Пред неколку дена го сонував бившиот дечко односно првата моја голема љубов...она што ми е чудно е тоа што го немам сонувано од кога раскинавме значи едно 8 години, ниту па сум помислила на него
како и да е... во сонот се шетав со него на кеј и наеднаш слушаме звук од авион, кревам глава нагоре и гледам авион во пламен како паѓа, падна некаде накај Петровец и слушнавме само експлозија, сите што бевме на кеј се вознемиривме, знам дека јас се уплашив. Знам тргнавме со бившиов да си идеме ама јас бев само со една кондура на ногата, а на другата нога имав само чорап, мртва ладна си продолжив да си идам, а бившиов ми вика “Абе зашто ја остави кондурата? Ајде да се вратиме да ја облечеш.“ Знам се вративме и повеќе не се сеќавам, дали ја облеков кондурата или не.