Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Кромберг и Шуберт до крај на годината ќe почне со производство во Битола

Германската компанија Кромберг и Шуберт која гради фабрика во битолската индустриска зона Жабени и чија инвестициска вредност се проценува на околу 20 милиони евра, наскоро ќе почне да ги реализира првите вработувања, менаџери за индустриски инжинеринг и менаџер за квалитет.

“Тоа што го зацртавме како цел се реализира, очекуваме до крајот на ноември фабриката да биде изградена а тоа значи почеток со нововработени лица. Изведувачите имаат сериозен пристап во овој проект и објект, поставена е подземната инфраструктура, вградени се 58 специјални носачи и арматура за големата хала каде ќе се произведуваат делови за автомобилската индустрија“, вели градоначалникот на Битола Владимир Талески.
Кромберг и Шуберт во Битола планира да вработи до 2.500 работници, посочи градоначалникот Талески.
Германската компанија ја сочинуваат четири деловни единици, кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили „БМВ“, „Мерцедес“, „Ауди“ и други и вработува преку 23.000 луѓе ширум светот.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83726/kromberg_i_shubert_do_kraj_na_godinata_kje_pochne_so__proizvodstvo_vo_bitola.aspx
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во Хелсинки се сретна со потпретседателот на Нокиа, Ерки Ормала на кого му ги претстави можностите што им ги нуди Република Македонија на странските инвеститори.

На средбата со претставниците на Нокиа официјално беше договорено отворањето на регионалниот центар за развој на мобилни апликации во Република Македонија, кој ќе биде единствен од овој тип во поширокиот регион и ќе има директна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ. Отворањето е предвидено за почетокот на јуни 2012 година“, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Иницијативата за отворање ваков развоен центар беше потегната неодамна од Министерството за информатичко општество и администрација и локалната канцеларија на Микрософт во Македонија.

Соработката на Нокиа со ФИНКИ ќе се овозможи изготвување на модерни апликации за граѓаните на Република Македонија и пошироко во регионот и е од големо значење за домашната ИТ индустрија за поблиска соработка со еден од најпознатите светски производители на мобилни телефони, посочуваат од Министерството за информатичко општество и администрација.

За време на денешната посета на Финска, министерот Ивановски оствари средба и со финскиот министер за јавна администрација, Хена Вирканен.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija...azvoj_na_mobilni_aplikacii_vo_makedonija.aspx
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.425

Абе на министеров за информатичко општество ќе му биде попаметно да стори СЕ што треба да го денеси PAYPAL во Македонија, отколку ова.
 
М

Мартин`

Гостин
Нова фабрика на „Џонсон Мети“ во Бунарџик

Компанијата „Џонсон Мети“ денес на локацијата на својата фабрика за катализатори во слободната економска зона Бунарџик ќе постави камен-темелник на новите производствени погони.

Оваа фабрика е новата инвестиција во износ од 10 милиони евра која пред една недела ја најави претседателот на Владата Никола Груевски.
Камен-темелникот на фабриката која ќе се гради ќе го постават премиерот Груевски и извршниот директор на одделот за еколошки технологии на Џонсон Мети, Лари Пенц.
Меѓу бројните гости ќе бидат и амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Кристофер Ивон и амбасадорот на САД, Пол Волерс.
Прeмиерот минатата недела информираше дека покрај новата значајна инвестиција за Македонија, кон крајот на мај или почетокот на јуни почнуваат со работа „Кенет електроник“, која веќе почнала да ангажира вработени и да го опремува капацитетот со машини, како и швајцарската фабрика за производство на ветерници.
Џонсон Мети се занимава со производство на автомобилски делови.
Во тек се подготовки и за старт на фабриката на „Технокозе“ од Италија, која ќе произведува различни видови пумпи.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Се гради нов станбено деловен комплекс во срцето на Аеродром.

Инвестицијата од 35 милиони евра е домашна и ќе биде готова до крајот на следната година. Иако денеска стартуваше со градба, за поголемиот дел од просторот за издавање веќе резервиран за најпознатите светски брендови.
Инвестицијата е вредна 35 милиони евра, а објектот е со вкупна површина од 35 илјади квадратни метри. Од таа површина, 12 илјади зафаќа трговскиот центар, 8 илјади се апартманско сместување, а првпат во Аеродром се гради подземна гаража на три нивоа со вкупна површина од 15 илјада квадратни метри вели инвестирот Ајдован Адемоски.
Во близина на сити мол енд резиден Адемоски ќе се гради и нов модерен хотел. Вкупно со двете инвестиции ќе се отворат работни места за над 500 лица.
Проектот е стар неколку години и го чекаше вистинскиот инвеститор. Новиот објект наспроти постоечкиот трговски центар Бисер драстично ќе го разубави делот а ќе се простира на 35 илјади метри квадратни.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/investicija-vredna-35-milioni-evra-vo-aerodrom
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
36,5 милиони евра странски инвестиции во Р.М. во февруари

Во февруари во Македонија влегле 36,5 милиони евра странски инвестиции. Според податоците на Народната банка во истиот месец минатата година во земјава влегле близу 25 милиони евра повеќе од годинава.​
Вкупно за првите два месеци од годинава во Македонија се инвестирани 71,7 милиони евра од кои повеќе од половина се акционерски капитал и реинвестирана добивка.

Оваа година според ребалансот на буџетот се очекуваат до 500 милиони евра странски инвестиции. Последната ја најави Џонсон Мети - 60 милиони евра за нови производствени погони во Бунарџик. Во оваа индустриската зона при крај е изградбата на фабриката на Кемет Електроникс, започната е изградбата на погоните на индиски Матерсон груп, руската фармацевтска фабрика Протек. Италијански Текнохозе се очекува да почне со производство идниот месец. Џонсон Контролс гради втора фабрика во Штип, а германската Кронберг и Шуберт инвестираа во Жабени, Битола.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=91328
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Ќе се гради соларна електрана во Битола

Бугарската компанија Соларпро Холдинг потпиша договор за изградба на фотоволтаичен парк во Македонија, објави компанијата.

Соларниот парк со моќност од 1 мегават ќе се гради во близина на Битола, а бугарската компанија, согласно договорот, ќе биде одговорна за целосната реализација на проектот.
Соларпро Холдинг досега во Бугарија има изградено 32 соларни електрани со вкупен капацитет од речиси 100 мегавати, а соларниот парк во Битола ќе биде првиот што компанијата го гради во странство.

Извор:Kurir
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
не ја разбирам оваа тема? треба да не' куражи? да ни биде топло околу срцето, што ли? изговор....?
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
не ја разбирам оваа тема? треба да не' куражи? да ни биде топло околу срцето, што ли? изговор....?
Оваа тема не информира за инвестициите во нашата држава
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
оваа тема е провидна пропаганда....
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Од утре "dm“ официјално отворен за македонските купувачи

Европскиот ланец на дрогерии „dm“ влезе на македонскиот пазар. Од утре почнуваат со работа првите две дрогерии во Скопје, а до крајот на годината е планирано отворање на уште една. Инвестицијата за оваа година е еден милион евра, а почетните вработувања се 15.

- Веруваме во македонскиот пазар и планираме да ја прошириме нашата продажна мрежа и во другите поголеми градови во земјава, рече денеска на прес-конференција менаџер за Македонија Марија Милошеска.

На купувачите на македонскиот пазар, како што додаде, ќе им понудат широк асортиман од над 10.000 производи, меѓу кои и актуелни дрогериски производи од областа на убавината и здравјето, негата на бебиња и деца, одржување на домаќинството, како и дополнителен асортиман како сезонски производи, храна за домашни миленици и фото програма.

Разновидниот асортиман на индустриски производи на најпознатите локални и светски брендови е дополнет и со приватната марка „dm“ чија лепеза содржи повеќе од 2.500 производи, а кои се од конкурентните производи со пониски цени за 40 проценти.

Милошеска истакна дека покрај најдобриот сооднос на цена и квалитет на производите на пазарот, "dm“ во Македонија ќе овозможи и висок квалитет на услуги. Во тоа спаѓа и гаранцијата на враќање, односно можноста за замена или враќање на парите за сета стока купена во маркетите, бесплатно пакување на подароци, како и можност за безготовинско плаќање.

По повод отворањето на првите маркети утре во „dm“ ќе им овозможи на потрошувачите 50 проценти попуст на избрани производи од асортиманот, додека во првите четири дена, односно до 20 мај ќе обезбеди попуст од 15 проценти на целокупниот асортиман. На отворањето зад касите ќе седат ракометарот Наумче Мојсоски и водителката Лила Филиповска. целокупниот приход од нивната продажба ќе биде дониран на Неонатолошкиот оддел на Клиниката за детски болести за набавка на респираторни апарати.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/49531/od_utre_'dm“_oficijalno_otvoren_za_makedonskite_kupuvachi.aspx
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
не ја разбирам оваа тема? треба да не' куражи? да ни биде топло околу срцето, што ли? изговор....?
И ја не ги разбирам темите каде се пишува за економски колапс и наводните милијарди долгови.. а ти е за што се да не дотепаат морално? изговор..?
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
И ја не ги разбирам темите каде се пишува за економски колапс и наводните милијарди долгови.. а ти е за што се да не дотепаат морално? изговор..?
само што сега не збориме за тие теми... или мораш за да не ти стават минус?
видиш, јас како неопределен можам слободно да зборувам...
не е дел од темата ама сите с(т)е исти. лице и опачина на истата стара пара. мурто и курто. аман више!
тоа „на другите“ се вика FUD. еве да можеш да се покажеш...:D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
само што сега не збориме за тие теми... или мораш за да не ти стават минус?
видиш, јас како неопределен можам слободно да зборувам...
не е дел од темата ама сите с(т)е исти. лице и опачина на истата стара пара. мурто и курто. аман више!
тоа „на другите“ се вика FUD. еве да можеш да се покажеш...:D
Треба да збориме и на тие теми и за лошото и за доброто во економијата..а не само од едната страна..само од црната,цел живот само за црни прогнози слушам,мене ми е доста ми треба оптимизам , макар и лажен..
Еве пример,како да не се спомне Џонсон Мети кој сега отвара втора фабрика во Бунарџик? Ланската година само таа фабрика остварила извоз од 600 милиони евра..тоа е над 10 и јаче посто од БДП на Македонија..и вреди да се спомне,или не ?
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Треба да збориме и на тие теми и за лошото и за доброто во економијата..а не само од едната страна..само од црната,цел живот само за црни прогнози слушам,мене ми е доста ми треба оптимизам , макар и лажен..
Еве пример,како да не се спомне Џонсон Мети кој сега отвара втора фабрика во Бунарџик? Ланската година само таа фабрика остварила извоз од 600 милиони евра..тоа е над 10 и јаче посто од БДП на Македонија..и вреди да се спомне,или не ?
џонсон мети или џонсон контрол (исти К) се најобични експлоататори! и тоа субвенционирани од владата. таму луѓе со факултет работат во смени за бедни пари.
не ме вовлекувај во расправии, не вреди...
НЕ ПОСТОИ полоша работа од лажен ентузијазам. ова е втората (и главна) причина поради која ќе го прекинам ова бесполезно полемизирање.
јас се извинувам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom