Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
--- надополнето: 19 мај 2012 во 04:16 ---
Dj- Spin that shit !
 
Драга, лесно им е на некои луѓе да речат, било што било, крени ја главата горе. Ама не е така лесно како што се изговара.
Несакам да се сменам, вака се навикнав и вака ми е убаво.Не ми требаат луѓе, сама можам се.


Отидов...
 
Не испуштајте ни секунда од денов, зграпчете го и уживајте во него. :)

547690_2143850372978_1747809696_1056302_1836420452_n.jpg
 
Драга,
уживам во тостот и еспресото и во тмурново време кое ми дава мотивациjа да седнам и да ги спремам сите испити :)
Ти посакувам убав ден <3

хм, пиев еспресо, времето е такво... пак ме мрзи да учам. Мора да е до тостот, МОРА !!!

хеј, по обичај пишувам у темава само кога имам колоквиумска, па ај да не ја прекршам традицијата, ваљда среќа некоја ми држи... Шта да ти причам, викенд у кој сум заглавен дома и треба да учам, а ја не учам... класика! I must go out now, али ти ветувам вечер го греам столчето.

п.с. back in time, точно 10 години од денеска...

19.мај.2002, во доцните вечерни часови, скопскиот плоштад така празен, ненасетувајќи дека за 10 години ќе личи на хиподром почнува да се полни со народ. Чудна коинциденција, сите се облечени во жолто или зелено.

Низ другите улици на Скопје и низ другите градови, штама... Сите се пред телевизорите... После час ипол борба, Зоран Видевски тогаш сеуште неоќелавен но со зарипнат глас извикува:

... пет секунди до крајот, Кастратовиќ - Будимир, цепелин и гооооооооооооооооооооол !!! Кометал е европски шампион!

10 години после тоа, уште се ежам на тој момент... :)

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=70231
 
Кајгич пошо сум човек кој сака да ги одржува убавите работи во живот, макар биле и минато, да ти споменам дека на денешен ден пред десет години највисоко се развеа македонското знаме. Кометал ја покори Европа. Време е за носталгија.


Слушнете ја само поезијата на Атанас Костовски и Зоран Видевски...



Ех колку само ни фали ваква дешавка, пак :(
 
Драга,

Не знајш која лепота ја осеќам во моментов.Си седам на тераса,чадорчево отворено ми прајт сенка а јас си млатам едно капучино со чоколадни преливи и се по пропис.Совршено е..

п.с кој си имат за учење дома му е чисто:giggle:
 
Емоции ме пукаат деновиве. Колку само брзо лета времето и како само работите се менуваат, а некои работи сепак остануваат вечни и непроменливи. Интересно ми е сето тоа... И покрај фактот што не би се вратила во одреден дел од минатото, драго ми е што имам спомени. Без разлика на тоа дали се позитивни или негативни. Убаво е.
Недела дена ќе ме нема, нема да сум тука... Ако ништо друго барем ќе сменам околина и ќе се одморам од се, затоа што периодов и не беше баш најдобар.
 
никој нејќе надвор да искочи бе..
корења пуштив дома.
 
Драга,
НЕБООО СЕ ОТВОРИЛООООООООООООООООООО!!!!!!!!!! то е то то то тооооооооо! Долго чекан момент, не можам да си повервам на очиве! Одам да славам, цел викенд славје!!!!!!!!!!!!
 
Драга,Челзи освои лига на шампиони,незнаеш колку сум среќен:D
 
Драга,
знаеш дека иде крај на светот кога ти ќе станеш за испит во 6 сабајле, а професорката ќе се успие и наместо во 8, полагањето ќе почне во 9. :tapp:
Барем се извини... После тоа едвај ме препозна на сликата од индексот, па ми вика: Се мислев по очите дали си ти, затоа што по косата дефинитивно не си ти. :D Сепак, најважно од се, е што добро поминав на испитот. :)
Инаку, ок беше денов, малку шетање после факултет, малку дома и така. :)
Сега го гледам креветот на една страна и преводот на друга и се чувствувам како во каубојските филмови за време на двобој.
Така Драга, ајде поздрав. Еве ти една :)
 
Кајгано,
дочекав Тери да крене трофеј у ЛШ, ми иде да се убијам. Најсериозно!
 
Kajги те напуштам на неодредено време ...
 
Кајгано,

Тажно е кога квалитетот опаѓа за сметка на квантитетот.. Беше еднаш место кога луѓето помислуваа по два пати пред да пишат мислење, сега се поинакви времиња.. Светот сепак останува на помладите, со среќа. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom