Како и во некои други поврзани теми така и во оваа отварам расправа за еден многу интересен период од историјата на Балканот како и во годините односно вековите кои следувале.
Во другите теми на овој форум се споменува падот на Византија како еден од најголемите виновници за продирањето на османлиите на Балканот.Сепак треба да се напоменат и други факти и личности кои исто така влијаеле на случувањата во тој значаен период.
Според нашата како и современата историја се знае дека во битката учествувале Браќата Волкашин и Углеша наспроти турците османлии.
Сепак за компарација е следново-
Битката на Марица или местото Черномен(кое според некоја етимологија влече корени од татарско-бугарски корени) се одиграла во 1371 година.
За периодот во кој делувале и живееле Македонските браќа и владетели се пишувало доста опширно.
Сепак според некои загоравачи кои ке напоменам се Македонци кои од некои неоправдани причини како што имам прочитано на форумов и воопшто на интернет е дека тие потекнувале од српско-босанска лоза која како кнезови им била доделена територија за владеење на Балканот поточно во Македонија.
Сепак од пишаните извори се споменува дека Волкашин бил еден од најугледните Македонски благородници и имал доста големо влијание како и многу голема мрежа на врски (роднински -по пат на бракови и воени).Исто така тој имал големо влијание како и доверба кај тогашната Голема мајка -поточно царицата Елена која била мајка на тогашниот српски крал Урош 2.
Волкашин по пат на добро отсмислена стратегија се подготвувал и ја здобивал довербата кај големата мајка како и кај самиот крал.Откако патот му бил отворен тој успеал да се наметне на царскиот двор и воедно да биде најмоќниот благородник во тогашното кралство.
Волкашин успеал да стане ко-владетел со кралот Урош и да стане наследник на престолот,на што дошло на големо негодување кај остатокот од благородништвото во чистите српски земји.Како што се зголемувала неговата моќ тој успеал да ги истера сите српски благородници од Македонија а со некои и склучил договор.
Неговата територија се простирала на денешна Вардарска Македонија како и градовите Призрен и Приштина.Централен град најпрво бил Прилеп за потоа да стане Скопје.
Откако Волкашин станал крал,во тоа време неговиот брат Углеша се здобил со титулата деспот и владеел со градот Сер и неговата околина.
Откако ја увиделе моќта на Волкашин српските благородници го убедиле кралот Урош да тргнат во поход против Волкашин.
Се поставува клучното прашање - Зошто дошло до ваков судир доколку сите биле срби ?
Или српските благородници уплашени од силата на Волкашин кој во свои раце ја имал Македонија како нејзин владетел и претендирал да биде и крал на Србија.
Во некои списи и јасно напоменато дека на Волкашин се гледало како натрапник и кој сакал да ја земе кралската моќ за себе и да го растури српското кралство.
Во клучната битка кај Косово поле Волкашин успеал да ги победи српските благородници како и кралот Урош.
По таа битка Волкашин убеден да истера до крај,потпомогнат од Дубравчаните тргнал во поход.
Сепак неговиот поход бил прекинат откако добил повик за помош од неговиот брат Углеша.
Углеша бил под постојани напади од турците османлии кој вршеле грабежи и зазеле добар дел од едринскиот регион.
Откако ја увиделе опасноста која претстои Волкашин го откажал походот без размислување и тргнал на помош кон неговиот брат.
Според старите извори се вели дека во битката учествувале само браќата Волкашин и Углеша,додека ветената помош од некои благородници не ја добиле.Сепак тие имале војска од 20 000 војници кои биле во тоа време најголемата воена сила на Балканот.
Од друга страна Српските благородници уплашени стоеле на страна,и сепак повторно се поставува прашањето=Доколку сите биле заедно во едно кралство зошто не помогнале ?
Македонците биле оставени сами на себе,сепак одлучно отишле во борба.
Според некои извори се вели дека вечерта војската славела за големата победа од косово поле,па поради тоа не биле во добра состојба да се борат,
Според други извори се вели дека турците иако со помалубројна војска од околу 14-15 000 воини во брз налет доцна во ноќта ги нападнале браќата кои изненадени се бореле до крај заедно со поголемиот дел од војската.Некои побегнале,некои биле заробени додека поголем дел биле убиени заедно со Браќата Волкашин и Углеша.
Исходот од оваа битка според мене е позначаен од падот на Константинопол,бидејќи вратите на Балканот биле отворени за турците и нивните понатамошни освојувања бидејќи не постоела поголема воена сила способна да им се спротистави.
Со падот на Македонија завршил еден средновековен период на владеење на способни благородници кои се стремеле за просперитет и развој на општеството.
Позицијата на Византија во овој период до падот на Константинопол била незначајна бидејќи држела мала територија под своја контрола.
Затоа сметам дека битката на реката Марица е клучниот фактор за промените и случувањата во 14 век па години и векови се до почетокот на првата светска војна(Се однесува за Балканот).
Сите поопширни мислења и информации се добредојдени за темава.