Shur1keN
Hard Gamer
- Член од
- 27 март 2012
- Мислења
- 60
- Поени од реакции
- 12
Еве вака нов сум на форумов.
Пред 1 месец си купив тигрица Мики се вика, многу е интересно, па ако може да споделите некои мислења за тоа како и што треба да му се дава и како да се припитоми.
Општи информации
Тигрицата е мала колоритна птица која потекнува од Австралија. За неа се смета дека е еден под вид на папагал, и истата e меѓу најмалите видови на папагал во светот. Тигрицата е најпопуларната птица- милениче која се чува во надворешна волиера како и во кафез во домашни услови. Таа е многу друштвена птица. Овие птици препорачливо е да не се чуваат осамени, односно секогаш да бидат во друштво со друга тигрица. Тигрицата се храни со семе просо, овес, канаринско семе, светло семе. Покрај ова во исхраната е важно да се вметне овошје и зеленчук како на пример јаболко, морков и спанаќ. Полот кај тигриците може лесно да се препознае преку бојата на носот. Мажјакот тигрица има син нос, додека носот на женката е кафен. Должината на тигрицата достигнува и до 19цм.Просечниот век на живеење на една не припитомена тигрица изнесува околу 5 години , додека пак тигрицата чувана како домашно милениче може да живее помеѓу 8 до 10 години. Должината на животниот век на една ваква тигрица зависи пред сè од условите во кои таа се чува/одгледува како и нејзината исхраната. Женската тигрица, во просек снесува 5 до 6 јајца, на кои им се потребни 3 недели за да се изведат. Тигрицата преставува музикално животно чија песна е многу гласна, која воедно преставува и начин на комуникација со другите птици. Боите на пердувите на тигрицата може да бидат: црни,бели,сиви,зелени,сини, жолти па дури и виолетови. Кај домашните одгледувачи, може да се сретнат различни комбинации на бои кај тигрици, поради намерно вкрстување на различни бои со цел да се добијат нови и повпечатливи бои на нивните пердуви. Исто така може да се појават и т.н. албино/лутино тигрици, албино (генетска мутација) се целосно бели тигрици со црвено/розови очи, додека пак кај лутино тигриците се жолти со црвено/розови очи.
Начин на чување и одгледување во домашни услови
Доколку се одлучите тигрицата да биде Вашето домашно милениче потребно е да ги земете во предвид следните информации. Најдобро е да одберете тигрица која е млада и Вие ќе ја храните рачно или пак тигрица која е прехранувана на тој начин. Вака ранетите тигрици полесно се припитомуваат. Тигриците се активни птици, кои постојано се движат и си играат, поради тоа е потребно да се обрне внимание на големината на кафезот во кој се чуваат. Просторот во кафезот треба да е доволно голем со цел тигрицата да може слободно да се движи и да ги користи реквизитите кои ќе ги вметнете, а воедно во истиот потребно е да има доволно место за сместување на уште една тигрица, бидејќи оваа птица живее во пар. Растојанието помеѓу решетките треба да е мало. Реквизитите кои би ги вметнале во кафезот најдобро е да бидат од природен материјал, односно мали вистински гранчиња од дрво или пак реквизити направени од нетоксичен материјал и материјал кој не содржи пестициди односно е безбеден за околината.
Исхрана
Тигрицата има потреба од разновидна исхрана. Семето преставува важен дел од исхраната на една тигрица, најчесто се даваат т.н. мешавини од повеќе видови на семе: просо, канаринско семе,овес и сл. Но покрај семетo во исхраната се додава и зеленчук или овошје како и варено јајце. Листови од зелка потребно е да се избегнуваат во исхраната, поради тоа што тоа преставуваат храна која го оптеретува дигестивниот систем на тигриците и на сите птици воопшто. Исхраната на овие птици треба да се збогатена и со минерали и разни витамини. Потребно е да се избегне секаков вид на вештачка исхрана односно исхрана во која се вметнати вештачки ароми и бои. Во поилките кај кафезот, секогаш се става свежа природна вода, која треба да се менува на секои два до три дена, а потребно е и поилките да бидат чисти односно да не фаќаат бигор и зеленило. Во кафезот потребно е да има и сипина коска, која е добар извор на калциум, но со неа треба да се внимава односно истата да не се дава на птицата често.