Roland Garros 2012

Кој ќе го освои Ролан Гарос 2012?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 40 48,2%
  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 25 30,1%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 20 24,1%
  • Енди Мареј

    Гласови: 2 2,4%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 3 3,6%
  • Давид Ферер

    Гласови: 1 1,2%
  • Марија Шарапова

    Гласови: 13 15,7%
  • Серена Вилијамс

    Гласови: 7 8,4%
  • На Ли

    Гласови: 2 2,4%
  • Викторија Азаренка

    Гласови: 8 9,6%
  • некој друг кај мажите

    Гласови: 1 1,2%
  • некој друг кај жените

    Гласови: 3 3,6%

  • Вкупно гласачи
    83
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623


French Open или Roland Garros е еден од четириет Грен Слем турнири кои се играат во тенисот. Тој е вториот Грен Слем турнир во годината. Се смета за најтежок грен слем турнир бидејќи е единствениот кој се игра на земја, најбавната подлога во белиот спорт.
Ова ќе биде 111. пат да се игра. Го носи името според францускиот авијатичар од првата светска војна.
Од 1891. година па до 1925. година на турнирот имале привилегија да играат само француски играчи. За прв пат, во 1925 година турнирот угости и играчи од останатите земји.
Во 1968. година станува првиот турнир на кој рамноправно би можеле да учествуваат и аматери и професионалци. Март 2007. беше најавено дека ќе има изедначување за паричните награди во машка и женска конкуренција во сите кола. Пред 2 години, во 2010тата година се зборуваше за преместување на комплексот на друга локација во Париз бидејќи овој моменталниот има најмала површина во однос на останатите 3 Грен Слем комплекси. Меѓутоа францускиот тениски сојуз одлучи да се задржи турнирот на La Stade de Roland Garros поради традицијата пред се', но нема сомневања дека и финансиите одиграле важна улога во оваа одлука. Се планира градење на уште еден терен, ставање на подвижен кров и осветлување на централниот терен Philipe Chatrier.


Втор по големина терен и според многу побавен од останатите е Suzanne - Lenglen.


Терен број 1. (Court no. 1)


Еве како изгледа комплексот :


Philipe Chatrier има капацитет од 15 059 седишта и го носи името според француски тенисер, капитен на францускиот тим, претседател на француската тениска федерација, а покасно и претседател на ITF како и член на интернационалниот олимписки комитет.
Suzanne Lenglen има капацитет од 10 076 седишта и изграден е во 1994. година. Прво се викал како Court A, но во 1997 е преименуван во Suzanne Lenglen според најголемата тенисерка во историјата која Франција ја имала.
Легендарната тенисерка го освојувала Ролан Гарос 6 пати во сингл, 2 пати во дубл и 7 пати во микс дубл.
Теренот број 1 е изграден во 1980. година и има капацитет од 3805 седишта.

Зголемен е и наградниот фонд од оваа година, од 17 520 000 евра на 18 718 000 евра. Зголемувањето сигурно ќе ги израдува послабо рангираните играчи затоа што најмногу е зголемен процентот во првите рунди.

Рафаел Надал минатата година го изедначи рекордот на Бјорн Борг од 6 освоени титули на Ролан Гарос и оваа година ќе се обиде да дојде до рекордната 7ма титула. Во женска конкуренција најмногу титули има Крис Еверт, седум.
Рафаел Надал минатата година после четири сета беше подобар од Роџер Федерер (7-5 7-6 5-7 6-1).
Во женска конкуренција изненадувачки до титулата стигна На Ли. Финалниот меч го доби против Франческа Скијавоне 6-4 7-6.

Сите шампиони во Open Era-та на Ролан Гарос




Wild Card во машка конкуренција добија :
  • Arnaund Clement
  • Jonathan Desnieres de Veigy
  • Adrian Mannarino
  • Paul-Henri Mathieu
  • Eric Prodon
  • Guillaume Rufin
  • Lleyton Hewitt
  • Brian Baker
За сега од турнирот се откажаа :
  • Mardy Fish
  • Robin Soderling
  • Pablo Cuevas
  • Pere Riba
  • Kei Nishikori
  • Gael Monfils
Wild Card во женска конкуренција добија :
  • Melanie Oudin
  • Ashleigh Barty
  • Caroline Garcia
  • Aravane Rezai
  • Claire Feuerstein
  • Kristina Mladenovic
  • Victoria Larriere
  • Irena Pavlovic
Од жените, на турнирот оваа година нема да ги гледаме :
  • Andrea Petkovic
  • Daniela Hantuchova
  • Kim Clijsters
  • Agnes Szavay
  • Timeu Bacsinszky
  • Michaella Krajicek
  • Alexandra Dulgheru
Квалификации - машка конкуренција

Квалификации - женска конкуренција (ќе се одржи денес, дополнително ќе се постави)

Главниот жреб се одржува во петок и веднаш ќе биде поставен на форумот кога ќе се објави на официјалната страна на Ролан Гарос.

Официјален сајт на турнирот. Roland Garros.com

Мечевите ќе се пренесуваат на Eurosport и Eurosport 2. Се уште не знаеме дали некоја од нашите телевизии ќе врши преноси од овој престижен турнир, минатата година тоа го правеше МТВ 1, па ништо чудно и годинава да се одлучи на истиот потег, за тоа ќе ве известиме покасно доколку има некои новости.

Новак Ѓоковиќ ќе биде првиот носител но не и првиот фаворит за освојување на турнирот. Иако не е првиот фаворит, големиот притисок го обврзува. Тој сака да стане првиот тенисер после Род Лејвер кој ќе ги освои сите четири Грен Слем турнири, иако то не би бил календарски Грен Слем, но сепак тој има 3 Грен Слем турнири во низа за сега (WM 11', US O '11, AO '12), и овој би бил четврти грен слем за него.
Рафаел Надал со титулата во Рим го врати второто место само после недела дена и е брилијантен на земја годинава, потсеќа барем на периоди од мечевите на оној најдобриот од 2010тата година. Не изгуби ниту сет на црвена земја годинава и доаѓа полн со самодоверба во Париз со желба да влезе во историјата како единствениот човек кој го освојувал Грен Слемот на земја 7 пати. Прв фаворит е тука и повеќето обожаватели на тенисот очекуваат реприза на финалето од Монте Карло и Рим годинава, барем што се однесува до актерите. Минатата година тоа не го дозволи Роџер Федерер кој го совлада Ноле во полуфиналето.
Роџер Федерер има одлична сезона оваа година, има титула на сината земја во Мадрид, има и мала повреда, но сигурно ќе направи се' за да биде спремен за овај турнир кој може многу да му донесе во борбата за првото место на ранг листата на кое толку сака да се врати па макар тоа би било една до две недели.
Четврти фаворит, иако фаворит од сенка е Шпанецот Давид Ферер. Земјата му е омилена подлога, но никогаш не стигнал до полуфиналето на Ролан Гарос, а тоа го направил на по еднашка во Мелбурн и Њу Јорк што навистина е чудно. Оваа сезона игра одлично на земја, четврти играч е годинава по освоени бодови и сигурен сум дека може многу да покаже на вториот грен слем оваа година, можеби да ја загрози и големата тројка.
Томаш Бердих игра одлично последните месец дена, во одлична форма е и сигурно е полн со самодоверба. Со желба да дојде повторно во полуфиналето каде беше пред 2 години и загуби од Содерлинг во 5 сета, се чини дека никој не може да го загрози се' до четвртфиналето.
Еве го и Енди Мареј, и тој ќе биде тука, но воопшто не игра добро, соработката со Иван Лендл скоро ништо да не му донесе, за сега тоа е целосен промаш. Колку може Мареј тука... тешко е да се каже, може да изненади како минатата година и да стигне до полуфиналето доколку жребот го посака, може и да изгуби на стартот од турнирот, кога тој е во прашање... се е можно.
Хуан Мартин Дел Потро е тенисерот кој може на најдобрите да им ги промени плановите, има многу мечеви позади себе оваа сезона, одличен е на земја и доколку условите бидат за нијанси побрзи како што беа минатата година, ќе може да се очекува големи успеси и од него.
Тука е и Џон Иснер, малку му опадна формата после одличниот Индијан Велс за него. Кога има ден може да ги намачи и најдобрите, може и да ги победи. Минатата година загуби од шампионот, од Рафаел Надал во првото коло со резултат 6-4 6-7 6-7 6-4 6-2 што беше прв пат некој да го натера Надал да игра максимален број на сетови на Ролан Гарос.

Сигурно дека ќе биде интересно. Нас ни останува да чекаме до недела, а потоа да уживаме во одличните мечеви. За крај, победниците од минатата година со трофеите.





Околу анкетата, имате право на повеќе избори, т.е. еден за машка конкуренција, еден за женска.
 
L

Löwe

Гостин
Рафаел Надал минатата година го изедначи рекордот на Бјорн Борг од 6 освоени титули на Ролан Гарос и оваа година ќе се обиде да дојде до рекордната 6та титула.
Eдна мала исправка направи овде во печатнава грешка :)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Пост колку да се пријавам само :)
Ноле Шампионе :D
 
А

Анноун

Гостин
Супер вовед ,само многу рано ја отвори , требаше накај сабота , кога ќе се знаеја двојките за прво коло . вака може да паднат мерења 5 дена на кој му бил подолг :) Ноле,Федекс,Рафа

Кај мажите типувам на кралот на земјата , тешко да загуби на 3 добиени сета на земја ( дис дејс) .
Кај жените ќе видиме , ако е здрава и права Серена , освојува . Ако не , Маричето е во пол позиција ми се чини .
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Супер вовед ,само многу рано ја отвори , требаше накај сабота , кога ќе се знаеја двојките за прво коло . вака може да паднат мерења 5 дена на кој му бил подолг :) Ноле,Федекс,Рафа
Од денеска започнаа квалификациите, може да се дискутира и за нив. Има огромен број на мечеви, има и добри тенисери кои играат квалификации.

Иначе ова е грен слем, па затоа мораше малце порано :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.396
Поени од реакции
113.878
Мојот тип отиде кај Надал, се надевам ќе ја освои рекордната 7ма титула и ќе го престигне Борг.
Инаку, Игор втор носител ќе биде Надал или Федерер зашто збунки се направија со бодувањево и не знам како стојат работите?
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Мојот тип отиде кај Надал, се надевам ќе ја освои рекордната 7ма титула и ќе го престигне Борг.
Инаку, Игор втор носител ќе биде Надал или Федерер зашто збунки се направија со бодувањево и не знам како стојат работите?
Па треба да е Надал втор, бидејќи жребот е во петок и ќе се користи највероватно актуелната ранг листа од 21.05.2012.
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
^^Надал кој иако беше на 3та атп позиција пред турнирот во Рим, сепак беше втор носител на истиот.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Пост колку да се пријавам само :)
Ноле Шампионе :D
...:D
Од недела ќе може повеќе да дискутираме, сеа само ќе кажам дека Надал е фаворит број 1 за титула, едно 70%, потоа иде Новак со 20%, Федерер со околу 8% и 2% сосем трет тенисер (Дел Потро, Цонга, Ферер, Бердих)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Одличен вовед, мерак за читање.

*само избриши ја точката во насловот.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Check, one, two....:)

Надал, Ноле, Бердих ( евентуално Цонга може во финале ако се мрдне, непредвидлив е) па на крај Роже. Роже мислам дека нема да стигне до финале.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Бердих нема да стигне далеку, повеќе шанси му давам на Делпо :)
 
С

сашенко

Гостин
...:D
Од недела ќе може повеќе да дискутираме, сеа само ќе кажам дека Надал е фаворит број 1 за титула, едно 70%, потоа иде Новак со 20%, Федерер со околу 8% и 2% сосем трет тенисер (Дел Потро, Цонга, Ферер, Бердих)
Ја би ги поделил 65% Надал, 20% Џокович, 15% Федерер.Нема шанси некој друг да го освои, дури ни финале не верувам дека ке им влезе некој друг
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
*само избриши ја точката во насловот.
Точката граматички се користи за години, редни броеви, но ајде ќе ја избришам штом толку сакате :)
^^Надал кој иако беше на 3та атп позиција пред турнирот во Рим, сепак беше втор носител на истиот.
Надал беше втор затоа што жребот од Рим беше направен кога Надал беше втор, т.е. пред да заврши турнирот во Мадрид после кој Федерер дојде за момент на втората позиција.
 

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Без сомневање машко финале Ѓоковиќ - Надал само во случај ако ждрепката не падне овие двајца да играат полуфинале
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom