Протести во Скопје - Идентификувани 12 радикали од петочните протести

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Moon Child

Гостин
Некој има поима до каде се во потрагата по оние што избегаа во Косово?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И мене ми е од МВР да не останат само на кривични пријави, како шо кажа мјонир да не е ова само за пред тв, после да им ги скинат.
 
Член од
6 мај 2012
Мислења
116
Поени од реакции
62
A dali ke ima povtorno protesti po povod segasnive privedeni demonstranti ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
A dali ke ima povtorno protesti po povod segasnive privedeni demonstranti ?
Протести се најавени дека ќе има секој петок. А ќе видиме каков ќе биде интензитетот, дали ќе се намалува или ќе расте. Со оглед на тоа дека е можно да има уапсени вандали од протестите, можам да претпоставам дека само ќе добиваат на интензитет. Се со цел да има притисок да не се апсат вандалите.

Тоа ти е проверено сценарио.
 
Член од
6 мај 2012
Мислења
116
Поени од реакции
62
Протести се најавени дека ќе има секој петок. А ќе видиме каков ќе биде интензитетот, дали ќе се намалува или ќе расте. Со оглед на тоа дека е можно да има уапсени вандали од протестите, можам да претпоставам дека само ќе добиваат на интензитет. Се со цел да има притисок да не се апсат вандалите.

Тоа ти е проверено сценарио.
Potpolno se soglasuvam, ali mene me zagrizuva faktot sto se poveke se zborruva za protestite i i uapsenite dosega a vprocem nikoj ne govori za toa do kade e istragata, imaat li soznanija kade se ovie dvajca begalci po koi se traga.Da ne zaboravime deka oni licno pukale vo zrtvite.:mad:
 
S

Shaman

Гостин
Некој има поима до каде се во потрагата по оние што избегаа во Косово?
Косово ти е Везилке црна рупетина на Балканот и на Европа.
Преска читам дека некој близко од Претседателот на Косово бил замешан во трговијата со органи. И од нив ли да бараме да ни апсат криминалци?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
A dali ke ima povtorno protesti po povod segasnive privedeni demonstranti ?
Никој не е приведен, само се идентификувани и наводно ќе има кривични пријави во што јас се сомневам. За некој од овие подлуѓе да биде осуден или било како казнет треба истиот да биде снимен со 3 камери а снимката да пројде на неколку национални телевизии. Иначе за тепање,навредување Македонци по темни улички, фрлање камења,демолирање, мочање по нашето знаме по мое мислење никој не одговара.
***
Еве за што МВР ќе поднесе кривична пријава против 14 лица
Учество во толпа што ќе изврши кривично дело

Член 385

(1) Тој што ќе учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилства спрема луѓе или ќе оштети или ќе уништи имот од поголема вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

***
Пријавата е на место јас се сомневам во завршницата на процесот...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=70072

Муџахединот Бушатлиќ во Кондово повикува на напади врз немуслиманите
Бушатлиќ честопати престојувал во Кондово, селото каде што се наоѓа центарот за обука. Во ова село, тврди Глас Српске, претстојуваат голем број поранешни припадници на единицата Ел муџахедин и членови на Активната исламска младина, организација која американскиот стејдепартмен ја оцени како терористичка.
Поранешен припадник на единицата Ел муџахедин и основач на Активната исламска младина (АИО) на БиХ, Абдусамед Бушатлиќ, на предавањата што ги држи во Македонија повикува на напади врз немуслиманите, објави Глас Српске.
Медиумот од соседна Србија тврди дека ова се информации од извори од македонските безбедносни служби. Според нивните информации Бушатлиќ честопати престојувал во Кондово, селото каде што се наоѓа центарот за обука. Во ова село, тврди Глас Српске, претстојуваатголем број поранешни припадници на единицата Ел муџахедин и членови на Активната исламска младина, организација која американскиот стејдепартмен ја оцени како терористичка.
Понатаму се наведува дека Кондово е држава во држава, место каде власта нема никаква контрола, а полицијата ретко влегува. Припадниците на безбедносните сили се таму само кога има рации. Во Кондово, тврди Глас Српске, се наоѓаат и припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово, кои заедно со муџахедините и со членови на АИО обучуваат радикални исламисти за борба и за напади.
Абдусамед Бушатлиќ е роден во 1965 година кај Горни Вакуф. На почетокот на војната се приклучил во редовите на Армијата на БиХ и во единицата Ел муџахедин го дочекал крајот на војната. Неговите предавања на цедиња ги дистрибуира издавачката куќа Себил од Зеница
Има некој чуено за нешто вакво?
Има некој некакви информации или уште еден обид за сензационализам?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Исто таква беше и мојата реакција...:confused:
Во ред е тоа, ама кога јас реагирам така, а знаеш од каде сум, тогаш знаеш дека целата приказна е bullshit. :confused:

Edit:
Т.е.... којзнае. Се надевам дека се работи за измислена приказна од страна на српските медиуми.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во ред тоа, ама кога јас реагирам така, а знаеш од каде сум, тогаш знаеш дека целата приказна е bullshit. :confused:

Edit:
Т.е.... којзнае. Се надевам дека се работи за измислена приказна од страна на српските медиуми.
Мене не ми личи на измислена приказна, нешто смрди во државава, тоа сите заедно го чувствуваме. Затоа треба и заедно да се бориме додека е време, оти потоа ќе биде касно.
--- надополнето: 14 мај 2012 во 15:08 ---
Албанска пролет во Македонија?!


Следниот месец во Македонија се очекува почнување на ткн Албанска пролет, по иницијатива на челникот на албанско-американското лоби, поранешниот конгремсен Џо Диогарди, пренесува новинската агенција ИНА


Иницијативата Албанска пролет е контра-одговор на пласираните тези за Арапска пролет и контра-одговор за истакнувањето на верските знамиња на минатонеделните протести во Македонија, се наведува натаму во информацијата .

Диогарди во изјавата за ИНА побара од албанските политички парти да се обединат зад идејата за новото движење за албанските права. Тој побара обединување, особено на албанската опозицијата.

Како што јавува агенција, НДП, Нова Демократија, ДУА на Бардил Махмути и НДУ на Хисни Шаќири засега ја прифатиле идејата на Диогарди и се очекуваат конкретни движења во текот на следните седмици.

Минатиот понеделник лидерот на Албанско-Американската граѓанска лига Диогарди обвини дека последните апсења на Албанци во Македонија и во Србија, бил координиран анти-албански заговор./крај/ина/мф
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Дали Али се уплаши за столицата, што е работата незнам, но сепак попуштија пред притисоците и масовните протести. Покажаа слабост и докажаа дека не можат да ја контролират толпата која им излезе надвор од контрола. Дали тоа заврши митот за секомќниот Али. Најинтересно од све, што нивна замена нема да биде ДПА, пошто не верувам дека ДПА има нешто со овој протест, туку ова се структури од надвор.

Цела оваа заврзлама, ни ја прави ситуацијата се почиста. Според сите случувања, излегува на површина дека позадината на егзекуцијата на Смиљковското езеро е сепак со етничка, иако можеби се користени исламистички структури. Впрочем ова не е првпат да се користат вакви структури за Албанската национална кауза.

Еве ја целата приказна.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=10ABD5B01CBD844D9B4791ADA0B5F1CB
ПРОТЕСТИТЕ ЈА ПРОТРЕСОА ДУИ
Али Ахмети кокетира со демонстрантите

Интегративците негираат дека се повеле од барањата на демонстрантите, но сепак, потврдуваат дека доколку е потребно, во интерес на државаата е да се формира независна комисија од странски експерти
Kокетира ли владејачката ДУИ со демонстрантите поради популизам, исплашена од жестокоста на нападите врз партиските челници и со тоа им дава ли легитимитет на барем засега неидентификуваните организатори на протестите против акцијата „Монструм“? Ова е дилемата која се наметнува по заседанието на највисокиот партиски орган на интегративците - Централниот совет и заклучоците кои произлегоа од таму, а кои во некои делови се совпаѓаат со барањата на демонстрантите, кои во петокот беа испорачани преку писмо што им го поделија на новинарите што ги следеа протестите.
Интегративците негираат дека се повеле од барањата на демонстрантите и оти со тоа даваат легитимитет на организаторите кои се непознати за јавноста. Сепак, ДУИ потврдува дека, доколку е потребно, во интерес на државата е да се формира независна комисија од странски експерти за да нема ни трошка сомневање во судскиот процес против осомничените за петкратното убиство кај Железарското Езеро. Ова како клучно барање го истакнаа демонстрантите. Тие бараат ОБСЕ, САД, ЕУ, Турција, Албанија и Kосово да се заложат да се формира независна истражна комисија од меѓународни експерти за да се расветли судбината на уапсените во акцијата „Монструм“.

- Ако е потребно, ќе бараме не едно, туку две или три мислења од независни експерти за да нема ни малку сомневање кај граѓаните дека судскиот процес е монтиран. Доколку е потребно и доколку се јави сомневање за кредибилитетот на судската одлука, за државата е подобро да ангажираат и странски експерти - вели партискиот портпарол Бујар Османи и додава дека на Централниот совет не се расправало за барањата на демонстрантите.

Во ДУИ не сакаат да коментираат какви било партиски оцени за обвинувањата на демонстрантите упатени на нивна адреса. Османи пред состанокот изјави дека граѓаните имаат право да ги кажат своите забелешки кон ДУИ како владејачка партија и додаде дека се спремни за разговор со граѓаните. Но и за ова вчера Османи немаше прецизен одговор со кого ќе разговараат ако се знае дека организаторот е непознат за јавноста.

Во заклучоците на Централниот совет се вели дека ДУИ се дистанцира и го осудува грозниот чин на петкратното убиство истакнувајќи дека е од посебна важност да се почитуваат правото и невиноста с` додека органите на правдата не го кажат последниот збор, бара сторителите на кривичното дело да ја добијат заслужената казна врз основа на докази и убедливи аргументи за судскиот процес, како и да се извести јавноста за мотивите на чинот.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Во ред е тоа, ама кога јас реагирам така, а знаеш од каде сум, тогаш знаеш дека целата приказна е bullshit. :confused:

Edit:
Т.е.... којзнае. Се надевам дека се работи за измислена приказна од страна на српските медиуми.
Како тргнале работите нема да ме изненади ако во Кондово има муџи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom