Заради тоа се поставува прашањето. Дали, ако не беше рафа на кормилото, ќе беше полошо со Ливерпул? Или, дали ќе биде уште полошо ако тој замине.
Мислам дека е голем ризик да се пушти рафа во оваа ситуација да си замине. Можеби би било подобро, можеби не. Ама, ако не е, не не спасува ниту Худини. Исто како и Валенсија, што не знае како се вика, откако го снема Рафа. А во составот го има еден Виља и Силва ... и компанија. ЗНачи, слично и кај нас.
How soon we forget има една песна од Lynyrd Skynyrd.
ЗНаете ... сите ние брзо заборавивме што Рафа направи за нас. Оваа година ја имавме шансата да го видиме Ливерпул слаб, оти се навикнавме да го гледаме СИЛЕН, а таков го направи Рафа. Во времето на Улие не ни беше јак. Едвај влегуваше во фамозната голема четворка. Те Лидз, те Сандерленд беа пред нас. Но, нејсе.
Може си во право за трансфер политиката. Може стварно Рик Пери дава амин, и дека Рафа купува. Ама сети се: Рафа го донесе Луис Гарсија, Рфа го довлечка Чаби, рафа го довлечка Торес, Реина, Агер, Маскерано ... и уште многу играчи кои се, беа и ќе бидат во нашиот состав.
И уште нешто ... се сомневам дека Торес ќе се придружеше кон Ливерпул ако Рафа не беше менаџер.
Крај краева, голема минуска има Рафа за оваа сезона, која брзо ќе ја заборавиме. Но, нема да ја заборавиме 2005 година, година на која сите скаузери се особено горди!