Драга,
денов беше интересен и ми помина во купување, добро јадење, одлична понуда за работа и ја учев внука ми да свири на флејта.

Мислев дека работата не доаѓа сама до тебе, освен ако сам не ја бараш, посебно во МК. Уште мислам што да правам, ама сепак, како за почеток е добро да стекнам некое искуство, а и да не ми биде досадно.

Инаку, денес бев како дете, кога кај нас го најдов мојот омилен „сос“ за чипс од САД.
Знам, смешно е, затоа што некој се радува на чевли, некој на ташни или шминки, а јас на јадење, ама што да правам.
И уште нешто... тие 2 саати од вчера? - Денес, магично се претворија во 5.
Така Драга, ајде поздрав. Песната од вчера и денес е на repeat, да не ти ја постирам по 500 пати.
