Ме интересира зошто сметаш така?
Неопходна е државна регулација,,барем буџетот ќе има приходи,ќе се развие туризмот и мене ме загрижува синиот камен во травата-токму затоа сум за државна регулација и на крај краеви искуствата покажаа падна користењето на марихуана кога е легална.
А тоа дали некој е албанецили македонецми е сеедно-криминалот не позава националност-види ги само србите,хрватите и муслиманите во босна како се сакаат кога соработуваат со дрога.
Слично е и кај нас со Македонците и албанците.
Мене ова најискрено посебно ме тангира и да потенцирам дека не мислам кокретно на марихуаната напротив
За овие под 7-8 години затвор НИКАКО!!!
Само неоформени карактери ова го нудат за пари и вршат трговија со горенаведените наркотици,прекурсори,нагризнувачки и токсични супстанци-јас барем така мислам.
Е зошто да хејтам???
јас лично кај повеќе лица го забележав ова
Во основа умереноконзумирање марихуананее проблем,барем2-3 џоинта неделно не се проблем,ама оние болдираните користат минимум два до три.
Би напоменал за штетноста на цигарите,никотаминот,катраот,цијановодород-от,бензен,нитросамин и уште низа екстра токсичнии мутагенимсупстанци кои не да влијаат на спермата туку од Респраторен па кардиоваскуларен до нервен систем прават парче.
Тука е и алкохолот којодзема животи,уништува семејства,црни дробови....ова Марихуаната не го може и споредбата на марихуана со анаболични стероиди(и механизмот на дејствона стероидите е 100% поразличен,воглавно деривати натестостерон чиевлијание врз спермата е дури и квалитативно т.е се изобличуваат тестисите,а друг сајд-ефект е лачење млеко кај машките-затоа споредба на стероид со трава не е на место.
Новоглавно те цитирав околу констатацијата декалицата кои пушеле трава биле неоформени карактери,па ме интересира...од каде дојдедо таков заклучок???
Пријателе,не ја поистоветив јас марихуаната со стероидите,само сакав да направам паралела помеѓу злоупотреба и медицинска употреба.И стероидите се лекови кои во пропишано дози се користат за лекување,а ширум светот ги користат билдерите во огромни количини кои му штетат на човекот со последици како опаѓање коса,гинекомастија,импотенција и слично.Исто е со тревата,една работа е да се користи во медицински цели а сосема друго е да ја земаш за подобрување на расположение.И хероинот,амфетамините,ЛСД во минатото биле лекови и се користеле сходно на нивните својства.
2-3 џоинта не се умерено користење,туку прекумерно,тоа е факт.Сепак,вистина е дека кај секого различно делува,во зависност од карактерот и психичката преодреденост.
Во врска со твоето прашање,јас сакам само да напоменам дека најмалку имав намера да ги навредам корисниците на марихуаната и се извинувам ако во еден момент некој се почувствувал навреден.Сепак сметам дека зрел и оформен човек нема потреба од употреба на психотропни супстанции само заради подобрување на расположение и со ништо не би дозволил да користи нешто што негативно ќе се афектира врз неговото здравје.Животот е доволно ебан и тежок за да се соочиме успешно со него,а тоа нема да го постигнеме со употреба на дрога.Јас зборам од мој аспект,зашто сета моја енергија,способност,интелект и волја за било што ги немало кога сум ја користел тревата.Затоа уште еднаш ќе те замолам да не се најдеш навреден ти или било кој во мојот пост во врска со карактерните особини на конзументот.
Мене не ми е сеедно кога некој од Гази Баба се богати за сметка на нашата младина.Од тие пари се купуваше оружје во 2001 кое беше употребено против нас.Можеби на некој ќе му звучам смешно,но сепак тоа е вистината,за жал.Младите ни се дрогираат,ги заболе таквото за тоа што се случува во државата,наместо да спортуваат и да гледаат да направат нешто позитивно,самите тие да бидат промената што сакаат да ја видат.Ова не го пишувам во контекст на темата,бидејќи е далеку поширок проблем.
Цигарите се штетни,не велам не,но сепак тоа не го оправдува користењето на тревата.Ќе напоменам-безволност,мрзоволност,проблеми со ерекција,селекција на друштво исклучиво кое користи трева,невротично реагирање,напнатост,влошување на односи со многу драги и мили лица и празен паричник-тоа се проблемите со кои јас сум се соочил порано.Ете имав доблест да предочам и да бидам искрен,се надевам дека нема некој да го злоупотреби тоа.
За крај краева и покрај негативниот став што го имам,сметам дека е подобро да се легализира тревата,но како-зошто,тоа во друга тема.
И за крај би те прашал,да ти напоменам дека имам високо мислење за тебе и те сметам за интелегентна и начитана особа(од постови што ги поставуваш) а тоа многу го ценам кај секој,дали би ти било мило твоето дете да пуши трева и да западне во тој круг,кој сакал нејќел колку-толку ги зголемува шансите за употреба и на друг вид на дрога,запаѓање во криминални активности(не алудирам на ништо,доволно е да го фатат Алфи и да одлежи 1 вечер во станица)?
--- надополнето: 20 мај 2012 во 03:06 ---
Марихуаната не е порок
Според будизмот е.