Купувам статив

  • Креатор на темата Креатор на темата Zu-I
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 април 2011
Мислења
9
Поени од реакции
3
Купувам статив, по можност од реномиран производител. максимум до 6 000 денари во зависност од квалитетот.

Фала
 
Ае обично статив се купува еднаш и трае и трае и трае.... тешко се наоѓа на старо. Енивејз, ако сте при можност одвојте 6-10 илјадарки за Манфрото, нема да зажалите. Мој топол совет, потопол здравје ;)
 
Јас како нуб да прашам: Што е разликата помеѓу тој од 10.000 и некој од 1.200 (на пример), освен во цената?
Мислам, и на двата се штрафи апаратот, и на двата се движи исто, исти димензии имаат... За почетници навидум ништо посебно. Иста работа бркаат, За професионалци претпоставувам дека играат улога само тежината, начинот на расклопување и уште некои ситници. Кои се тие? :)
 
:vozbud: еве пример ако купиш некој евтин,лесен и нестабилен статив може лесно да ти падне апаратот со се него
 
:vozbud: еве пример ако купиш некој евтин,лесен и нестабилен статив може лесно да ти падне апаратот со се него
Да, да, ако имаш мерак да фотографираш торнадо... :pos:
 
Леле коа ја видов темава се згазив од смеење,пошо незнам како сфатив дека бараш да купиш статива,ама збориш у стил на оној коментаторон “Статив,гољем дефанзив....“
 
Основно нешто при што треба да пазиш кога купуваш статив е тоа каков апарат и колку додатна опрема на апаратот планираш да намонтираш. Статив од 1500 денари е за point-n-shot апаратчиња. На претходното раб место имав статив од 4000 денари, ама после месец дена почна да тилта и после го користевме само со Canon 450. Манфрото од 6000+ денари е статив кој може да издржи троа потешка опрема (70-200 објектив на пример тежи 1,5 кила, не можеш да гоставиш на лесно стативче). И како што кажав, статив се купува еднаш и трае и трае и трае...... Не е тело па да го испукаш, или објектив па да му праиш купи-продај...
 
Јас како нуб да прашам: Што е разликата помеѓу тој од 10.000 и некој од 1.200 (на пример), освен во цената?
Мислам, и на двата се штрафи апаратот, и на двата се движи исто, исти димензии имаат... За почетници навидум ништо посебно. Иста работа бркаат, За професионалци претпоставувам дека играат улога само тежината, начинот на расклопување и уште некои ситници. Кои се тие? :)

Пробај со статив од 1500 прецизно да наместиш и фокусираш некоја точка. Не можеш прецизно и фино да подесиш ни горе долу ни лево десно ни агол. Мислиш дека си намерил, затегаш рачката ко ќе видиш после - избегал и 20 сантими. Стави објектив од килограм напред, на апарато блиц, наведни го апарато надолу да сликаш нешо, сврти се да земеш од торбицата нешто и веројатно ко ќе се опулиш пак - апарато со се статив ќе биди на земја, сликај со објектив без стабилизација и подолга експозиција и сликата че биди замачкана пошто цел статив ќе се затресе кога огледалото ќе штракне во апаратот.... Јас си арчам Silk pro 330dx
68373637_1-Tripode-Profesional-Slik-Pro-330-Dx-Bolso-60-Lukas-nunoa.jpg

(а имам и една алуминиумска фекалија од статив кој го даваа гратис со апарат) и на тој алуминиумскиот само по некогаш ставам блиц ако ми треба инаку не го бива за озбилно сликање. Имаш стативи со кои чуда можеш да правиш со поставување на апарат во сите можни и неможни позиции

2477606150_9cc43e8865.jpg


d09d01669388.jpg


4564812821_6be30c26c3_o.jpg


2489275102_c6bda4ee83_o.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom