- Член од
- 18 мај 2012
- Мислења
- 8
- Поени од реакции
- 0
Ми треба искрен и издржан совет. Што мислите за возилото Шевролет Спарк. Мислам на ново возило, од салон, а не на некоја постара верзија што може да се купи на старо. Не сум љубител на брзо возење, туку на безбедно возење и сум возач-почетник. Од една страна, во салонот ми кажаа пофални зборови околу неговата опременост и потрошувачката, а од друга, на интернет http://www.koli.com.mk/kratok_opis.aspx?id=1282 пишува нешто спротивно на тоа. Ми треба искрено мислење, затоа што сакам да купам возило кое е вистински избор. Важен момент ми е економичноста на возилото, но и севкупната исплатливост. Немам намера да го продавам во брзо време, бидејќи би го купувал на кредит, на 7 години. Ве замолувам за совет.