Норвешка ја укина државната религија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Сите партии во норвешкиот парламент ќе гласаат за уставниот амандман за да ја одвојат црквата од државата, пишува хрватски Дневник, повикувајќи се на телевизијата ТВ2.

Портпаролот на норвешката Црква, Свен Хардберг чиј предлог е измената на амандманот, изјави дека ова е историска одлука со која државата се секуларизира.

Откога ќе се изгласа одлуката со која се согласија сите пратеници, ќе биде укинато Министерството за црква и државата повеќе нема да избира поглавари, како до сега.

Норвешката црква, наречена Лутеранска државна црква, е основана по лутеранската реформа во 1536 година. Оттогаш, традиционално, секој Норвежанин станува член на црквата со крштевање, а во моментот 79 отсто од населението членува во неа.

4C3A878624F04C41AF2C89E2D62C9F12.jpg
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=B9E7F8931CD90048A4E0F86274EF40E1
 
Имале министерство за Црква... Како тоа на нaшиве до сега не им текнaло да отворат и кај нас вакво министерство :)
Ќути да не прочитаат :P
 
Кај нас црквата и државата се раздвоени .. не само кај нас и кај Америте е така и сегде мислам по Европа, само кај муслиманите мислам дека џамиите ,религијата има поврзаност и со државата.
 
Ова е права секуларност, кај нас иако пишува дека државата е одвоена од црквата тоа е само на хартија. Браво за Норвешка.
 
Убаво,сега уште да ги снема религииве, најубаво, само проблеми му прават на човештвото, барем по таа основа нема да се делиме.
 
Не ме е*и уште не се секуларни ? АХХАХАХА
 
И така пропадна блек металот.
 
За мене поред текстот поќе ми личи на тоа дека на Лутеранската црква ќе и се даде повеќе независност да носи свој одлуки. Не значи 100% секуларна држава. Ете Германија на пример нема државна Религија или пак такво министерство но сепак од платата зема процент за црквата, ако припаѓате на една од ними (Католичка, Протестантска). Турција која ја сметаме за секуларна, а не е, има Министерство за Религија или нешто слично.
Да не се лажеме, Протестантисмот има длабоки корени во Скандинавските земји.
 
Па секако дека ќе укинат државна религија, исламот не трпи протежирана конкуренција.
 
Убаво,сега уште да ги снема религииве, најубаво, само проблеми му прават на човештвото, барем по таа основа нема да се делиме.
Не се секирај, уште неколку генерации и од религиите нема ни Р да остане. За жал, перењето мозок напредува како и човештвото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom