Конкурирал на 18 универзитети - 15 од нив му дале целосна стипендија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Ученик кој треба да им биде пример на помладите генерации. Матурантот Бојан Србиновски од гимназијата „Нова“ конкурирал на 18 универзитети во Америка, но се нашол на слатки маки откако стигнале резултатите - го примиле дури 15 од нив со целосна стипендија. Неговата желба е да го надградува своето знаење во областа на невро- биолошките истражувања.​

getImageThumbnail.axd

Конкурирал на 18 универзитети во Америка. Го примиле на 15 со целосна стипендија. Матурантот на меѓународна матура од гимназијата „Нова“, Бојан Србиновски имал тешка одлука, на кој од 15-те универзитети да го продолжи образованието. Изборот го стеснил на шест од нив. Ем ај ти, Јеил, Колумбија, Браун, Дортмунд, Стенфорд. Се одлучил за последниот.

„Го одбрав Стенфорд бидејќи програмата за биологија е една од најдобрите во светот”, вели Бојан Србиновски матурант во меѓународното училиште „Нова“.

Своето образование го гледа како маратон, не како спринт. Затоа е примен на 15 универзитети, а во Дортмунд е и првиот Македонец кој успеал да се запише. Долгогодишната работа, многуте положени тестови, помошта од професорите - се било пресудно ова амбициозно момче да успее. По завршување на студиите ќе продолжи со истражувачка работа.

„Сакам да бидам во тие кругови на истражување. Особено ме интересираат тие невро – билошки истражувања. Мислам дека и дури по добивање на диплома ќе подготвувам и докторат ќе работам на медицински истражувања и мислам дека мојата иднина таму се наоѓа”, вели Бојан Србиновски матурант во меѓународното училиште „Нова“.

Универзитетот кој го одбрал е меѓу 8-те најдобри и најстари во Америка. Универзитети од кои излегуваат луѓе кои дејствуваат како лидери во политиката, науката.

„Ајвилинг се група од 8 универзитети кои биле основани во Америка многу одамна, мислам дека се првите факултети во Америка. Многу е важно дека со нив секогаш е поврзан престиж, меѓутоа многу повеќе од тоа е поврзан квалитет во научни истражувања, во филозофија на образование”, вели Бојан Србиновски.

Бојан не знае дали ќе се врати во Македонија, ќе остане во Америка или ќе оди во друга земја во светот. Неговата понатамошна работа ќе зависи од програмите кои ќе го привлечат вниманието на овој иден научник.​
Извор: Канал 5
Секоја чест мајке ми...​
 
Сега гледав на вестите на канал 5..алал да му е,браво момче само така продолжи..:cuc:
 
Успешните луѓе се најдобрите промотори на Македонија. Само преку успеси можеме да напредуваме!
 
Богато дете продолжува на факултет за богати, nothing to see here, move along.

Го пропушти делот ,,целосна стипендија,, некако, а?

Секоја чест за дечково, многу ми е мило.
 
Браво за дечкото. Секоја чест, ова ти се вика успех. Инаку, ова нашиве новинари, ко утепани од Господ, кој Дортмунд жити се, градот во Германија, универзитетот е Дартмут е не Дортмунд, ама ај, нека им биде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom