Ама после усерената шеста сезона како и цел концепт на серијата и после гледање на многу подобри серии лост падна на некое 15+ место.
.
да де, тоа речиси кај сите беше така. Но додека се емитуваше LOST предизвикуваше иста треска како што сега прави GoT. Не сум видел понапален народ по други серии освен овие две.
GoT е со веќе „готово“ сценарио, неможат сега случајно да им текне да ја сврат приказната и да ја продолжат... т.е. не верувам дека ќе го направат тоа, бидејќи е HBO продукција и бидејќи и писателот има удел во серијата.
GoT е многу „поширока“ серија каде што фантазијата е дозволена во поголеми граници од онаа во Lost. Нели и таму ја имаше, но тоа беше подруг случај.
Во Lost имаше мистерија, мистерија има и овде, за ние што не сме ги читале книгите. И тука има теории, и тука има фантазирања, очекувања... но чуството е поинаку овде бидејќи знаеш дека „иднината е веќе напишана“ и некој ја знае веќе, а кај Lost беше друго, таму секој се надеваше дека неговата теорија ќе се изгура ( и не се појауваше некој клошар да му удри спојлер).
GoT доколку остане на ова ниво има шанси да стане ЕПСКА серија, како што LoTR е епска триологија.
Јас токму и затоа ја обожавам GoT (како што ги обожавав и првите 3-4 сезони на Lost) заради сличностите со LoTR, заради генијалноста на писателот/сценаристите, заради тоа што GoT е еден сосема нов измислен свет, во кој 60 минути можеш да уживаш дури и ништо да не се дешава.