Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
имам едно прашање, пред 3 години бев дебел имав 100кг, кога ослабев кожата на стомакот ми остана малце како незатегната, дали постои крема што ќе ми помогне да се зајакне кожата и да стане по еластична или ќе немам друг избор освен хируршки зафат? моментално слабеам, има промени ама сеуште е мека кожата и растеглива? некој совет?
Једини начин да ја затегнеш кожата е да натрупаш мускул на тоа место или хирургија, друго чаре нема...
 
Тоа што си употребил млеко за сончање, не значи дека не е алергија. Прво, не може да се спречи алергијата на сонце со обично млеко за сончање. Побарај ако успееш да најдеш Anthelios од Laroche-Posay и секако мора да земаш антихистамин (лорадатинот е тоа), а најдобро е да не се изложуваш на сонце. Уртикаријата инаку се карактеризира со цврсти пликчиња по кожата.
Можно е да ти е и од омекнувачот или детергентот, може да е од сапунот/купката...
Најдобро да одиш во алергологија во државна, таму најдобро ќе ти кажат што е причината.
Kadaif
Бев на Кожно во Воена Болница ми објаснија нешто. Се работи за Холинергична Уртикарија како и што мислев. Ми рекоа да не се нервирам и ми направи тест со пенкалото, ми помина на грбот и одма кожата ми поцрвене таму тоа било како тестирање за тоа. Ми рекоа да земам Лоратадин и Бедоксин. И ќе видиме во вторник на конторла што, како...
Ми рекоа дека е периодична болест. Може да исчезне и да се појави пак, доколу имам стрес, подготовка за нешто или нешто друго поголемо.
Исто така ми кажаа дека некој кој ја имал оваа болест, бил алергичен на баба му, па пиел некој апчиња и тие му помагале секогаш кога имал такво нешто :D. И да не заборавам, тешко можело да се открие од што било ова предизвикано бидејќи се е MADE IN BRAIN и затоа нервите на кожата ми биле такви. :D
 
Имам фрка со палецот на левата рака, од време на време знае да почне да ми се грчи сам од себе, како да ми се заебани нервите... :mad:
 
Имам болка во десниот колк. Боли и некогаш долж ногата и нагоре до половината. Кога одам не ме боли, највеќе кога седам повеќе од 15тинаминути. Газниот мускул. Нешто вежби за тоа, лек?
 
Едно прашање...
После трчање ако се напијам вода и ако продолжам да трчам (најчесто фудбал) ме заболува стомакот и веќе морам во WC да одам.. :icon_mrgr:
Ова дали е резултат на тоа што сум праен од кила операција,оти докторот ми рече да не трчам мн. и сл? :confused:
Мислам дека нема везе со кила ја пред 5 месеци праев кила ама одмарав едно добри 4 месеци без да кренам повеке од килце или да трчам сеа неам проблем со трчање или пак со пиење вода па пак трчање тоа ке да ти е до желудецот ......
 
Каде може да се испита дали има некои хормонални пореметтување бидејќи сумљам дека е такво нешто премногу сум влакнест секаде влакна ми изникнуваат ме пука нервоза веќе....а на нозете да не прајме муабет како мајмун сум
 
Веке 4-5 месеца имам болки во кичма, станува збор за спортска повреда и неможам еден тренинг да напраам на раат.Сум се консултирал со повеке луге и ми препорачуваат жележничар. Се обидувам сам да ги намалам болките но тешко ми иде.

Секој совет би бил добредојден
 
Беше на ренген?
 
Ќе го посетиш твојот матичен лекар, да ти даде упат и најверојатно ќе треба да отидеш на ендокринологија за да ти направат хормонален тест.

Веке 4-5 месеца имам болки во кичма, станува збор за спортска повреда и неможам еден тренинг да напраам на раат.Сум се консултирал со повеке луге и ми препорачуваат жележничар. Се обидувам сам да ги намалам болките но тешко ми иде.

Секој совет би бил добредојден

Јас не би ти го препорачала истото, затоа што постои можност да се искомплицира уште повеќе. Tуку физикална терапија, според мене многу подобра алтернатива. Но, најпрво преглед од стручно лице. Еминентен доктор за таа област е ортопедот Крсте Стрезовски.
 
Вчера ме чешаше десното око, сабајлево 2 те очи, ненормално ме чешаат, ставав облоги од камилица, ама не ми помина.
Нешто друго?
Само побрзо оти треба да се учи, а ја неможам очи да отворам. :(
 
Вчера ме чешаше десното око, сабајлево 2 те очи, ненормално ме чешаат, ставав облоги од камилица, ама не ми помина.
Нешто друго?
Само побрзо оти треба да се учи, а ја неможам очи да отворам. :(

Пробај капки прокулин, или некоја маст за очи како хлорамфеникол што се става под окото, ќе ти помине брзо, алергија некоја ти е.. или си се инфицирала од нешто..
 
Пробај капки прокулин, или некоја маст за очи како хлорамфеникол што се става под окото, ќе ти помине брзо, алергија некоја ти е.. или си се инфицирала од нешто..

Колку пари се прокулин капките?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom