Види јас не вика дека треба да се бориш со егото ниту пак вика дека треба да го контролираш, тоа само по себе не постои, тоа е производ на општеството, производ на околината околу тебе која непосредно и посредно, намерно или ненамерно влијаела за неговото создавање, што е егото? - тоа е многукратна комбинација на надворешни импресии за и против тебе, како другите те гледаат, и врз основа на тие импресии се создава егото кое и само по себе и не е его туку е ега, значи имаме повеќе од едно его во нас, нашиот ум е разделен на мнгоубројни парчиња, во една ситуација едно его доминира, во друга друго, ова може секој да го набљудува во своите постапки и понашања во текот на денот, како во дадена ситуација твоето его завзема една форма и доколку се смени ситуацијата се менува и егото, настапува друга маска и така маска за маска се губиш себеси и тешко ти е да се собереш и да направиш една слика за себе иако можда мислиш дека си ти тој и тој ти уствари не си, затоа е битна свеста, таа е лекот за оваа состојба бидејки те прави едно интегрирано свесно битие, и како стануваш се посвесен така сите тие маски самите од себе паѓаат во калта бидејки не им одаваш внимание, а тие од тоа и се хранат од тоа и постојат од твоето внимание, а кога ке паднат сите маски на егото ќе постанеш сам, празен во сегашниот момент, и тогаш ке ја спознаеш својата реалност, која не е поделена како егото, туку е една целина....
А за натпреваров да можеш да победиш и без его, т.е. само без его можеш вистински да победиш бидејки тогаш си на тој натпревар целостно посветен не со некоја цел да бидеш прв туку со љубов кон тоа што го правиш тотално се истураш себеси во тоа и дури и да не победиш со медали и такви ствари ти веќе си победил во својата изведба, а тоа што нема квалитетни судии да ја препознаат таа изведба тоа е друг муабет.
И уште нешто за егово/ва не е потребно да се прави ескапизам од ништо туку да се користи интелигентно тоа его(ум кој доколки си станал барем малку свесен ке стане поискристализиран, нема да се менува толку многу и ке се интегрираат тие ега во едно со што ке се користи многу поефикасно и многу поздраво) ти не си егото така да не е никаков проблем, можеш да го користиш како што го користиш компјутеров за да пишуваш овде е сеа што пишуваш од тебе зависи( или од егото доколку те нема тебе)