нешто генетски, ако го пуштат значи од медицински причини е.
 
Не ми се верува... Дечкото што пред месец време беше на проба во Партизан и Аврам Грант го оцени како неквалитетен играч, е на проба во Јунајтед :гик:

Се работи за Хари Агомбар кој настапува во осмолигашот Грејс Атлетик... Инаку дечкото е поранешен член на младинските школи на Тотенхем и Арсенал, но поради тешка скршеница на ногата е во ситуација да настапува во ниска лига во Англија :)

cruw3.jpg
 
Што националност е типчево? :)

Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 2
 
Што националност е типчево? :)

Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 2

Енглез, му се смееја кога дојде на проба во Партизан како немал пари за копачки, дрн дрн... На пробниот натпревар помеѓу првиот тим и филијалата Телеоптик, постигна гол и асистенција и победи неговиот тим 2-0 :)

Али Грант, пошто е голем стручњак, го пушти да си оди, немал квалитет... Е сега, прочитав во Јунајтед на проба... Којзнае :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom