Што мислите за прашањата од типот: “Зошто немаш дечко/девојка?“

Немам девојка затоа што е во мене проблемот.Си мислам секоја девојка те гледа од корист.
Секоја 3та девојка во просек ми се бендисува, девојките што не можам да ги добијам на почеток ептен посакувам,кога веќе сум имал шанса да ја имам пополека ги одбегнувам....
Јбг изгледа уште не сум дораснат во мозокот...
 
Да сибеш векот, исти сме !
И јас сакам ама истовремено и несакам да имам/фатам девојка ?! бидејќи денеска повеќето девојки се користољубиви, барем таков впечаток имам, ќе ти бараат милион разно-разни услуги, а за возврат ќе добиеш максимум едно гушкање, држење за раче, бакнеж и муабет секако ЈБГ за овие ствари не сакам да правам никакви услуги .......... а и некако не е во ред да иде некоја со мене само од интерес и ќар, возење, частење, смештај... некако не ми се допаѓа таа работа и ми изгледа на права глума, а како човек многу мразам преправање и глумење ...... но такво е времето денеска !
Инаку имало и случаи кога некоја девојка многу ми се допаѓала на прво видување, но ми била тотално недостижна во тој момент, но после одреден период некако сум се зближил со таа девојка(пријателски), но потоа некако сум ја гледал само како другарка и многу не сум и обрнувал внимание, штознам изгледа минало времето на допаѓање ............. инаку воопшто не сум пребирлив, да речеме дека од 3-4 девојки во просек, една ќе ми се допадне сигурно(не секоја секако), значи не сум многу пребирлив, има и далеку попребирливи од мене.
 
Ај сега пред да ви ги избришам мислењата, прочитајте го првиот пост од темава.
 
Затоа што сум грда и здодевна :facepalm:
Абе зашто бегате од темата. Не е темата зашто немате девојка/дечко,туку дали ве нервира кога некој ке ве праша зашто немате дечко/девокла.
 
Абе така им велам кога ме прашуваат зошто немам д или д, разбираш? За да не ме гњават повеќе. Прибидејќи :P не сум (баш толку) грда и здодевна, повеќето читаат помеѓу редови дека не треба да ги интересира :)
 
Прочитав една статија, и комплетно се согласувам со неа. Мислам реално што е со прашањево? Мене искрено многу ме иритира и до ден денес никако да сфатам што е поентата на истото. Што треба да се одговори: Не сакам, што ќе ми, не се замарам и сл.? Крај краева причините за тоа се посебни кај секој и според мене е приватно прашање.

Убаво рекоа во статијата: Зарем луѓето што се сами прашуваат а зошто ти имаш дечко/девојка?

Вие каков став имате?
Ве иритира ли прашањево или не?
Мене лично ми е непријатно, не знам што да одговорам никогаш.
И ме интересира која е причината за прашањево... да се најде човек во муабет или?

Баш така. Нема друга тема на разгвор со тебе и почнува: -„Многу топло деновиве, рекоа ќе врне у петок, уште немаш дечко?“.
По некое време ти си у врска те сретнува истата личност и почнува: -„Многу топло деновиве, рекоа ќе врне у петок, свадба кога?“.
Одкога ќе направиш свадба следува: -„Многу топло деновиве, рекоа ќе врне у петок, принова, дете кога?
Ќе се роди и дете па имаш: -„Многу топло деновиве, рекоа ќе врне у петок, ајде сега братче, сестриче“.

Вакви банални и иритирачки прашања ќе те пратат секогаш.
Таквите прашања се толку интимни колку што и луѓето очекуваат дека треба да ги поделиш со нив. Јас обично ги избегавам таквите луѓе или им одговарам со иронија, па они мене ме избегаваат зашто сум кретен.

офтопик како што викате, дали повеќе би сакале кога ќе се видиш со пријател/роднина/познаник/било кој и почнува: -„Многу топло деновиве, рекоа ќе врне у петок, чув немаш дечко, денес има многу кретени, внимавај, бирај, да е некој со кој ќе се чувствуваш комотно, пријатно, сигурно, а не да заглавиш со некој што нема да сакаш да го видиш.“, или и тоа го гледаш како мешање во интимни работи?
 
Страшно ме иритира тоа кога ке ме прашаат. Зашто немаш дечко, кога...и слично.
Зашто го прашуваат тоа? хммм мислам дека до некаде се мислат тие истите дека многу постигнале во животот ако фатиле дечко или се омажиле/ожениле...хаха (а потсвесно самите ми се бар 20% љубоморни на мојот начин на живот)
А најтрагично е што интензивно почнаа да ми наогаат они самите "дечковци". Си седам така и ги гледам...па ми дое една мисла "до толку им изгледам неспособна да си фатам дечко"...и сватив дека тоа го прават зашо не знаат што ми се дешава у приватноста моја и само моја...(од мене нема ни да дознаат), па каоо тргнуваат од нивната претпоставка и викаат греотка е ццц дај да и најдеме некој да не остане сама...неомажена. ухххх колку се напорни со тоа.
И да...не е до генерациите...као демек постарите порано напињаа со вакви муабети, сега почна и младинава (пишав погоре зашто - мое мислење).
 
Тие што велат дека не сакаат се лажат себеси.Јас во моментов не барам девојка за сериозно.Да бидеме реални една врска е инвестиција на сопственото време,пари,енергија,задоволување на своите потреби,комуникација со личноста што ти се свиѓа.За да ми биде девојка некоја физички мора да ме привлекува,особено да има убаво лице и да е негувана.Не сакам да пуши цигари,зашто за мене тоа е лоша навика,преферирам здрав начин на живот.Карактерно мора да е искрена,атрактивна,позитивна,а тоа што нема да трпам од неа е драма,кучкетост,млитавост,закаснување.Сеуште не сум ја нашол таа,така да се надеваме ќе најдеме нешто некаде :)
moram da priznaam deka imash visoki kriteriumi vo pogled na devojkite.. se nadevam deka isto tolku i davash za vozvrat.. :))
 
Ова прашање ми беше непријатно да го одговорам кога бев помал... А сега искрено не ме ни прашуваат џД
 
moram da priznaam deka imash visoki kriteriumi vo pogled na devojkite.. se nadevam deka isto tolku i davash za vozvrat.. :))
Па вчера една другарка сите ја меркаат мене ич не ми е привлечна.Особено што е лигла со тоа гласот,а јас мразам лигуши и драматични девојки.Многу згодна девојка али нема нешто карактерно да ме привлече.
 
Страшно ме иритира тоа кога ке ме прашаат. Зашто немаш дечко, кога...и слично.
Зашто го прашуваат тоа? хммм мислам дека до некаде се мислат тие истите дека многу постигнале во животот ако фатиле дечко или се омажиле/ожениле...хаха (а потсвесно самите ми се бар 20% љубоморни на мојот начин на живот)
А најтрагично е што интензивно почнаа да ми наогаат они самите "дечковци". Си седам така и ги гледам...па ми дое една мисла "до толку им изгледам неспособна да си фатам дечко"...и сватив дека тоа го прават зашо не знаат што ми се дешава у приватноста моја и само моја...(од мене нема ни да дознаат), па каоо тргнуваат од нивната претпоставка и викаат греотка е ццц дај да и најдеме некој да не остане сама...неомажена. ухххх колку се напорни со тоа.
И да...не е до генерациите...као демек постарите порано напињаа со вакви муабети, сега почна и младинава (пишав погоре зашто - мое мислење).

барав соодветен одговор на кој ке му дадев поддршка....го најду....еве го погоре
 
Зашто неможам да напраам еден ебан глуп муабет, зашто се срамам:mad:
а ми се имаат пуштано многу женски што сум мислел дека се недостижни за мене, сеа има една што мислам дека иам шанси ама јебига ми се укочува мозокот муабет незнам да свртам
 
Зашто неможам да напраам еден ебан глуп муабет, зашто се срамам:mad:
а ми се имаат пуштано многу женски што сум мислел дека се недостижни за мене, сеа имам што мислам дека иам шанси ама јебига ми се укочува мозокот

Не е тоа прашањето, прочитај го воведниот пост :)
Патем убаво што раскажа за тебе, во иднина не се срами и ќе си фатиш девојче.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom