jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.419
Дали Али се уплаши за столицата, што е работата незнам, но сепак попуштија пред притисоците и масовните протести. Покажаа слабост и докажаа дека не можат да ја контролират толпата која им излезе надвор од контрола. Дали тоа заврши митот за секомќниот Али. Најинтересно од све, што нивна замена нема да биде ДПА, пошто не верувам дека ДПА има нешто со овој протест, туку ова се структури од надвор.
Еве ја целата приказна.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=10ABD5B01CBD844D9B4791ADA0B5F1CB
Според мене, грешката што ја направиле егзекуторите била, што планот не бил да убијат деца, туку униформирани лица, кон што води и изјавата на обвинетиот во суд. Но јунаците (за едно 10 години), немале гз така, па го направиле јуначкото дело.
А во меѓувреме, како потврда:
Еве ја целата приказна.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=10ABD5B01CBD844D9B4791ADA0B5F1CB
Цела оваа заврзлама, ни ја прави ситуацијата се почиста. Според сите случувања, излегува на површина дека позадината на егзекуцијата на Смиљковското езеро е сепак со етничка, иако можеби се користени исламистички структури. Впрочем ова не е првпат да се користат вакви структури за Албанската национална кауза. Албанската Пролет е на повидок. Сепак сликите и униформите од УЧК-ите не биле само декор. Протестите не биле спонтани, туку очекувани и организирани.ПРОТЕСТИТЕ ЈА ПРОТРЕСОА ДУИ
Али Ахмети кокетира со демонстрантите
Интегративците негираат дека се повеле од барањата на демонстрантите, но сепак, потврдуваат дека доколку е потребно, во интерес на државаата е да се формира независна комисија од странски експерти
Kокетира ли владејачката ДУИ со демонстрантите поради популизам, исплашена од жестокоста на нападите врз партиските челници и со тоа им дава ли легитимитет на барем засега неидентификуваните организатори на протестите против акцијата „Монструм“? Ова е дилемата која се наметнува по заседанието на највисокиот партиски орган на интегративците - Централниот совет и заклучоците кои произлегоа од таму, а кои во некои делови се совпаѓаат со барањата на демонстрантите, кои во петокот беа испорачани преку писмо што им го поделија на новинарите што ги следеа протестите.
Интегративците негираат дека се повеле од барањата на демонстрантите и оти со тоа даваат легитимитет на организаторите кои се непознати за јавноста. Сепак, ДУИ потврдува дека, доколку е потребно, во интерес на државата е да се формира независна комисија од странски експерти за да нема ни трошка сомневање во судскиот процес против осомничените за петкратното убиство кај Железарското Езеро. Ова како клучно барање го истакнаа демонстрантите. Тие бараат ОБСЕ, САД, ЕУ, Турција, Албанија и Kосово да се заложат да се формира независна истражна комисија од меѓународни експерти за да се расветли судбината на уапсените во акцијата „Монструм“.
- Ако е потребно, ќе бараме не едно, туку две или три мислења од независни експерти за да нема ни малку сомневање кај граѓаните дека судскиот процес е монтиран. Доколку е потребно и доколку се јави сомневање за кредибилитетот на судската одлука, за државата е подобро да ангажираат и странски експерти - вели партискиот портпарол Бујар Османи и додава дека на Централниот совет не се расправало за барањата на демонстрантите.
Во ДУИ не сакаат да коментираат какви било партиски оцени за обвинувањата на демонстрантите упатени на нивна адреса. Османи пред состанокот изјави дека граѓаните имаат право да ги кажат своите забелешки кон ДУИ како владејачка партија и додаде дека се спремни за разговор со граѓаните. Но и за ова вчера Османи немаше прецизен одговор со кого ќе разговараат ако се знае дека организаторот е непознат за јавноста.
Во заклучоците на Централниот совет се вели дека ДУИ се дистанцира и го осудува грозниот чин на петкратното убиство истакнувајќи дека е од посебна важност да се почитуваат правото и невиноста с` додека органите на правдата не го кажат последниот збор, бара сторителите на кривичното дело да ја добијат заслужената казна врз основа на докази и убедливи аргументи за судскиот процес, како и да се извести јавноста за мотивите на чинот.
Според мене, грешката што ја направиле егзекуторите била, што планот не бил да убијат деца, туку униформирани лица, кон што води и изјавата на обвинетиот во суд. Но јунаците (за едно 10 години), немале гз така, па го направиле јуначкото дело.
А во меѓувреме, како потврда:
Албанска пролет во Македонија?!
Следниот месец во Македонија се очекува почнување на ткн Албанска пролет, по иницијатива на челникот на албанско-американското лоби, поранешниот конгремсен Џо Диогарди, пренесува новинската агенција ИНА
Иницијативата Албанска пролет е контра-одговор на пласираните тези за Арапска пролет и контра-одговор за истакнувањето на верските знамиња на минатонеделните протести во Македонија, се наведува натаму во информацијата .
Диогарди во изјавата за ИНА побара од албанските политички парти да се обединат зад идејата за новото движење за албанските права. Тој побара обединување, особено на албанската опозицијата.
Како што јавува агенција, НДП, Нова Демократија, ДУА на Бардил Махмути и НДУ на Хисни Шаќири засега ја прифатиле идејата на Диогарди и се очекуваат конкретни движења во текот на следните седмици.
Минатиот понеделник лидерот на Албанско-Американската граѓанска лига Диогарди обвини дека последните апсења на Албанци во Македонија и во Србија, бил координиран анти-албански заговор./крај/ина/мф