Чувашите се Бугари од Република Чувашија и имаат исто потекло како и Бугарите од Болгаростан-Татарстан, Гагаузите (балканските Бугари) и Чувашија; и јазикот им е ист- туркобугарски. Самите Чуваши својата националност ја декларираат како бугарска.
Се наметнува прашањето: "Ако вистинските бугари говорат турки јазик, чиј е јазикот што денеска го говорат балканските Бугари? Не е можно само Бугарите од Чувашија и Болгаростан-Татарстан да се турки народ, со турки јазик, а балканските "Бугари", кои се дојденци од Волга, од денешен Татарстан, да не се турки народ. Гагаузите ете говорат ист јазик со Болгаростанците-Татарите и Чувашите, вистинските Бугари, имаат исти турки традиции и култура, па со сигурност може да се тврди дека тие се вистинските наследници на Бугарите на Хан Аспарух.
И сега, кога некој Бугарин зајдливо ќе ми рече Македонците се Бугари, јас му одговарам: дали си сигурен дека си ти Бугарин? Дали говориш гагаузка-туркче јазик, дали си азијат?
Бугарската историја тврди дека јазикот на Св. Кирил и Методиј бил бугарски, а глаголицата и подоцна кирилицата се бугарски азбуки. Но, со ваквите ставови, бугарската историографија е контрадикторна сама на себе. Од една страна вели дека бугарите биле први словени, а бугарската држава прва словенска држава, додека од друга страна според историските пишани и материјални извори, бугарските специјалисти за бугарска средновековна историја тврдат дека средновековните бугари биле турско племе со чисто турски јазик. И самата Бугараска Академија на Науките тврди: средновековните бугари се турци, со свој мајчин турски јазик (Историја на Б'лгарија. Т. II. С., издание на БАН 1981, стр.60).
Ако Кирил и Методиј биле Бугари ќе напишале татарска извинете Бугарска азбука.
Во недостаток на свое писмо и кодифициран јазик, вистинските Бугари од првото бугарско царство како службен јазик го воведуваат грчкиот јазик.
Имаме историски податок од 13 век од англискиот професор на оксфордиот универзитет др. Роџер Бакон (1211-1294), со највисока универзитетска титула Доктот Мирабилис, дека бугарите од денешна Бугарија говореле турски јазик. Но тој факт тој не го пренесол од некој друг извор, туку во 13 век лично ја посетил денешна Бугарија - Мала Болгарија (меѓу Стара Планина и Дунав) и вистинска азијатска Бугарија (Голема Бугарија), па во своето дело „Опус Мајус“ 1268 г. вели: „Мала Бугарија е во Европа и таму тие (бугарите) го говорат јазикот на болгарите кои живеат во Голема Болгарија, која е во Азија ("Kazan. The Enchanted Capital" (Flint River Press Ltd, London, 1995). Значи, словенскиот јазик никако не може да биде бугарски, а секако не во 10 век кога имаме постоење на турко-бугари, со свој бугарски јазик кои во својата држава прифатиле туѓи јазици за службени, прво грчкиот, а потоа словенскиот. Ако денешниве Бугари тврдат дека средновековниот бугарски бил словенски јазик, тогаш поправилно би било да велат дека бил грчки јазик, бидејки прво го прифатиле грчкиот за службен јазик.
КОГА ОХРИД БИЛ ПРАВОСЛАВЕН, СИЛИСТРА БИЛА ТАТАРСКА.
Еве доказ
Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле заблудени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна).
Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гејкчилер, Болгарево, Бургас итн.
Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “Б'ЛГАРИТЕ ИЗВ'Н РЕПУБЛИКА Б'ЛГАРИја’’, Пламен Павлов, председател на Агенцијата за б'лгарите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од “ВМРО-БНД’’, Русе))