Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Имам куче пекинезер и веќе 1 недела е вознемирено,се чеша и се гризе на едно место на грбот.Постојано рва и не дозволува да го допрам на тоа место. На тоа место има кафеави флеки загрижена сум што може да биде и како да му помогнам. Дали можеби е во прашање краста или нешто друго? :place:
Сигурно станува збор за некаква габична инфекција, но најдобро е да биде прегледано на вет и испитано за да можеш да дадеш соодветна терапија. Или ако Легиа може да ти помогне по гледање од слика....
 
Пробав да го сликам но неможе ништо да се види така... дури и во живо едвај се гледа дамката... како што ми рекоа така и го потшишав и купив 2 инекции за шуга и требало на 1 недела да се примат (овде од каде што сум ветеринари какви има што да ви кажувам.. експерти ипол :cautious: ). Но од кога е со нова фризура многу е подобар веќе и не се нервира така :) Но за да не биде ништо зедовме инекциите... и плус 2 дена го мачкав со скабигал и хидроген... Исто ми рекоа дека шугата ја пренесувале мачките а не кучињата o_O на место каде што се допреле тие па кучето да поминало на истото место или да го гребнале... како и да е коментаров ми фати реферати ама се надевам дека се ќе биде добро :)
и НАЈВАЖНОТО : ВИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ ЗА ОДГОВОРИТЕ прекрасни сте :) :love:
 
Таман си е терапијата за шуга е таа а не помогнавме воопшто но доколку имаш некое прашање повели и друг пат.Многу поздрав и ви посакувам успешно заздравување.:)
 
Јас сум прилично сигурен дека не е шуга,шугата има бели флеки,ова е габична инфекција,99% сигурност :)
 
Ми помогнавте. Фала ви уште еднаш и поздрав :)

Јас сум прилично сигурен дека не е шуга,шугата има бели флеки,ова е габична инфекција,99% сигурност :)
А ако ги прими инекциите за шуга може нешто беља да се направи плус :eek: ? Ако не е шуга ?
 
Фала ти многу, знам дека станав досадна ама загрижена... за кучето мое се работи или за кого :) поздрав.
 
Гледам мачоров како да ми се дави, како да има нешто лапнато па да сака да го поврати...многу кашла и кива, и малце потешко дише. Ми е страв да не е отруено, или па има нешто голтнато па му смета. Незнам како да му помогнам за да го исплука тоа, или да го исповраќа. Некој предлог, помош? Некое слично искуство или совет за брза постапка ?
 
Пред 1ипол саат кученцето ми седело под столчето, не го видов и опашката му ја потфатив малце, му течеше малце крв, квичеше едвај го смирив. Дали може да му биде нешто, утре ќе го носам на ветеринар...
 
Ќе му донесеш трева да јаде. Овој период се митарат премногу, и со тоа што се лижат, желудникот им е преполн со влакна. Ако нема трева да јаде, нема да може да ги изфрли влакната од желудник. Има специјална трева за тоа, посети вет. Цело кило семе е 150 денари. Нормално е овој период да се гуши, од премногу влакна, но мораш да земеш трева иначе... не знам како ќе ги исфрли влакната од стомак.
--- надополнето: 17 мај 2012 во 14:55 ---
Пред 1ипол саат кученцето ми седело под столчето, не го видов и опашката му ја потфатив малце, му течеше малце крв, квичеше едвај го смирив. Дали може да му биде нешто, утре ќе го носам на ветеринар...
Па може да му биде, нормално. Може да си му ја скршил, но може и само мал дел да си му поткачил па од таму крварењето. Иди нека му ја снимат за секој случај. Како расне може да дојде до искривување.
 
Луѓе ми треба помош .. само што се вратив од Ск дома и го гледам едното храче ( мажјакот ) е со подбелнати краеви на увцата и почнале да му се сушат и има како корупчина на носето и ножината и рачината му се лупат .... да не има шуга или нешто сл и што да му правам .. ?
 
Гледам мачоров како да ми се дави, како да има нешто лапнато па да сака да го поврати...многу кашла и кива, и малце потешко дише. Ми е страв да не е отруено, или па има нешто голтнато па му смета. Незнам како да му помогнам за да го исплука тоа, или да го исповраќа. Некој предлог, помош? Некое слично искуство или совет за брза постапка ?
Целосно се согласувам со советот на Ivana Roth и јас би те советувала истото,само не би било лошо да му дадеш најпрво малку вода и да го посматраш како ја пие и како голта.Ако ја одбива водата или ако подолг период не сака да пие ниту пројавува желба за храна значи дека има проблем во грлото или пак ждрелото и затоа одбива бидејќи чувстува болка при рефлексот на голтање.Исто можеш со раката да го погалиш по вратот и ако почувстуваш благо задебелување повторно значи има нешто заглавено во грлото а не е исклучена и опцијата да е клопче со влакна.Ако стомакот му е благо потечен можно е да има изедено нешто и добро е да му дадеш трева доколку се е во ред со џвакањето и голтањето а ако забележиш дека изметот му е пролив и поврати повеќе пати значи е отруено и веднаш носи го на ветеринар.

Пред 1ипол саат кученцето ми седело под столчето, не го видов и опашката му ја потфатив малце, му течеше малце крв, квичеше едвај го смирив. Дали може да му биде нешто, утре ќе го носам на ветеринар...
Зависи каде си му ја потфатил и на кој опашен пршлен на опашката.Ако му е млитава,се двои на два дела и тоа квичи цело време без прекин е депресивно и лежи значи е скршен некој пршлен.
 
Бев на ветринар сега и ми рекоа дека кучето е болно од штенчак, и ми рекоа дека таа болест е неизлечлива и дека ќе умре... сакам да ве прашам сега дали некој од вас се соочил веќе со истата ситуација и како поминало??
 
Жалосно...
јас мислам дека од штенчак заболуваат кучињата кои сеуште не примиле прва вакцина...требало да побрзаш малце! Али ајде за друг пат ќе си знаеш!
 
Бев на ветринар сега и ми рекоа дека кучето е болно од штенчак, и ми рекоа дека таа болест е неизлечлива и дека ќе умре... сакам да ве прашам сега дали некој од вас се соочил веќе со истата ситуација и како поминало??
Мене ми се случи да ми умре скитник, од прилике стар 3-4 години, али умре после вакцинација. Не можеше организмот да се бори со вирусот.
Колку е старо кутрето?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom